Мобилизација за помош на семејствата на повредените и загинатите - Канал 5

Мобилизација за помош на семејствата на повредените и загинатите

Покрај официјалните канали за донации преку Црвениот крст, млади од Кочани креираа вебсајт за директна финансиска помош на членови на семејствата на повредените кои се лекуваат во земјава и во странство. 

Мобилизација за помош на семејствата на повредените и загинатите

На интернет адресата supportkocani.com сеобјавенитрансакцискисметкина 78 лица потпишани со име и презиме и секој донатор може да избере кому и колку пари ќе префрли преку својата банкарска сметка. Еден од иницијаторите на оваа алатка, Ненад Вржалски, за Канал 5 појаснува дека се направени детални проверки за податоците на семејствата, се работи за анонимни донации, а тој и неговите соработници од сајтот немаат увид во уплатите.

„ Вебсајт кадешто се централизирани сите сметки проверени по неколку пати, одобрени од страна на родители, брат, сестра и нивни најблиски кадешто луѓето ќе може директно физичко лице на физичко лице да донираат кој на кого сака. Значи ние немаме никаков пристап во финансиските средства, тие одат од човек на човек. Кој колку милува, кој колку сака – секоја помош е добредојдена. “-Ненад Вржалски – иницијатор на сајтот „supportkocani.com

Следниот чекор на креаторите е да помогнат и на семејствата на загинатите кои имаат потреба од финансиска поддршка, а најавува дека наскоро сајтот ќе биде достапен и за донаторите од странство.

Во меѓувреме од Владата уверуваат дека членовите на семејствата на повредените кои се лекуваат надвор од земјава се финансиски целосно покриени за пат и сместување, а веќе има план и за линеарна исплата на сите погодени од трагедијата.

„ Досега се сместени околу 180 лица, некаде околу 5 милиони е моменталниот трошок, велам моменталниот бидјеќи не знаеме колку ќе биде потребно за лекување, а потоа имаме и повратни карти за истите лица. Во координација сме со МНР, тие преку нашите амбасади ни е логистиката во секој град кадешто се наоѓаат лицата. “-Ивица Томовски – директор на СОЗР

„ Бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. “ - Марија Митева – портпарол на Влада

Од Црвениот крст информираат дека во нивниот фонд, кој е отворен за телефонски, електронски и банкарски донации, се собрани над 48 милиони денари, или речиси 800.000 евра. Институциите апелираат- граѓаните да бидат особено внимателни да не вршат уплати на непроверени сметки бидејќи деновиве се појавија неколкумина измамници. Освен преку социјалните мрежи, забележани се и лица низ Скопје кои на врата бараат пари, лажно претставувајќи се како родинини на децата од Кочани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

​Додека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења.

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора.

И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард.

Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат.

Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта.

Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер