МНТ со повеќе од 40 претстави, три премиери и над 23.000 посетители - Канал 5

МНТ со повеќе од 40 претстави, три премиери и над 23.000 посетители

Во новиот објект на Македонскиот народен театар од премиерата на „Вечната куќа“ во декември, досега се одиграни над 40 претстави, три премиери, а бројот на посетители е над 23.000. Со силна уметничка позитивна енергија и придонес на сите актери, Македонија во делот на уметничкото творештво се претстави не само тука, туку и на сите светски сцени каде гостуваа изминатиот период.

МНТ со повеќе од 40 претстави, три премиери и над 23.000 посетители

Ова го посочи министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која денеска го посети Македонскиот народен театар, каде присуствуваше на пробата на претставата „Сината птица“ на режисерот Златко Славенски која премиерно ќе биде изведена на почетокот на мај. Таа претходно се сретна со директорот на МНТ, Дејан Лилиќ, со вработените и со дел од актерите, со кои разговарала за функционирањето на таа национална установа. Во МНТ, како што истакна, секојдневно има претстави и на големата и на малата сцена, досега се реализирани три премиери-две на големата сцена и една на малата сцена.

- Се заблагодарив до целиот тим, до сите актери во МНТ за нивниот силен придонес во целокупното творештво и културата на нашата држава. Ме запознаа со сите активности на театарот. Успесите се значително големи, рече Канческа Милевска.

Искажа благодарност до актерите и за нивниот ангажман околу првата премиера на отворањето на новиот објект „Вечната куќа“, претстава која, како што рече, ќе биде запаметена во театарската историја на Република Македонија.

- Претставата беше голема од секој можен аспект и од делот на прикажување на целокупната сценска технологија која ја поседува театарот, од моќноста на целокупната актерска екипа која се најде на сцената, од режисерката моќ на Дејан Пројковски, истакна Канческа Милевска.
На средбата со директорот Лилиќ и дел од актерите станало збор ми за идните активности, како и за првиот меѓународен фестивал што во мај ќе го реализира МНТ и на кој голем број театри од регионот и пошироко ќе учествуваат и ќе ја работат својата претстава со врвната сценска технологија и аудио видео опрема која ја поседува театарот.

Лилиќ рече дека морале да ги разбијат стереотипите како треба да работи еден театар и како било досега. Се обидовме и на актерите и на вработените, истакна Лилиќ, да им наметнеме европски и светски стандарди како треба да се работи еден театар.

- Ангажирани сме од сабајле до полноќ бидејќи речиси секоја вечер има претстава. Во април ќе имаме и денови каде ќе играме паралелно претстави и на големата и на малата сцена со различен термин. Идејата е да имаме во 30 дена во еден месец над 30 претстави изведени во МНТ. Монументалната претстава „Вечната куќа“ сите ја чувствуваат како голем театарски проект, нешто што досега не е видено, посочи Лилиќ.
Тој рече дека во монументалната престава „Сината птица“ од Морис Метерлинг, во режија на Златко Славенски, повторно ќе ја употребат речиси целата технологија, како и уште некои нови елементи технолошки кои, според него, може да бидат многу интересни во една театарска приказна.
- Се работи во МНТ со полна пареа и со големо задоволство и среќа го очекуваме меѓународниот театарски фестивал на кој ќе дојдат национални театри од регионот и уште еден голем театар надвор од балканскиот простор, додаде Лилиќ.

Славенски истакна дека „Сината птица“ е еден многу сложен комплициран проект, но е многу едноставен бидејќи се собрале една екипа која сака да го направи проектот.

Театарот како и секогаш, нагласи тој, е еден тип на колективно мечтаење, но во овој случај имаме многу голема помош и од технологијата на сцената на ова здание на МНТ кое пружа можност таа магија да дојде до некои крајни разработени граници кои многу тешко обично може да се постигнат.

- Многу ми е драго што има една атмосфера, да кажам победничка што одамна ја немало во театарските сфери. Затоа мислам дека е многу битно да ја направиме претставата која ќе значи за публиката и за сите нас. Тоа е една приказна за многу суштински работи кои ни се случуваат во животот, додаде Славенски.

Актерот Сашко Коцев рече дека за многу краток период, за само четири пет месеци откако се во објектот имале многу проби.
- Целиот репертоар од стариот МНТ да се пренесе во новиот објект, тоа се ноќи непреспиени. Репертоарот е пренесен, има публика многу. На посетителите им е многу убаво да изгледаат убаво, да бидат видени тука, да испијат една чаша вино, да изгледаат една претстава, да продискутираат, додаде Коцев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер