КултураМНТ: Премиера „Горчливите солзи на Петра фон Кант“На сцената на Македонскиот народен театар на 2 март, премиерно ќе биде одиграна претставата „Горчливите солзи на Петра фон Кант" од германскиот автор Рајнер Вернер Фасбиндер, а во режија на Ивица Димитријевиќ. Текстот е напишан кон почетокот на 70-тите години од минатиот век, со кој авторот стекнува и голема светска слава, бидејќи отворено зборува за љубовните односи меѓу жените. По екранизацијата на филмското платно, текстот е повеќепати поставуван и на светската театарска сцена, а во Македонскиот народен театар се поставува за првпат. Љубовната драма „Горчливите солзи на Петра фон Кант" е базирана на целосно и внимателно одбрана женска актерска екипа: Драгана Костадиновска - Петра фон Кант, Сара Анастасовска - Карин Тим, Сашка Димитровска - Сидони фон Гразенаб, Софиа Насевска -Трифуновска - Марлен, Тања Кочовска - Валери фон Кант и Анастасија Аневска - Габриеле фон Кант. Дејството на пиесата се случува во домот на нарцисоидната и позната модна креаторка Петра фон Кант, која ја следи променливата динамика во нејзините односи со другите жени. Приказната на протагонистката Петра е раскажана во пет чина, притоа секој од нив ги прикажува психолошките состојби на главниот лик. Претставата отворено и повеќедимензионално зборува и за тоа како капиталистичкото потрошувачко општество ѝ се заканува дури и на љубовта, без разлика за каква љубов станува збор — партнерска, другарска, родителска... За да ја первертира и да ја доведе до должничко доверителски продукт. Како креативни соработници се потпишуваат костимографката Ирина Тошева, консултант за сценографија е Кристина Божурска, а музиката ја изработи Јане Трајковски. Станува збор за копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар и МИ Филм, а следните изведби се закажана на 4 и 22 март со почеток во 20:00 часот. Билетите се достапни онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk како и на билетарницата во МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter