3Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?
ФудбалМодриќ пред Пушкаш - ќе стане најстариот играч во историјата на Реал МадридНеверојатната кариера на Лука Модриќ ќе го доведе до уште еден голем подвиг во неговиот следен натпревар со Реал Мадрид - без разлика дали тоа е на 19 октомври против Селта, на 22-ри против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите .Неверојатната кариера на Лука Модриќ ќе го доведе до уште еден голем подвиг во неговиот следен натпревар со Реал Мадрид - без разлика дали тоа е на 19 октомври против Селта, на 22-ри против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите или следната сабота на „Ел Класико“. Кога следниот пат ќе се појави на натпревар за „кралскиот клуб“, Модриќ ќе стане најстариот играч во историјата на 15-кратниот шампион на Европа. Хрватот во овој показател ќе го надмине Ференц Пушкаш, една од легендите на „белиот балет“. Во мај 1966 година, Пушкаш одигра четвртфинален натпревар од Копа дел Реј (тогаш Копа генералисимо) на гостувањето кај Бетис на возраст од 39 години и 37 дена. Модриќ ќе има 39 години и 40 дена кога ќе излезе на теренот против Селта во 10. коло од Ла Лига. Во април оваа година, Модриќ веќе стана најстариот играч на Реал Мадрид на европските турнири, кога влезе во игра место Џад Белингем на првиот натпревар против Баерн Минхен. Тогаш повторно го подобри постигнувањето на Пушкаш од 1965 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само растИндустриското производство бележи позитивни движења.Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМПовеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата. Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ - Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ. ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа? Ниту еден случај на фемицид, ова според светските медиуми е билансот во Шпанија, по воведувањето на мерката електронска нараквица за следење на потенцијалните насилници воведена во 2009 година. Од тогаш под заштита биле ставени над 20 илјади жени, а користени биле речиси пет илјади активни уреди. Според искуствата во Шпанија и Португалија, Електронската алка меѓудруогото создала силен психолошки ефект врз насилникот, а постојаното чувство на надзор го одвраќа од прекршување на забраните. Од друга стана, на жртвата ѝ обезбедува поголемо чувство на сигурност. Како Ваквиот модел во најава ќе се одрази во Македонија, преку новите законски измени. Психолозите сметаат дека ваквата мерка може да има само позитивен ефект. ,,Сигурно дека ќе се чувствуваат побезбедно ако знаат дека оној којшто го врши насилството е под контрола и дека може да направи нешто што никој не знае. Мислам дека е добра мерка затоа што ние имаме голем број во Македонија каде насилството се повторува повеќе пати, после првите пријави никогаш не запира. Се надевам дека со оваа токму ова мерка дека ќе се намали бројот на можни повторувања на насилството,, – психолог Мирјана Предложените измени предвидуваат и побрза полициска интервенција. При сериозна опасност, полицијата ќе може да го отстрани насилникот од домот на 48 часа, а судот да ја продолжи мерката до 30 дена. Потребата од дополнителна заштита ја потврдуваат и бројките на МВР – за десет месеци годинава се регистрирани 1.897 пријавени настани поврзани со семејно насилство, дури 70 проценти повеќе од лани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook