Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
КултураМојсова-Чепишевска: Македонија е во сето творештво на Анте Поповски „Непокор“ и „Сина песна“ треба да бидат доразбрани.„Непокор“ и „Сина песна“ чекаат да бидат препрочитани, исчитани, доразбрани... Македонија е во сето творештво на Анте, исто онолку колку што може да се рече дека и сето творештво на Анте е Македонија. Но со поетичка димензионираност којашто и самата Македонија, преку Антевиот стих ја воздигнува од топос со историја да стане посебно место на поетската карта на светот и на нејзината естетска вертикала. Ова меѓу другото го истакна универзитетската професорка, Весна Мојсова-Чепишевска, во својата беседа на традиционалната меѓународна поетско-културна манифестација „Антево перо“. Вчера, на манифестацијата, покрај врачувањето на традиционалните награди се одбележа и 60-годишнината од објавувањето на поетската книга „Непокор“ и 40-годишнината од објавувањето на „Сина песна“ од Анте Поповски. Непокорот на Анте Поповски што од поетски слики се трансформира во светол пример на македонскиот непокор во поетската реч може да се чита како партитурата за неговата сина песна, како што посочи Мојсова-Чепишевска, којашто во својата беседа се осврна и на досегашните критички одгласи за поезијата на великанот. -Неговата песна го предизвикува времето, го обележува просторот, ја освојува душата.“, како што истакна и Катица Ќулавкова. А тој простор е оној таму „долу по рекана“ зашто Вардар е исто што и самата Македонија, зашто Вардар како да ги пуштил своите водени корени низ цела Македонија. Тој простор е онаа „проста земја од дволичен камен и сонце“, „проста земја од пајажина и води“. А времето е она што е омеѓено од „црно црнеење“, но и она време што ги научи „ружите црвенилото свое на земјата моја да ѝ го даруваат / Со знамиња небото да си го покрие“, како што пее Анте Поповски. Сета филозофија на Антевиот непокор како да е стилизиран во овој стих: „У бога само три работи бидувале — раѓај, немај и немеј, нагласи Мојсова-Чепишевска. Таа потсети дека Анте Поповски скоро со истите зборови како и оние што често ги цитираме од Блаже Конески, тврди дека „нам единствената татковина ќе ни биде јазикот. Тој ќе нè обединува,, низ него ќе шетаме, низ него ќе проповедаме, низ него ќе откриваме нови светови, јазикот значи, ни е нам таа татковина.“. - Затоа и својот поетски „Непокор“, тој од 1964 (зашто непокорот како инспирација е низ целата негова поетика), го гради низ три пеења, посветени на мајката, татковината, реката (на Македонија во првото пеење), на таткото, на борецот и револуционерот, на учителот и мислителот (на Гоце Делчев во второто и на Крсте Мисирков во третото пеење). Трите пеења како да се надоврзуваат на Прличевото од „Сердарот“ или на Жинзифовото од „Крвава кошула“. Трите пеења израснаа во светото тројство пред кое Поповски стои исправен и пред кое Анте глаголи. Така како што глаголеше и неговиот претходник, Константин Миладинов. А Вардар колку што е метонимиската слика на Македонија, толку прераснува и во симбол на оној јазик кој ни го открива непокорот, оној јазик на кој се пее сината песна. Антевата песна во која со творечки непокор релацијата поет-песна се смета за светост, токму тие тријади мајка-татковина-река и татко-борец-револуционер се постојано во просторот меѓу стиховите. И тогаш кога при првото читање не ги забележуваме, истакна Мојсова-Чепишевска. Таа посочи дека „Сина песна“ на Поповски се занимава со самата песна поточно со релацијата поет – песна. Според Мојсова-Чепишевска, неслучајно „Сина песна“ се отвора со песната „Глаголица“ испеана и како молитва и како ода и тоа токму на облата глаголица, првото словенско писмо. - Облоста на тоа прво писмо е доминантна поетска слика во неговата песна преку симболите на сонцето и јаболкото (бои вткаени и во денешното државно знаме), и тоа развиени како сосема спуштено сонце и овенато јаболко заборавено на полица (и двете обоени во темно црвеното / руменото и пурпурното што алудира на заоѓањето, умирањето, заборавањето). Самиот поет е во блискост со осамениот монах во пештера, самиот поет не пее, туку едноствно глаголи исти онака како што глаголеле и неговите претци и тоа некоја црна глаголица. Како што глаголи и со Петре М. Андреевски (очи в очи во песната „Пиреј“) и со Блаже Конески (преку песната „Мајсторот и мостот“ која може да се чита како далечно ехо на Блажевата поема „Мостот“). Но оваа канонска поетска книга се отвора со оваа анологиска песна и затоа што глаголењето, глаголицата и приврзаноста за средновековието како времепростор се присутни зад поетскиот текст во голем дел од Антево творештво..., посочи Мојсова-Чепишевска. Според неа, во императивните поетски слики од првото пеење на Поповски, во оние слики кога вели: стиснете, навалете се, симнете се, легнете, нè вовлекува, нас читателите, во филозофијата на македонското истрајување. Колку што може ова да се чита само како еден мини портрет или како еден величествен пејзаж (преку тревките, каменот, реките, ноќта) на Македонија развиен низ градација, толку од секоја поетска слика блика и една длабока филозофија на самото македонско опстојување низ призмата на непокорот. - Зашто возбудува кога сфаќате дека таа опстојува и во исцедениот сок на тревките. Зашто боли кога ќе се прочита дека ако се навалиме/те на каменот, името ќе ѝ го чуеме/те (исто онака како што сè уште му го слушаме срцето на Наум кога ќе го положиме увото на неговиот гроб во Св. Наум), особено сега кога тоа име, Македонија, очигледно ќе остане само во поезијата, а и тоа дека само преку поезијата и ќе опстане. И зашто растреперува помислата дека таа ќе ве надои и ќе ве успокои, но и упокои со љубов. И растреперени продолжуваме да ги читаме и доживуваме поетските слики врзани со Антевото детство, со растреперената мајка, со двете стебла благуни, со орото во дворот, и посебно поетските слики од песните „На излегување од Солун“ и „Солун. Покрај Беаз-Куле“ кои ги доживуваме за вистинска заштитена зона за Македонија. Затоа, „Непокор“ и „Сина песна“ чекаат да бидат (пре)прочитани, исчитани, доразбрани.., порача Мојсова-Чепишевска во завршницата на беседата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter