3ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
ЗдравјеМодерна ги тужи Фајзер и Бионтек за вакцината мРНАТужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска Модерна.Фармацевтската компанија Модерна ги тужи Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек за кршење на патент во развојот на првата вакцина против Ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што Модерна ја развила повеќе години пред пандемијата. Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска Модерна. – Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на Ковид-19, рече извршниот директор на Модерна, Стив Банселс во изјавата. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителитеВо тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето. Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаЗакони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во СобраниетоЧетири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на седница на Собранието.Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЖивотВидео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градотСилна песочна бура го зафати Истанбул вчера.Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина. Bugün İstanbul. Bu mevsimde herhalde ilk defa oluyor. #istanbul #fırtına #sel pic.twitter.com/0cNitLhBJg — Murat Sagman (@muratsagman) July 22, 2026 Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“. Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“. Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето. Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот. Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил. #İstanbul #İstoç’da saniyelik #fırtına pic.twitter.com/Gjjkh9ke6J — Her_Branşta_Beşiktaş (@Her_Bransta_BJK) July 22, 2026 Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени. Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33