Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
1Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
3Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
КултураМОБ ќе ја отвори сезоната 2017/2018 на 27 септемвриПрвата балетска премиера во сезоната 2017/2018 ќе биде на 18 октомври, а првата премиера на Операта на 31 октомври, најави Македонската опера и балет. Новата сезона МОБ ќе ја отвори на 27 септември со балетот „Клеопатра“ кој, според статистиката на МОБ, на репертоарот минатата сезона била најизведувана и најпосетена претстава со над 8.500 гледачи.Првата премиера на МОБ наесен е закажана за 18 октомври и ќе биде балетски триптих. Првите два дела од триптихот, „Софа“ и „Некои срца“ се во кореографија на Ицик Галили од Израел на музика од Том Ватс и Филип Глас, а третата претстава е обнова на „Песна над песните“ (Лудница) во кореографија на Сташа Зуровац и на музика на Маријан Нечак. Првата оперска премиера во новата сезона на МОБ, пак, е најавена за 31 октомври кога ќе бидат изведени претставите едночинки „Кавелерија Рустикана“ на Пиетро Маскањи и „Паљачи“ од Руџеро Лоенкавало. - До крајот на оваа календарска година на сцената на МОБ ќе бидат изведени балетските претстави „Дон Кихот“, „Дамата со камелии“, „Лебедово езеро“ и „Бурнонвил“, а од оперските претстави публиката ќе може да ги види „Тоска“, „Набуко“, „Травијата“, „Евгениј Онегин“ и „Лилјакот“. За изведбите од тековниот репертоар, МОБ ќе продолжи да кани имиња од светската оперска и балетска сцена, со цел доближување на квалитетот до публиката, соопшти МОБ. Во 2018 година во план се три оперски премиери - обнова на „Кармен“ од Жорж Бизе, премиера на операта „Шение“ од Умберто Џордано и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини. Премиерно ќе бидат поставени балетите „Божествена комедија“ и „Ромео и Јулија“, а по повод 70 години од своето основање, Балетот на МОБ ќе биде домаќин на голема европска балетска конференција. МОБ ќе продолжи и да го организира и детскиот викенд со изведба на детски оперски и балетски претстави. МОБ најави и дека ќе ја поддржи алтернативната сцена со цел таа да се развие и да се создадат нови и квалитетни оперски гласови и балетски кореографи. Македонската опера и балет ја заврши сезоната 2016/2017 минатиот месец со Моцартовиот „Реквием“. Потоа следуваа и гостувања на Балетот во Пловдив, Охрид и во Сплит. Во првото полугодие од 2017 година МОБ ја посетиле повеќе од 25.000 гледачи на 76 претстави. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОпозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата. Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама. Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани. Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози. Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите. Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата. Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија. „Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција размислува за создавање стратешки резерви на жито Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози. Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност. Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни. „Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.Тагови: жито Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Крива Паланка, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. „Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна Димитриевски. Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација. Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија. „Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски. Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборови. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook