Модна икона, “незаситна во кревет“: Запознајте ја првата дама на Аргентина (фото) - Канал 5

Модна икона, “незаситна во кревет“: Запознајте ја првата дама на Аргентина (фото)

Хулијана Авада (41) сопругата на претседателот на Аргентина, Маурисио Маркија, го сврти вниманието на јавноста на себе откако нејзиниот сопруг победи на претседателски избори, а модните магазини го пофалија нејзиниот беспрекорен стил на облекување.

Модна икона, “незаситна во кревет“: Запознајте ја првата дама на Аргентина (фото)
Меѓутоа, првата дама во Аргентина е позната и по љубовните испади со својот сопруг, но и опуштените изјави поврзани со нивниот сексуален живот.

Мајката на две деца беше константно во придружба на својот сопруг во текот на неговата кампања а на Инстаграм ја следат повеќе од стотина илјади фанови.

Нејзината прва фотографија на оваа социјална мрежа е нејзино селфи на кое го прегрнува Маурисио додека тие двајцата се во опуштено издание.


Gracias a todos por tanto cariño!!

A photo posted by Juliana Awada (@juliana.awada) on



Како што поминуваа неделите Хилијана продолжи да поставува фотографии од семејниот живот на кој се појавува и нејзината четиригодишна ќерка Антонија, а бројот на нејзините следбеници порасна на 240.000.

За Нова година, Хулијана, која има либански и сириски корени, и која често ја гледаат со чанти од марката „Хермес“ (кои вредат отприлика 12.000 долари), објави слика на која таа и нејзиниот сопруг наздравуваат со вино.


Овие отворени изливи на нежност не се никакво изненадување со оглед на тоа што ниту Хулијана ниту Маурисио не се срамежливи, дури ни по прашањето за нивниот интимен живот.


Во Аргентина е пракса новинарите да поставуваат многу лични прашања, а еден од нив ја праша Хулијана за перформансите на нејзиниот сопруг во спалната соба.

Таа му одговори:„Зарем не гледате дека сум среќна?“.

Маурисио исто така беше конкретен и на еден водител во 2013 година му одговори:„Мојата жена има премногу секс. Таа е незаситна“.

Ова е трет брак за Маурисио, а втор на Хулијана. Откако нејзиниот прв брак се распадна, таа се забавуваше со белгискиот гроф Бруно Лорен Барби скоро 10 години, а со него ја има ќерката Валентина.


Postales de la Asunción. Saliendo para el Colón.

A photo posted by Juliana Awada (@juliana.awada) on



Маурисио го запозна во 2009 година – тогаш беше бизнисмен кој влезе во политиката и стана градоначалник на Буенос Аирес.

Се сретнале во тератана во елитниот дел на градот, а ги запознал заедничкиот тренер.

Според пишувањата на аргентинските медиуми, нејзината убавина го обземала до таа мерка што веднаш раскинал со тогашната девојка Малала Гробо. Малала според мислењето на медиумите била одличен кандидат за првата дама.

Образованието го стекнала во престижните училишта во Буенос Аирес, а студирала и политички науки на Универзитетот Сан Андрес.

Иако не биле во брак, како негова партнерка ја преземала улогата на “првата дама“ на Буенос Аирес.

Меѓутоа и покрај тоа што совршено се вклопувала во улогата на жена на политичар, го изгубила Маурисио во моментот кога ја здогледал Хулијана. А и Хулијана била опиена од љубов. Говорела како отсекогаш знаела дека Маурисио е “љубовта на нејзиниот живот“.

Парот се венчал после година дена забавување, а во 2011 година добија и ќерка.


Postales de anoche: con Anto.

A photo posted by Juliana Awada (@juliana.awada) on



Кога не е со сопругот, Хулијана – чиј татко е мигрант од Либан, таа дизајнира гардероба за семејната модна марка „Авада“, која ја води нејзината мајка Елса Бакер (79), мигрантка од Сирија.


Debate. Cierre.

A photo posted by Juliana Awada (@juliana.awada) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски министер: Наследникот на Хуанг треба да биде надвор од „Nvidia“

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во неделата изјави дека „Nvidia“ треба да бара нов извршен директор надвор од компанијата. Неговата изјава доаѓа откако основачот Јенсен Хуанг поднесе оставка минатата недела. 

Американски министер: Наследникот на Хуанг  треба да биде надвор од „Nvidia“

„Одборот на директори треба да гледа надвор од компанијата кога бара ново раководство. Со оглед на сè што се случи, потребни се фундаментални промени“, изјави Бесент за „Fox News“.

По заминувањето на Хуанг, американскиот претседател Доналд Трамп го препорача Тим Кук, за нов извршен директор на американскиот производител на чипови.

Регулаторни пропусти

Бесент го пофали Хуанг како иноватор, но нагласи дека технолошкото водство не може да биде изговор за непочитување на прописите. Тој, исто така, истакна дека федералните регулатори од Канцеларијата на контролорот на валутата (OCC), која ги надгледува националните банки, ќе ги отстранат директорите во финансискиот сектор без одлагање поради слични пропусти во надзорот.

Министерот праша дали „Nvidia“ ги игнорира предупредувањата поврзани со фиктивните компании во Сингапур. Тој истакна дека компанијата престанала да објавува одредени регионални бројки за продажба откако приходите во Кина паднаа, додека продажбата во Сингапур нагло се зголеми. Тој цитираше извештаи дека само 1 процент од чиповите што се продаваат во земјата останале таму.

Позадина на оставката

Јенсен Хуанг поднесе оставка на 12 ноември откако ја водеше „Nvidia“ повеќе од три децении. На неговата оставка ѝ претходеше признание за вонбрачна афера со Алис Хуанг. Таа е поранешна извршна директорка на сингапурската компанија „Megaspeed“ и медиумите ја поврзуваат со кинеската разузнавачка служба.

Бесент ги отфрли шпекулациите за шпионажа како „измислици“. Тој рече дека негова примарна загриженост е дали корпоративната култура на „Nvidia“ охрабрува „очигледно нелегална продажба“ за вештачко зголемување на профитот. Тој побара од одборот и надворешниот правен советник да му дадат одговори во рок од 10 дена.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали САД се подготвуваат за нов напад? Трет носач на авиони пристигнува на Блискиот Исток

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигнува на Блискиот Исток во следните 24 часа, каде што ќе им се придружи на двете веќе присутни ударни групи.

Дали САД се подготвуваат за нов напад? Трет носач на авиони пристигнува на Блискиот Исток

Со неговото пристигнување, вкупно три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени во регионот. Веста ја објави „Њујорк тајмс“ и ја потврди американски воен претставник.

Распоредувањето на силите следеше по нападот со беспилотни летала на Иран врз Бахреин, втор таков напад за само три дена. Со ова заврши двомесечното затишје во непријателствата, додека мировните преговори со Вашингтон остануваат блокирани. На нападот во неделата му претходеше инцидент во петокот, кога американските сили пресретнаа два ирански беспилотни летала испукани кон државата од Персискиот Залив.

Пентагон и Централната команда на САД (CENTCOM), одговорни за воените операции на Блискиот Исток, сè уште официјално не го потврдија точниот датум на пристигнување на носачот.

Дипломатски прекин и зголемено воено присуство

Обновените судири се случуваат во контекст на целосен дипломатски застој и зголемено американско воено присуство во регионот. Тие се дел од поширок конфликт со Иран, кој започна кон крајот на февруари со координирани напади на САД и Израел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна го исклучи потпретседателот Џ.Д. Венс од мировниот процес и на социјалните мрежи изјави дека на Вашингтон повеќе не му е потребен договорот со Техеран.

Иако дополнителен носач на авиони пристигнува во регионот, американската војска неодамна ги негираше извештаите во израелските медиуми дека се прават подготовки за евентуално продолжување на операциите против Иран. Тие ги опишаа тврдењата за промени во распоредувањето на регионалните сили како „чиста шпекулација“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер