Мока е првиот Опел што ќе ја носи новата „молња“

Симболот молња во круг, кој ги краси сите модели на Опел од 1963 година, доживеа нова рестилизација.

Германскиот произведувач кон крајот на јуни ја претстави втората генерација од кросоверот Мока.

Освен новиот дизајн на предната маска, Мока со себе носи и рестилизиран амблем на молњата на Опел.

Новото лого на легендарната германска марка во иднина ќе ги краси сите модели од овој произведувач.

„Прстенот е сега потенок, поелегантен, попрецизен и покарактеристичен, што уште повеќе ја нагласува самата молња“, вели Марк Адам потпретседател на одделот за дизајн на Опел.

Новата молња е истакната на предната маска од возилото, како и на централниот дел од вратата на багажникот.

Молњата во круг ги краси сите модели на Опел уште од 1963 година. Во зависност од моделот и годината на производство, амблемите по малку се разликуваат.

Уапесени се соработниците на Навални, утре најавуваат големи протести

Руските власти уапсија блиски соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен на аеродромот во Москва во неделата, откако се вратил од Германија каде се лекувал по обидот за труење.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш беше приведена преку ноќ откако повикала на протести, објави на Твитер, додавајќи дека ќе остане во притвор девет дена. Приведени се и координаторите на приврзаниците на Навални во Владивосток, Краснодар и Калининград.

Утре треба да се одржат протести против притворањето на Навални и државната репресија во околу 70 руски градови. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги предупреди граѓаните да не учествуваат во овие незаконски протести.

Навални мора да остане во притвор 30 дена. Руското правосудство го товари за кршење на условната слобода со одење во Германија на лекување.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денес го повика рускиот претседател Владимир Путин да го ослободи Навални и да спроведе транспарентна истрага за неговиот обид за атентат.

Шербеџија: Мира Фурлан боледуваше неизлечиво и долго, беше во кома

Актерот и режисер Раде Шербеџија се огласи по повод смртта на легендарната Мира Фурлан и откри дека актерката била долго болна и во кома.

„Бев во контакт со Мира Фурлан често. Кога се вратив од Америка назад, тогаш тоа беше поретко, но додека живеевме во истиот град, Лос Анџелес, често се гледавме и дружев,е. Што да кажам. Долго не сум ја видел. Долго боледуваше неизлечиво и тешко. Беше во кома. Тогаш беше прекината било каква врска со нејзе. Но на сите ни остана во срцето, затоа што Мира Фурлан, сигурен сум, беше една од најпрекрасните актерки на подрачјето на поранешна Југославија“, рекол Шербеџија.

Тутунарите интензивно ги пријавуваат вишоците, се бара откуп и во сабота

Во прилепско-пелагонискиот регион за пет дена се пријавени околу 2 200 тони вишок тутун што треба дополнително да се преземе од договорените количини, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп.

Интересот е голем и се очекуваат до крајниот рок, 5 февруари, да се пријават уште околу 1000 тони вишок.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, пријавувањето мора перманентно да се спроведува со одлуката да се работи во саботите за родот да се откупи до крајниот рок, 28 февруари.

– Има голем интерес на тутунарите да го пријават вишокот, недоговорен тутун за откуп. Пријавувањето е до 5 февруари, зашто процедурата бара барем 10-и9на дена да се спроведе и за тите тутунари да остварат субвенции. По состанокот во министерството за земјоделство, договорено е најголемите откупувачи, „Сокотаб" од Битола и „Алијанса" од кавадарци да презематпо околу 1000 тони тутун вишок, а другите откупувачи останатото. Тутунарите може да пријавуваат вишок и кај поверениците. Токму затоа, најбитно е, а и ќе предложиме до Сојузот на земјоделските здруженија и до откупувачите да се работи во наредните саботи, да се откупува тутун за да се стигне сиот род, договорен и вишок, да се преземе до законскиот рок, крајот на февруари. Сите може да остварат право на субвенции, објаснува Пачешкоски.

Тој вели и дека активно работи и второстепената комисија. Од досега оспорените преку 200 килограми, 70 отсто се решени во корист на тутунарите и им е обезбедна една класа повеќе од проценката.

На работењето во саботите за забрзување на динамиката на откупот инсистира и Сојзуот на земјоделските здруженија. претседателот на Сојузот Менде Стомнароски објаснува дека мало зголемувањ ена динамиката има, а цената на просечниот откуп е 166 денари.

– Тутунарите имаат право да оспоруваат процена ако се незадоволни. Зголемената динамика, со работењето во саботите, може да обезбеди откуп на сите количества, и договорени и вишокот на тутунот, изјави Стомнароски.

Од Прилепскиот тутунски комбинат се децидни дека од утре ќе почнат да ги преземаат 440-те тони тутун од кооперантите од „Далија табак" кои останаа неоткупени. Документацијата е завршена и комбинатот на петте пунктови во Источниот регион ќе ги преземе и ќе ги плати количествата, според договорот во Министерството за земјоделство./МИА

притисни ентер