Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
2Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
КултураМНТ со „Ничија земја“ излегува на европската сцена и ќе гостува во Националниот театар во БудимпештаМакедонскиот народен театар в среда ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја“. Гостувањето, како што информираат од МНТ, е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, кој го потпишаа директорите Никола Кимовски од МНТ и Атила Видњански од Националниот театар во Будимпешта. Веќе следната година напролет, унгарскиот Национален театар ќе возврати посета со гостување во МНТ. Во пресрет на гостувањето на МНТ во „Nemzeti Színház“, директорот Никола Кимовски потенцираше дека ова е голема чест и силна потврда за квалитетот и зрелоста на нашиот ансамбл. -Ова гостување е повеќе од еднократен културен настан, и е ново поглавје во нашата меѓународна соработка. Унгарската публика ќе има можност да ја почувствува енергијата на „Ничија земја“, а ние со ист ентузијазам го очекуваме нивното гостување во Скопје следната година. Верувам дека ова партнерство ќе прерасне во долгорочна и продуктивна размена, изјави Кимовски. Претставата „Ничија земја“ во Будимпешта ќе се одигра во 19 часот, а по изведбата ќе се одржи „Сесија разговори“ (Q&A) меѓу македонските актери и публиката. По дискусијата, Националниот театар ќе организира пригоден коктел за целата македонска екипа. За време на посетата, директорот Кимовски ќе има и официјален прием кај директорот на „Nemzeti Színház“, Атила Видњански, за зацврстување на понатамошната соработка и развивање нови културни проекти меѓу двете институции, се вели во соопштението од МНТ. Публиката во Будимпешта ќе има можност да ја погледне претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов и во изведба на актерскиот ансамбл: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче Начев, Оливер Митковски, Софиа Насевска-Трифуновска, Александар Михајловски, Томе Станковски, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ненад Анѓелковиќ, Никола Стефанов, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Ивановски и Марија Кондовска. Современиот театарски комплекс со кружна форма - „Nemzeti Színház“, располага со четири изведбени сцени: Голема сцена со капацитет од 619 седишта, Студио сцена – флексибилен современ простор со 150 подвижни седишта, сала за помали претстави и мал интимен сценски простор. Дополнително, театарот има и отворена сцена на брегот на Дунав, која се користи за летни и специјални настани. Театарскиот комплекс е опкружен со градина и парк со скулптури, „театарски цитати“ – сценографски елементи и уметничко-просторни инсталации, инспирирани од историјата на театарот, хортикултурата и архитектурата. До влезот на театарот се пристапува преку мост, алузија на монументалните пристапи во традиционалните големи театри. Плоштадот пред главниот влез на театарот изгледа како преден дел од брод што навлегува во вештачко водно корито – симболично продолжение на Дунав. Во водата пред театарот е прикажана силуетата од старата зграда на Националниот театар. Во паркот се наоѓаат две големи просторни инсталации: лавиринт од високи живи огради и пирамидална градба – инспирирани од античките храмови и митски градби.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалРеал Мадрид ја губи трката по Родри, капитенот на Шпанија на чекор од БарселонаПресврт околу трансферот на капитенот на светскиот шампион Шпанија, Родри.Најдобриот фудбалер од 23 Мундијал, ја избира Барселона. Иако со недели се поврзуваше со Реал Мадрид, капитенот на шпанската репрезентација, Родри, е пред трансфер во Барселона. Родри го направи клучен чекор кон трансфер во Барселона. Според „Марка“, фудбалерот синоќа ја известил управата на каталонскиот клуб дека сака да му се приклучи на тимот на Ханси Флик. Оваа одлука практично ја исклучи секоја можност за премин во Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Барселона сега може да започне со подготовките за трансферот. Клубот ја обезбеди согласноста на играчот за започнување преговори со Манчестер Сити. Сепак, договорот нема да биде едноставен, бидејќи се очекува отштетата да изнесува најмалку 50 милиони евра – сума што клубот неофицијално ја потврди.Клубот неофицијално ја потврди веста.Тагови: Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВидео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови Тајфун се движи кон Јапонија. Се евакуираат 260 илјади луѓе.На стотици илјади луѓе во југозападен Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а денес беа откажани повеќе од 500 летови додека тајфунот „Долфин“, кој се движи бавно, се приближува кон регионот, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови. Тајфунот од прва категорија носи ветрови со максимална брзина од 144 километри на час, со удари што достигнуваат и до 198 километри на час, и се приближува кон низата острови меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA), пренесува Ројтерс. Властите издадоа наредби за евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, додека „Тојота“ денеска го прекина производството во девет фабрики. Надлежните очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата јачина додека се приближува кон Окинава, носејќи ризик од ветрови што би можеле да оштетат или урнат одредени објекти. Getting raked by back end of typhoon Dolphin now in N Okinawa pic.twitter.com/qD4gXNeXZL — James Reynolds (@EarthUncutTV) August 7, 2026 Јапонската метеоролошка агенција (JMA) предупреди дека може да се формира и линеарен појас на дожд – односно тесен појас на интензивни врнежи и грмотевици – што би можело да предизвика поплави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварскоДо 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook