Моќна банка ја тужи Тесла поради твит на Маск од пред три години - Канал 5

Моќна банка ја тужи Тесла поради твит на Маск од пред три години

JPMorgan Chase ја тужи Тесла и бара 162 милиони долари поради твитот објавен од Илон Маск пред три години.

Моќна банка ја тужи Тесла поради твит на Маск од пред три години

Моќната банка во понеделникот поднела тужба до федералниот суд на Менхетен, каде што тврди дека Маск и должи милионска сума според договорот за акции потпишан во 2014 година. Во срцето на спорот е одредбата во договорот што му дозволува на JPMorgan да ги промени деталите од договорот во случај на итност.

JPMorgan тврди дека твитот објавен од Маск на 7 август 2018 година, во кој вели дека обезбедил финансирање за преземање на Tesla во приватна сопственост по цена од 420 долари, дозволува промена на договорот бидејќи значително го намалил уделот на Tesla.

Тесла не се согласува со тоа.

Во тужбата на JPMorgan се наведува дека Tesla продал гаранции за акциите во 2014 година „како дел од поголема трансакција на пазарот на капитал“.

Според договорот, доколку акцијата на Тесла била по одредена цена или над неа на денот кога таа опција истекувала седум години подоцна, Тесла би морал да и плати на JPMorgan одредена сума пари - разликата помеѓу вистинската цена на акцијата на тој датум и т.н. - извршна цена утврдена од двете страни.

Цената првично била поставена на повеќе од 560 долари по акција. Маск потоа твитнал за купување на Tesla за 420 долари, што била значителна заштеда во споредба со цената на акциите на компанијата во тоа време.

Твитот првично довел до скок на цените на акциите на Tesla кои што набрзо потонаа кога стана јасно дека таков договор не е постигнат.

Тесла се обидела да им го објасни твитот на акционерите и регулаторите велејќи дека подоцна платиле по 20 милиони долари за да го решат случајот пред Комисијата за хартии од вредност, и се согласиле Маск да се повлече од функцијата шеф на компанијата на три години.

JPMorgan сака да ја врати извршната цена во договорот. Десет дена по контроверзниот твит на Маск, банката им соопштила на Тесла дека ја вратила цената на 424 долари по акција. Една недела подоцна, банката малку ја подигнала таа цена на 484,35 по акција.

Тесла не реагирала на промените сè до почетокот на 2019 година, кога неговите адвокати напишале писмо до JPMorgan тврдејќи дека приспособувањето на извршната цена на банката било „неразумно брзо и претставувало опортунистички обид да се искористи промената на нестабилноста на акциите на Тесла“.

Двете страни не се согласиле ниту во 2020 година. Потоа JPMorgan ја намалил извршната цена на 96,87 долари по акција.

Од Тесла никогаш не прифатиле ниту една од овие промени. Почнувајќи од јуни оваа година, Tesla му го исплатиле на JPMorgan само „неспорниот“ дел од договорот меѓу двете страни.

„Им дадовме повеќе можности на Tesla да ги исполнат своите договорни обврски, па жално е што тие го покренаа ова прашање во судски спор“, рече портпаролката на банката Таша Пелио како одговор на барањето на Њујорк Тајмс.

Маск и Рајан Мекарти, адвокатот на Тесла, не одговориле на прашањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?

Ќе успеат ли Синдикатот во културата и Министерството за култура да постигнат согласност за нов колективен договор, откако Уставниот суд во петокот одлучи да го укине сегашниот? 

Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?

Ниту ќе работиме без права од први април, ниту ќе дозволиме да се намалат веќе стекнатите права – порачаа од синдикатот на културата на Македонија, кои одлуката на Уставниот суд да го укине колективниот договор ја нарекоа исфорсиран и изнуден процес без преседан. Според нив, ваквата постапка претставува тежок удар врз вработените во културата, а Македонија велат, испраќа порака дека е рушител на работничките и синдикалните права во државата. Протестите, најавуваат ќе продолжат, а не го исклучуваат ниту штрајкот како опција.

„Ние како синдикат си остануваме доследни на нашите права што ги имаме стекнато и ќе си ги браниме нашите права. Дали тоа ќе биде преку социјален дијалог, кој што нели ќе се одвива во овој нареден период, или преку форма на синдикално делување, протести, а можни се најави и за штрајк во културата. Ние продолжуваме со протестите, следната недела ќе биде соопштен денот кога ќе одржиме протест пред министерството за култура, и натаму ќе продолжат протестите, бидејќи правата на вработените не можат да бидат избришани со една одлука на Уставниот суд.“

Одлуката на Уставен суд, кој колективниот договор го преиспитува од април е очекувана, вели за Канал 5 националниот координатор за култура – Зоран Љутков. Според него, вината што состојбите се во слепа улица е кај СКРМ, бидејќи, вели не покажале капацитет за преговарање. Љутков тврди, им биле понудени бројни решенија, но без никаква реакција од другата страна.

„Очигледно дека ова раководство на СКРМ нема никаков капацитет за преговарање, а тоа се гледа од состаноците кои што се направени и неколкуте работни групи. Ние како министерство и како тим досега имаме дадено неколку предлози како може да се надмине проблемот, а од другата страна, од страната на СКРМ досега немаме добиено ниту еден конкретен предлог, и од тие причини целата вина ја префрлам јас таму во неможноста за преговарање од страна на ова раководство на СКРМ, мислам дека ова раководство дека нема никаков капацитет.“

Колективниот договор, кој беше укинат од Уставниот суд важи до први април 2027 година, вакуум простор во кој двете страни треба да најдат заеднички јазик и да ги уредат правата на вработените во културата, оти во спротивно, по престанувањето на важењето на договорот, ќе нема начин за ислата на плати.

Според Уставниот суд, спорното во колективниот договор е тоа што не постои законска методологија за пресметување на платите, можноста за нееднаквост меѓу вработените, како и уредување на прашања надвор од законските рамки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер