СветМоди ќе ја посети Москва за првпат од почетокот на руско-украинската војна Индискиот премиер Нарендра Моди денеска започнува дводневна посета на Русија, што е неговата прва посета од почетокот на руската инвазија на Украина. Војната ги усложни односите меѓу долгогодишните сојузници Москва и Делхи, откако Русија започна да се зближува со Кина, главниот противник на Индија. Во текот на посетата, Моди ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, со кого ќе разговара за целокупните мултифасетирани односи меѓу двете земји. На дневен ред ќе бидат трговијата, енергијата, одбраната и технологијата. Исто така, ќе се разговара и за тековните глобални прашања и безбедносни предизвици, вклучително и ситуацијата во Украина и регионалните геополитички динамики. По посетата на Русија, Моди ќе продолжи со официјална посета на Австрија, што ќе биде прва посета на индиски премиер во таа земја по 41 година Моди ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, со кого последен пат имаше разговори лице в лице на руска територија во 2019 година, во Владивосток. Двајцата лидери се сретнаа и во септември 2022 година во Узбекистан на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС). Русија има силни врски со Индија уште од времето на Студената војна, а значењето на Делхи како клучен трговски партнер за Москва се зголеми по инвазијата на Украина. Кина и Индија станаа едни од најголемите купувачи на руска нафта, откако САД и нивните сојузници воведоа санкции кои значително ги затворија западните пазари за извоз на нафта од Москва. Делхи избегнува да ја осуди руската војна во Украина и ja истакнува потребата од мирно решение на конфликтот. Сепак, во соработката меѓу Москва и Делхи се појавија и компликации поради руските врски со Кина, која е геополитички противник на Индија. Сепак, според аналитичарите, Моди ќе се обиде да ги одржи блиските односи со Москва, која не само што е важен трговски партнер, туку и првостепен снабдувач на оружје и техника за индиската армија. По посетата на Русија, Моди ќе продолжи со официјална посета на Австрија, што ќе биде прва посета на индиски премиер во таа земја по 41 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална средба во КинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.Пред средбата, Трамп изјави дека од разговорите можат да произлезат „прекрасни работи“. Тој претходно имал и краток разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кој, меѓу другото, станало збор за директорот на „Нвидија“, Јенсен Хуанг нарекувајќи го неговото отстранување од компанијата „вистинска трагедија“ - Хуанг призна дека имал афера со жена која е обвинета дека шпиунира за Кина. Подоцна е предвидена и заедничка тристрана средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг, прва од ваков формат меѓу лидерите на трите земји. На дневен ред се очекува да бидат војните во Украина и Иран, нуклеарното оружје, трговските тензии и развојот на вештачката интелигенција. Јавноста е загрижена, особено во Европа, дека трилатералната средба меѓу Си, Трамп и Путин ќе биде одраз на конференцијата на Јалта одржана во 1945 година, кога Втората светска војна се ближеше кон крајот,пишува Би Би Си.Таа конференција беше жестоко критикувана за одлуките што ја обликуваа иднината на помалите нации без нивно учество.Украинскиот претседателот Зеленски изрази стравувања дека состанокот би можел да доведе до договор за Украина без учество на Киев.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МетеоПроменливо облачно со температури над просекот Времето денес ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 19. ноември 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 19. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор. Кариера Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден. Здравје и совет Легнете да спиете на време. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате. Кариера Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој. Здравје и совет И натаму сте одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив. Кариера Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост. Здравје и совет Вежбајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво. Кариера Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате. Здравје и совет Бидете што е можно поразумни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете. Кариера Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате. Кариера веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот. Здравје и совет Штедете го грлото и гласните жици. Бик 21.4- 20.5. Љубов Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени. Кариера Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна. Здравје и совет Ви недостига трпение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин. Кариера Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Здравје и совет Редовно опуштајте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна. Кариера Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа. Здравје и совет Немате грижи. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател. Здравје и совет Останете будни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности. Кариера Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Немир и незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите. Кариера Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Здравје и совет Некој нема да ви се допадне .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook