СветМоди: Индија е посветена на подобрување на односите со Кина До билатералната средба доаѓа пет дена откако Вашингтон воведе казнени тарифи од 50 проценти на индиската стока поради купувањата на руска нафта од Индија. Индискиот премиер Нарендра Моди денеска пристигна во Тјенџин, првпат во последните седум години, за заедно со рускиот претседател Владимир Путин и лидерите на дваесетина други евроазиски земји, да присуствува на дводневниот самит на Шангајската организација за соработка (ШОС). - Ние сме посветени на унапредување на нашите односи врз основа на меѓусебно почитување, доверба и разбирање, му рече Моди на Си за време на состанокот, може да се види од видео материјалот објавен на официјалниот профил на индискиот лидер на X. До билатералната средба доаѓа пет дена откако Вашингтон воведе казнени тарифи од 50 проценти на индиската стока поради купувањата на руска нафта од Индија. Аналитичарите велат дека Си и Моди сакаат да претстават обединет фронт против западниот притисок. Моди рече дека е создадена атмосфера на „мир и стабилност“ на нивната спорна хималајска граница, местото на долготраен воен застој по смртоносните судири на војниците во 2020 година што ги замрзна повеќето области на соработка меѓу стратешките ривали со нуклеарно оружје. Тој додаде дека е постигнат договор меѓу двете земји во врска со управувањето со границите, без да даде детали. Двајцата лидери имаа значајна средба во Русија минатата година откако постигнаа договор за гранични патроли, предизвикувајќи привремено затоплување на врските што се забрза во последните недели, бидејќи Њу Делхи се обидува да се заштити од обновените закани со царини од Вашингтон. Директните летови меѓу двете земји, кои беа суспендирани во 2020 година, „продолжуваат“, додаде Моди, без да прецизира временска рамка. Кина овој месец се согласи да ги укине ограничувањата за извоз на ретки минерали, ѓубрива и машини за дупчење тунели за време на клучната посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Индија. Кина се спротивставува на високите царини на САД за Индија и „ќе застане цврсто на страната на Индија“, изјави овој месец амбасадорот на Кина во Индија, Сју Феихонг. Со децении, Вашингтон макотрпно ги негуваше врските со Њу Делхи со надеж дека тоа ќе дејствува како регионална противтежа на Пекинг. Во последните месеци, Кина им дозволи на индиските аџии да ги посетуваат будистичките места во Тибет, а двете земји ги укинаа реципрочните ограничувања за туристичките визи.Тагови: Моди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсум пожари на отворено до 13 часот, активен пожарот кај Македонски БродОсум пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска.Осум пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска, од кои еден сè уште е активен,еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.. Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во местото Видуш, во близина на селото Драгов дол. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар е регистриран и во Делчево, каде што горела градската депонија. Според ЦУК, овој пожар е ставен под контрола.. Во текот на денот се изгаснати уште шест пожари на отворен простор..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Економските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистеријаЕкономските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистерија, официјалните податоци ги демантираа и ја покажаа вистинската слика за економијата.Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските стапки на инфлација. Еве како се движеше инфлацијата од март до јули годинава. Во март, инфлацијата изнесуваше 4,9%, а цените на мало 3,4%. Во април, инфлацијата се искачи на 5,7%, со цени на мало од 5%. Во мај, инфлацијата беше 4,8%, а цените на мало 5,6%. Во јуни, инфлацијата падна на 3,4%, со цени на мало од 3,6%. А во јули пак, инфлацијата изнесуваше 2,3%, а цените на мало 1,8%. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4 процентни поени односно скоро 60% пониска во однос на априлското ниво. Особено охрабрувачки е трендот кај храната и безалкохолните пијалаци, каде цените во јули се намалија за 1,1% во однос на јуни, а стапката падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули пад од 3,8 процентни поени за само два месеца. Единствениот посериозен месечен притисок доаѓа од транспортот, со раст од 4,4%, но тоа не го менува општиот тренд на смирување. Само за споредба, просечната инфлација во периодот март-јули 2022 година, кога економијата ја водеа токму нивните т.н. „експерти“, изнесуваше 12,34%. Во истиот период годинава, 4,22%. Кај цените на мало, разликата е слична: 12,1% тогаш, наспроти 3,88% сега. Тоа е сооднос од речиси 3:1 во корист на денешниот период, иако двата периоди не се споредуваат затоа што станува, во овој момент, збор за историски најголемата криза што ја има доживеано човештвото. СДС сакаше народот да поверува дека пониска инфлација значи замрзната економија. Бројките го покажуваат спротивно. Извозот во првите пет месеци од 2026 година е зголемен за околу 8% на годишно ниво. Индустриското производство во јуни бележи раст од 6,5%, а преработувачката индустрија дури 7,9% раст. БДП во првото тримесечје порасна за 3,1% на годишно ниво. Бројот на вработени е повисок отколку минатата година, а невработеноста падна од 11,7% на 11,3%. Даночните и вкупните буџетски приходи бележат раст. Почитувани, Талогот се обидува да шири хистерија затоа што реалните бројки не одговараат на нивната стратегија, немаат интерес од официјални податоци кои ја рушат нивната кампања базирана на лажни тези и вештачки создадена хистерија. Логиката на СДС е веќе позната, колку се поголеми нивните лаги, толку погласна треба да биде таа нивна хистерија за да ги прикрие. Затоа нема да видите нивна објава со бројките од јули за инфлацијата, ниту реален осврт на состојбата на Буџетот. Ние ќе продолжиме со политиките кои го штитат стандардот на граѓаните, кои носат нови вложувања и отвораат нови работни места, а бројките потврдуваат дека се движиме во правилна насока. Економските експерти т.н. нормално, од СДС кои сега делат совети оставија уништена држава, а ние градиме економија што реално им го подобрува животот на граѓаните. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФЗО: Здравственото осигурување се активира автоматски по евидентирање на уплатените придонесиФондот за здравствено осигурување ја информира јавноста дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот.Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на придонесите за здравствено осигурување за периодот за кој се пријавени. Станува збор за системски воспоставен механизам кој подеднакво се применува за сите правни субјекти во државата. Пријавувањето на вработените, пресметката и уплатата на придонесите се процеси поврзани со системот за наплата на придонесите преку Управата за јавни приходи, додека Фондот го евидентира статусот врз основа на податоците за извршената уплата. Во вакви случаи, кога кај правен субјект дополнително се пријавуваат вработени за претходен период, потребно е да се изврши соодветна корекција на пресметката на плата за тој период и да се доплатат придонесите и за дополнително пријавените лица. По евидентирањето на уплатата, здравственото осигурување се активира автоматски. Оттука, не станува збор за поединечна административна одлука на Фондот, ниту за рачно исклучување на осигурениците од страна на вработените во ФЗО. Процесот е системски и автоматизиран и истите правила важат за сите работодавачи и институции без исклучок. Фондот и самиот во минатото се соочил со идентична ситуација кај сопствените вработени, што дополнително потврдува дека механизмот се применува еднакво за секој правен субјект. Кај институции со голем број вработени, како што е Министерството за внатрешни работи, дополнителното пријавување лица по основ на судски одлуки може да има поширок ефект доколку навремено не се изврши потребната корекција и уплата на придонесите. Во моментов, претставници на Фондот и на Министерството за внатрешни работи се во директна координација за спроведување на потребните постапки и надминување на состојбата во најкраток можен рок. Фондот ги стави на располагање сите потребни податоци и стручна поддршка во рамките на своите надлежности. Фондот истовремено апелира до сите институции и работодавачи, при враќање или дополнително пријавување вработени за претходен период, особено врз основа на судски одлуки, паралелно и навремено да ги спроведат потребните корекции на пресметката и уплатата на придонесите. На тој начин ќе се избегнат ситуации во кои привремено може да биде засегнат статусот на здравственото осигурување и на останатите вработени. Апелираме ова прашање да не се политизира и да не се создава непотребна загриженост кај осигурениците. Станува збор за јасно утврдена системска постапка која подеднакво важи за сите правни субјекти, а по евидентирањето на потребната уплата здравственото осигурување автоматски се активира. Тагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter