Моќни експлозии одекнаа во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети - Канал 5

Моќни експлозии одекнаа во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

Моќни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети кон Израел, пренесуваат медиумите.

Моќни експлозии одекнаа во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

Претходно, сирени за воздушен напад се огласија во неколку израелски области.

Израелската армија објави дека е во тек операција за пресретнување на ракетите. Подоцна соопшти дека заканата поминала и дека луѓето можеле да ги напуштат засолништата.

Порано утрово, израелската армија објави дека извршила неколку големи напади преку ноќ врз воената инфраструктура во западен Иран.

Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица.

Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Кај дел од откупувачите се констатирани одредени неправилности за кои се превземени мерки.

Според кажувањата на земјоделците и откупувачите, оваа година квалитетот на пченицата е значително добар, што претставува позитивен сигнал за земјоделскиот сектор. Поради тоа министерот Трипуновски апелира да се почитуваат договорените одредби, секоја злоупотреба ќе биде санкционирана од Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерот истакна дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се присутни на терен со цел да се спречат евентуални злоупотреби и да се обезбеди транспарентност во процесот на откуп.

„Целта на Министерството е да се вреднува трудот на земјоделците”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека министерството продолжува со активното следење на состојбата и преземање на сите потребни мерки за заштита на интересите на земјоделците.

Се одбележа еден век од осветувањето на тетовската соборна црква „Свети Кирил и Методиј“

 Во тетовската соборна црква „Свети Кирил и Методиј“ се одбележа 100-годишнината од осветувањето кое било извршено на истиот овој ден, празникот Петровден во 1925 година.

Се одбележа еден век од осветувањето на тетовската соборна црква „Свети Кирил и Методиј“

Беше отслужена света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископот Стобиски г. Јаков, архимандритот Георгиј-новоизбран митрополит Дебарско-кичевски, архимандритот Агатон, како и повеќе свештеници од тетовската и други епархии.

По литургијата во пригодниот говор пред верниците поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан посочи дека тетовци на почетокот на минатиот век биле апостоли на оваа Црква, кога го изградиле овој велелепен храм.

-Иницијатор за градбата бил прота Михаил Мартиновски, угледен тогашен свештенослужител, кој како архиерејски намесник успеал во 1902 година да добие одобрение за градба од султанот. Храмот се градел долго и бил завршен во 1918 година, а бил осветен пред 100 години во 1925 година од тогашниот скопски митрополит Варнава, истакна архиепископот.

Низ годините по осветувањето, љубовта на тетовци кон храмот била покажувана многукратно, посочи г.г Стефан.

-Така во 30-тите години е украсуван дворот на храмот. Во 60-70 години се вршеле бројни санации, а во 1991 е извршена изградбата на камбанаријата. Во наши дни под водство на неговото високопреосвештентсво митрополит Јосиф храмот беше украсен и со овие нови убави фрески. Сите тие генерации на добротворци на овој храм се сведоци дека во нашиот народ живее рамноапостолскиот дух, односно дека Апостол треба да биде секој од нас, затоа што сите сме повикани да учествуваме во спасоносното дело на црквата Христова, истакна поглаварот.

Во обраќањето архиепископот се осврна и на значењето на денешниот датум - 12 јули, кога Црквата го прославува празникот Собор на светите славни и сефални 12 апостоли - Петровден. На литургијата верниот народ се причести со светите тајни.

притисни ентер