Моцартовата „Така прават сите“ во Битола, Скопје и Тетово - Канал 5

Моцартовата „Така прават сите“ во Битола, Скопје и Тетово

Македонската опера и балет и Фестивалот на класична музика „Интерфест“-Битола ја најавија премиерата на операта „Така прават сите“ од Волфганг А. Моцарт. Режисер на операта во два чина е Цветан Стојановски, а диригент Саша Николовски-Ѓумар.

Моцартовата „Така прават сите“ во Битола, Скопје и Тетово
Премиерата е задутре за отворање на 23. „Интерфест“ во Битола, на 4 октомври ќе биде изведена во МОБ, а на 7 октомври во Тетово.

Уметничкиот директор на МОБ Ѓорѓи Цуцкувски на прес-конференција рече дека постановката е дел од активностите по повод 20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија, кои МОБ ги одбележа и со балетот „14 часа“ пред десетина дена во Виена.

- „Така прават сите“ е една од најизведуваните Моцартови опери, која во продукција на МОБ се изведува по 42 години. Идеја на МОБ е да дава постојана можност за афирмација на млади и потенцијални оперски таленти, така што покрај реномираните Благица Поп Томова, Владимир Саздовски и Катерина Стојановска, публиката ќе има можност да ужива во најталентираните, се уште неетаблирани македонски оперски пејачи, рече Цуцковски.

Оперскиот првенец Цветан Стојановски, овојпат како режисер, искажа задоволство што работел со млади солисти кои, како што рече, му дале голема енергија. За операта рече дека Моцарт ја напишал една година пред крајот на животот, заедно со либретистот Лоренцо да Понте.

- Еден исклучително моќен тим кој направил нешто што останува свежо до ден-денес... Проектот обилува со она што го замислиле Моцарт и Да Понте – нешто што како тема никогш не завршува. Така прават сите – љубов и прељуба, рече Стојановски.

Сценограф на оперската претстава е Зоран Николовски, костимограф Марта Трендафилова, а кореограф Олга Панго.

Милица Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на фестивалот „Интерфест“, рече дека веќе нема влезници за премиерата во Битола зашто просторот е помал (околу 400 места во театарот). Фестивалот ќе трае од 2-ри до 12 октомврии со гости од Италија, Германија, САД, Бразил... и ќе бидат застапени сите гудачки и жичени инструменти.

- „Интерфест“ е исклучителен фестивал зашто негува само класична музика, од барок до модерна. И оваа година ќе има мајсторски школи, рече Шперовиќ-Рибарски.

„Интерфест“ ќе заврши на 12 октомври со концерт на виолинистите Ана и Олег Кондратенко и пијанистката Марија Вршкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Илјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно.

Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај.

,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД

И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува.

,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,,

Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност.

,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,,

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер