МНТ со „Народен пратеник“ и „12“ ја почнува балканско-европската турнеја - Канал 5

МНТ со „Народен пратеник“ и „12“ ја почнува балканско-европската турнеја

Во рамки на одбележувањето на 80. јубилеј од постоење на Македонскиот народен театар (МНТ), установата почнува со турнеја на најактуелните претстави од големата и малата сцена -  „12“ по мотивите на Реџиналд Роуз.

МНТ со „Народен пратеник“ и „12“ ја почнува балканско-европската турнеја

Во рамки на одбележувањето на 80. јубилеј од постоење на Македонскиот народен театар (МНТ), установата почнува со турнеја на најактуелните претстави од големата и малата сцена - „12“ по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов и „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Првата турнеја почнува вечер, со гостувањето во Црногорско народно позориште - ЦНП, Подгорица, каде што ќе се одигра „Народен пратеник“.

Предвидени се два блока на гостувања, надвор од границите како и во нашата земја.

Како што е најавено, утре во Црногорско народно позориште - ЦНП ќе се одигра и претставата „12“. По настапот во Црна Гора, на 11 април следи гостувањето на „Народен пратеник“ и на 12 април со претставата „12“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

На 15 април со претставата „12“, МНТ ќе биде дел од фестивалската програма „5РЕ“ во Велес.

-Огромна чест е да се учества на 70. „Стериино позорје“, Нови Сад, каде што на 1 и 2 јуни пред новосадската публика ќе се одигра претставата „Народен пратеник“. Претставата „12“ на 17 јули ќе биде дел од програмата на „Охридско лето“, а истата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во вториот блок, во текот на септември предвидено е гостувањето со претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, во Националниот театар (Nemzeti Színház), Будимпешта, Унгарија, соопштија од МНТ.

Гостувањето во театарот „Иван Вазов“ во Бугарија ќе се случи наесен, оваа година, со претставата „Народен пратеник“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани.

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

По вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.

Напаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападот

Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба.

Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

На две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. 

Во Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијата

Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер