Моќен еликсир кој ги чисти цревата и го регулира варењето додека трепнеш - Канал 5

Моќен еликсир кој ги чисти цревата и го регулира варењето додека трепнеш

Но едно правило мора строго да се почитува

Моќен еликсир кој ги чисти цревата и го регулира варењето додека трепнеш

По 40 дена, овој вреден препарат е спремен за употреба.

Наједноставните природни лекови обично се најефикасни. Еден од најстарите рецепти кој се користи за зајакнување на имунитетот, а истовремено е одличен и за темелно чистење на организмот, се базира на комбинацијата од суви смокви и маслиново масло. Важно е да се следи упатството за негово консумирање за да се добие максимален ефект.

Состојки:

15 суви смокви

250 мл екстра девствено маслиново масло

Подготовка:

Сувите смокви измијте ги под млаз ладна вода и оставете ги да се исушат. Смоквите ставете ги во стаклен сад/тегла со капак.

Потоа прелијте ги со маслиново масло така што д бидат целосно покриени. Затворете го садот и оставете го на темно и суво место. Идеално би било еликсирот да отстои најмалку 40 дена.

Употреба:

По 40 дена, еликсирот е подготвен за употреба. Земајте по една смоква дневно и пијте малку маслиново масло од истиот сад.

Здравствени придобивки

Зајакнување на имунитетот: Смоквите се богати со витамин Ц и антиоксиданси, кои играат клучна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем и заштитата на организмот од инфекции и болести.

Детоксикација на телото: Маслиновото масло е познато по своите детоксикациски својства. Тоа помага да се елиминираат токсините од телото и ја поддржува работата на црниот дроб, клучниот орган за детоксикација.

Подобрување на варењето: Смоквите се одличен извор на влакна, кои помагаат во регулирање на варењето на храната и спречувањето запек.

Енергија и виталност: Комбинацијата од смокви и маслиново масло обезбедува долготрајна енергија и ја подобрува општата состојба на организмот.

Антивоспалителни својства: Маслиновото масло содржи олеокантал, природно соединение кое има антиинфламаторни својства кое помага во намалувањето на воспалителните процеси во телото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

По повод 11 Октомври - Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба чии идеали обезбедија денес да живееме во слободна, модерна и демократска држава.

СДСМ како наследник на државотворните политики на нашите предци, партизаните, и на вредносните политики на антифашистичката борба, ја продолжува борбата за слобода, правда и достоинствен живот на сите граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

 Полската полиција добила информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Кошнјак-Камиш, соопшти  портпаролката на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Полската полиција доби дојава за можен обид за атентат врз премиерот Туск

Оваа информација е објавена откако полските власти го подигнаа нивото на тревога поради бранот на насилство во училиштата, кој заврши во четвртокот со смртта на еден училиштен домар.

„Откако полската полиција доби информации за можен напад врз премиерот Доналд Туск, како и врз вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, министерот за внатрешни работи Марчин Кервињски и министерот-координатор за специјални служби Томаш Семоњак наложија преземање соодветни мерки во овој случај“, напиша портпаролката Каролина Галецка.

Како што таа најави, во недела во 11 часот ќе се одржи состанок на претставници на Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), како и на службите што работат во рамките на Министерството за внатрешни работи и администрација – полицијата и Службата за државна заштита (SOP).

Јацек Добжињски, портпарол на министерот и координатор на специјалните служби, исто така извести за заканите на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер