Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците
2Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците
ФудбалМодриќ главен „виновник“ за нереализираниот пенал на Рамос Голманот на хрватската фудбалска репрезентација Данијел Субашиќ кој го одбрани пеналот на Серхио Рамос при резултат 1:1 и е меѓу најзаслужните за победата на „коцкестите“ откри дека Лука Модриќ бил „виновникот“ за успешната интервенција во 72.минута. Гледачите на тв преносот имаа можност да видат како Дарио Срна му шепнува на Субашиќ како да го брани пеналот на Рамос. По натпреварот, хрватскиот голман кажа дека Модриќ које е соиграч на Рамос во Реал Мадрид, од клупата сугерирал каде да брани, а пораката ја пренел капитенот. - Срна ми шепна дека Лука му рекол малку да почекам па да тргнам на мојата десна страна, изјави Субашиќ. Хрватска на крајот победи со 2:1 и го освои 1.место во групата што значи условно полесен противник во осминафиналето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрпски медиуми: Уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Ј. ВучиќевиќСрпските медиуми објавуваат дека е уапсен Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственикот на телевизијата „Информер“.Иако засега нема официјална потврда од државните институции во Србија, веста за неговото наводно апсење прв ја објави токму медиумот чиј сопственик е Вучиќевиќ – „Информер“. Според нивните тврдења, Вучиќевиќ бил пресретнат од припадници на органите на редот на околу 50 метри од зградата на телевизијата. Според наводите на „Информер“, како и на други српски медиуми, Вучиќевиќ бил однесен во полициската станица во Вождовац. Медиумите наведуваат дека наводно се товари за предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за попречување на правдата. Засега нема официјална потврда за овие информации од надлежните институции во Србија. Повеќе информации наскоро. Извор: Блиц.рсТагови: Информер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилницитеПратеничката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова утринава во емисијата Здраво Македонија рече дека 19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за вововедување електронски наракцици за насилниците. Образложението од власта било дека нема доволно финансиски средства за ваквиот начин на евиденција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаВидео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри во последната секунда!Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83.Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83, а херој на натпреварот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој со звукот на сирената погоди неверојатна тројка од речиси девет метри. Завршницата целосно ги воодушеви љубителите на кошарката, но посебно внимание привлече реакцијата на Жељко Обрадовиќ покрај теренот. Искусниот стручњак не можеше да ги скрие емоциите – скокна, ги стегна тупаниците и бурно го прослави големиот триумф на грчкиот тим. Валенсија имаше предност од 83-80 на помалку од 40 секунди до крајот, но Кендрик Нан израмни со тројка. Домашниот тим потоа не го искористи својот напад, а Панатинаикос ја доби последната шанса за победа. Силвен Франсиско го пронајде Хејс-Дејвис, кој го реши натпреварот со спектакуларен потег во последните моменти. View this post on Instagram A post shared by Panathinaikos BC (@paobcgr) Снимката од реакцијата на Обрадовиќ брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите ја коментираа неговата неверојатна страст. Од Панатинаикос дури порачаа дека овој момент заслужува да биде изложен во Лувр.Тагови: Евролигата Обрадовиќ Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook