Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Други спортовиМОК ќе стипендира 11 олимписки кандидатиМакедонскиот олимписки комитет (МОК) обезбеди финансиски средства за стипендии на единаесет македонски спортисти, потенцијални кандидати за настап на Летните олимписки игри во Рио 2016.Во просториите на МОК денеска свечено беа потпишани договорите со олимписките стипендисти кои во наредните две години со оваа финансиска помош треба да обезбедат норми за настап на ОИ во Рио 2016. Петмина од нив ќе имаат стипендија од 800 американски долари и тоа: борачите Јасин Реџелари, Дејан Митров и Бобан Данов, како и пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски. Месечна стипендија од 666 американски долари ќе добиваат: Ана Ивановска, Нина Балабан (стрелаштво), Ристе Пандев, Валбона Селими (атлетика), Катерина Николоска (џудо) и Јован Јовановски (велосипедизам). - Може да дојде и до ревизија на овој список, зашто ќе се контролираат резултатите. Ние мораме да ги информираме светските федерации и Интернационалниот олимписки комитет за резултатите што ги постигнуваат стипендистите’’, изјави претседателот МОК, д-р Васил Тупурковски. Олимписките стипендии се обезбедени со исклучителна намена и силно контролирани од страна на МОК и ИОК (Интернационалниот олимписки комитет), за да им помогнат на нашите спортисти во насока на обезбедување на квалитетни подготовки и учество на меѓународните натпревари кои ќе бидат квалификациони и одредени за обезбедување на норма за учество на ЛОИ во 2016 година. / МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – КавадарциДенеска официјално е формирана Регионалната занаетчиска комора – Кавадарци, по повеќегодишни иницијативи и заложби за унапредување на занаетчискиот сектор во регионот.„Формирањето е поддржано од локалната самоуправа и градоначалникот, а иницијативата ја поддржаа и повеќе од 350 занаетчии од Кавадарци со своите потписи. Регионалната комора ќе претставува институционална поддршка за занаетчиите, со цел унапредување на условите за работа, развој и заштита на занаетчиската дејност. Честитки до кавадаречките занаетчии за овој значаен чекор.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Општина Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер ГашиСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство, потврди собранискиот спикер Африм Гаши, откако десетина закони останаа заглавни поради не можноста да се обезбеди двојното мнозинство.. Гаши уверува дека се бара начин за надминување на разликите преку дијалог, но конкретно решение нема на повидок. Во моментов поради немање Бадентер тој не ги става на гласање законите за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа, иако одмана ја имаат поминато целата собраниска процедура, а нов тест се очекува да биде и законот за висока раководна служба. -Јасно е дека во Собрание имаме проблем околу гласањето на закони за кои е потребно двојно мнозинство т.н Бадентерово, но за се во демкоратијата треба разговор, дијалог и треба да има решение. Јас лично заедно со сите пратеници разговараме, бараме начин како да ги надминеме овие разлики. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение и ќе се договориме, ако треба закон по закон или концептуално. Како и да е, важно е Собранието да профункционира, изјави Гаши. Гаши пред медиумите го бранеше ставот со кој се произнесе за осудителната пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК, откако минатата недела напиша дека за албанскиот народ овие лица се и остануваат ослободители на Косово. Неговата изјава како претседател на македонското Собрание предизвика многу реакции и дома, а беше прозван и од српскиот претседател Вучиќ, но тој изјави дека ставот бил личен и смета дека има право на тоа. -Личноста Африм Гаши не може да биде 24 часа и од политички аспект само претседател на Собранието. И затоа свесен дека не го кажувам тоа од позиција на претседател на Собрание, тоа беше мој личен став од моето политичко минато и затоа беше јасно дека и затоа беше јасно дека никаде не се повикав на Собранието или на институцијата. Затоа би сакал и вие и граѓаните да ме разберат дека тоа е мој личен став и не треба да се меша со функцијата која ја извршувам, изјави Гаши. Гаши информираше дека и на денешната координација со пратеничките групи била отворена темата за Изборниот законик, но засега партиите остануваат без консензус за ова прашање. Гаши од партиите се уште ги чека и предлозите за формирање на анкетната комисија што треба да ги истражи трагедиите Пулс, Модуларна, Ласкарци и Беса транс, а во меѓуврем очекува да се усвојат заклучоците за Кочани на постојаната анектна комисија за човеквои права која заседава уште лани во декември.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо ТурсСедум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс, семејствата на загинатите и повредените сè уште чекаат конечна судска разрешница. По одлуката на Врховниот суд со која е укината пресудата за обвинетите и предметот е вратен на повторно одлучување пред Апелациониот суд, семејствата излегоа со писмо до јавноста. Велат дека одлуката ја примиле со неверување и чувство на неправда и дека дополнително ја нарушува довербата во правосудниот систем. -Сметаме дека ваквата одлука дополнително ја поткопува и онака сериозно нарушената доверба на граѓаните во правосудниот систем. Ова не претставува само неуспех на правосудниот систем, туку и сериозен удар врз целото општество,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци. Семејствата потсетуваат дека во меѓувреме дел од родителите кои ги загубиле своите деца не ја дочекале конечната судска разрешница. Тие бараат новата постапка да се води без понатамошно одолговлекување и одлуката да биде заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес. -Она што го бараме е правда заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес, кои недвосмислено укажаа на причините што доведоа до трагедијата и врз основа на кои беше утврдена одговорноста во првостепената постапка, а потоа и во второстепената, без понатамошно одолговлекување и без никакви компромиси во утврдувањето на одговорноста за изгубените човечки животи,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци. На 9 септември Врховниот суд ја укина пресудата на Апелација и предметот го врати на повторно одлучување. Во образложението подоцна наведе дека второстепениот суд не дал конкретни одговори на клучните жалбени наводи, ниту доволно објаснил како дејствијата на секој од осудените придонеле за трагедијата. Посочени се и прашањата околу техничката исправност на автобусот и вештачењата за причините за несреќата, како и тоа дека не било спроведено супервештачење за здравствената состојба на возачот. Сега Апелациониот суд повторно треба да ги разгледа жалбите и да донесе нова одлука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter