Мобилната апликација Мојот А1 со нови функционалности - Канал 5

Мобилната апликација Мојот А1 со нови функционалности

А1 Македонија како компанија која постојано работи на подобрување на дигиталното корисничко искуство континуирано воведува нови функционалности на мобилната апликација Мојот А1, достапна на „Google Play“ и на „App Store“.

Мобилната апликација Мојот А1 со нови функционалности

Новата верзија на Мојот А1 на корисниците им дава детален увид во моменталната состојба за тековниот месец, како дополнување на досегашната можност за детален увид во сметките од последните 5 месеци. Покрај детален увид во сметките, корисниците имаат вкупен преглед на сметките за своите А1 услуги, за последните 12 месеци. Сето ова придонесува корисникот да има целосна контрола на трошоците, лесен и постојан пристап до важните информации и едноставно и брзо менаџирање на своите А1 услуги преку мобилната апликација.

Во насока на целосно дигитално корисничко искуство, Мојот А1 овозможува активација на електронска сметка, едноставно и брзо, преку внесување на е-мејл адреса на корисникот. По активација на електронската сметка, следната издадена сметка корисникот на место во печатена форма преку пошта, ќе ја добие во електронска форма на е-мејл адресата која ја оставил преку апликацијата.

Со активација на електронската сметка корисникот веднаш и навремено ќе има пристап до сметките во PDF формат, со што придонесува конзачувување на животната средина.

Преку апликацијата Мојот А1 корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки за сите А1 услуги со дебитна или кредитнакартичка, во секое време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ивица Боцевски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистина

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ивица Боцевски и Абдулади Вејсели

Ивица Боцевски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајките што го прават ова често несвесно ги оддалечуваат своите деца

Стручните лица предупредуваат на навиките кои, иако потекнуваат од грижа и љубов, може полека да ја нарушат блискоста и довербата во односот на мајките и децата.

 Мајките што го прават ова често несвесно ги оддалечуваат своите деца

Еден од најчестите проблеми во однесувањето на мајките е претераната контрола. Кога мајката постојано одлучува наместо детето, го проверува секој негов чекор и не остава простор за самостојност, детето почнува чувствува притисок и губи доверба. Наместо да го дели своето мислење, сè почесто го задржува за себе, а комуникацијата станува површна и формална.

Сличен ефект има честата критика, дури и кога е добронамерна. Ако детето постојано слуша што прави погрешно, тоа може да развие чувство дека никогаш не е доволно добро. Со тек на време тоа доведува до повлекување, избегнување разговор, па детето сè поретко бара поддршка од мајката.

Психолозите нагласуваат и дека споредбата со друго дете дополнително го влошува односот. Таа кај детето создава чувство на помала вредност и го оддалечува од родителот, бидејќи постојано чувствува како да не е доволно добро во очите на мајката. Проблемот се случува и кога детските емоции се намалуваат и игнорираат. Ако мајката не слуша или веднаш не нуди решенија, детето стекнува впечаток дека не е важно како се чувствува, па со тек на време престанува да ги дели своите внатрешни дилеми и да бара поддршка кога е потребно.

Ни претераната заштита не е безопасна. Иако е природно да сакате детето да го поштедите од грешки, тоа без сопствено искуство не развива самостојност, одговорност и сигурност во себе, што подоцна може да ги отежне и неговите односи со другите.

Стручните лица порачуваат дека односот не мора да биде совршен, но мора да биде искрен. Кога постои разговор, разбирање и спремност за промена, блискоста не се губи. Децата треба да се чувствуваат сакани и прифатени и кога грешат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два знака дека партнерот е создаден за долгорочна врска, според еден психолог

Според психологот Марк Траверс, привлечноста не е доволна за стабилен и квалитетен однос. Тој издвојува два знака, кои според негово мислење, често покажуваат дека партнерот е спремен за сериозна и трајна врска.

 Два знака дека партнерот е создаден за долгорочна врска, според еден психолог

Ги дели вашите цели и вредности

Траверс верува дека долгорочната компатибилност е многу повеќе од делењето заедничко хоби или интерес. „Долгорочноста на врската зависи од тоа дали партнерите се согласуваат околу големите прашања за животот“, вели тој за „Психологија денес“. Ова вклучува теми како што се децата, финансиите, кариерите, место на живеење и како сакаат да изградат заедничка иднина.

Тој додава дека заедничките цели го олеснуваат донесувањето одлуки и постигнувањето компромиси бидејќи двајцата партнери се движат во иста насока. „Здрава долгорочна врска е можна само помеѓу партнери чии животни патеки се компатибилни“, истакнува Траверс.

Прифаќање обиди за помирување по расправија

Според психологот, ниедна врска не е без конфликт, но поважно од самите расправии е како партнерите ги решаваат. Тој го цитира истражувањето на Џон Готман, кој истакнува дека „прифаќањето на обидите за помирување“ е еден од најсилните показатели за долгорочна стабилност на врската. Ваквите обиди можат да бидат едноставни реченици како: „Жал ми е“, „Можеме ли да почнеме одново?“ или „Ајде да разговараме кога двајцата ќе бидеме помирни“.

Траверс објаснува дека токму овие мали гестови се клучни за повторно градење на чувството на поврзаност по несогласувањето. „Во вистински здрава врска, смирувањето на работите е задолжителен дел од конфликтот“, напоменува тој и додава дека вреди да се обрне внимание на тоа дали вашиот партнер ги прифаќа таквите обиди или редовно ги отфрла.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер