Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЕвропаМогерини ослободена по притворот во истрагата за измама Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и уште две лица се ослободени откако беа приведени на сослушување во истрага за измама, соопшти денеска Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO).Тројцата осомничени беа известени за обвиненијата против нив, кои вклучуваат измама во јавните набавки, корупција, судир на интереси и кршење на професионална тајна, се вели во соопштението. Лицата беа ослободени бидејќи не се сметаат за ризик од бегство. Белгиската полиција изврши претреси во дипломатската служба на Европската унија во Брисел и во елитен универзитет во Бриж. Беа претресени и домовите на осомничените. Европската служба за надворешни работи (EEAS) и Колеџот на Европа се во центарот на истрага за сомнение за измама во врска со курс за обука за дипломати финансиран со пари од ЕУ. Могерини, поранешна италијанска министерка за надворешни работи, моментално е директорка на Дипломатската академија на Европската унија и ректорка на Колеџот на Европа. Претходно беше раководителка на EEAS. Според извештаите на белгиските медиуми, другите двајца осомничени се поранешен генерален секретар на ЕЕАС и заменик-директор на Колеџот на Европа. Според EPPO, Колеџот на Европа добил задача од EEAS да спроведе програма за обука за помлади дипломати на ЕУ по тендерска постапка. Тековната истрага се фокусира на тоа дали универзитетот или неговите претставници однапред знаеле за критериумите за избор или знаеле дека ќе им биде доделен проектот пред да биде објавен огласот за тендер, соопшти EPPO. Колеџот на Европа објави дека целосно ќе соработува со властите. EPPO во вчера изјави дека „постојат силни сомневања“ дека се прекршени финансиските правила и дека се протечени доверливи информации. Нагласува дека сите вклучени лица се сметаат за невини додека не се докаже нивната вина. Тагови: Федерика Могерини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветРуски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки. Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци. На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот. Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата. Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат. Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во БукурештНа 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа. На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација. Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал. Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар. Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал. Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.Тагови: Сашо Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook