СветМоќен украински генерал: Немојте да мислите дека Русија ја изгуби војната„Немојте да мислите дека Русија ја изгуби војната“, предупреди Валери Залужни, украински амбасадор во Обединетото Кралство и поранешен врховен командант на украинските вооружени сили, во колумна објавена во британскиот Телеграф.Залужни предупреди на зголемениот број проценки на западните аналитичари дека „Русија ефикасно ја изгуби војната“. Аналитичарите ги наведуваат сè поуспешните украински напади длабоко на руска територија, особено врз нафтената индустрија, како и операциите со среден дострел насочени кон руската логистика како причини за ваквите проценки. „Ова е опасно погрешно толкување на војната“, рече Залужни. Тој верува дека аналитичарите кои се фокусираат на индивидуалните тактички и оперативни успеси на Украина, како што се освојување позиции или напади во Русија, и ја игнорираат пошироката стратешка слика, извлекуваат премногу оптимистички заклучоци за текот на конфликтот. „Секоја тактичка добивка денес доаѓа по исклучително висока цена“ Поранешниот врховен командант го повтори ставот што го застапува од 2023 година, опишувајќи го сегашниот конфликт како позициска војна на исцрпување, обележана со масовна употреба на беспилотни летала, системи за надзор и прецизно оружје. „Ова повеќе не е војна на брзи маневри. Ова е војна на исцрпување. Секоја тактичка добивка денес доаѓа по исклучително висока цена. Позициите можат да се освојат, но е сè потешко да се задржат, да се зајакнат и да се евакуираат ранетите поради постојаниот надзор од беспилотни летала. Успехот на бојното поле денес се мери во метри, а не во километри, и често по цена што речиси и да нема никаква врска со неговата стратешка вредност“, тврдеше тој. Многумина ќе ги протолкуваат неговите зборови како индиректна критика на сегашниот врховен командант, Александар Сирски, пишува Киев Индепендент. Сирски во последните месеци често е критикуван за она што неговите противници го тврдат како лошо испланирани офанзивни операции, главно спроведени од страна на Нападните сили, гранката на украинската војска што директно го командува и која стекна репутација дека е единица со големи жртви. „Русија сè уште има способност да одговори со еднаква или поголема сила“ Залужни верува дека логиката на војна на исцрпување не се однесува само на поединечни битки или операции и дека ниту украинските ниту руските напади длабоко во задниот дел не можат да донесат одлучувачка победа. „Сè поефикасните украински напади врз руската логистика и клучната инфраструктура ѝ нанесоа вистински загуби на Москва. Сепак, ваквите напади се скапи, технолошки захтевни и на крајот реципрочни. Русија сè уште има способност да одговори со еднаква или поголема сила. Ниту една страна не може да се потпре на овој начин на војување за да постигне одлучувачки стратешки исход“, напиша тој. Сепак, тој призна дека украинските операции со длабок и среден дострел би можеле да ја зајакнат преговарачката позиција на Киев во какви било идни мировни преговори. „Војните на исцрпување не создаваат јасни победници во класична смисла“ Според неговата проценка, ниту една страна во моментов не е способна да постигне целосна победа. Русија не успеа да ги постигне своите првични воени цели, но сè уште може да води долготрајна војна на исцрпување. Украина, од друга страна, успеа да ја зачува својата независност, но нема способност воено да ги потисне руските сили од својата територија. „Војните на исцрпување не создаваат јасни победници во класична смисла. Тие се одредени од издржливоста“, напиша Залужни. Конечно, тој предупреди дека издржливоста на Украина во голема мера зависи од континуираната поддршка на нејзините сојузници, за кои верува дека покажуваат знаци на слабеење. „Политичките промени во Вашингтон и постојаните поделби во Европа го поставуваат легитимното прашање дали сегашното ниво на поддршка може да се одржува на неодредено време“, заклучи тој. Извор: Индекс.хрТагови: Генерал русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20