Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
1Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
КултураМНТ: Подготовки за претставата „Народен непријател" Подготовки за претставата „Народен непријател" - премиера во рамките на проектот „Патиштата на хероите".Во подготовка е и финалниот продукт од комплексниот проект „Патиштата на хероите" со премиера на претставата „Народен непријател" од авторот Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, чиј носител е Македонскиот народен театар, поддржан од програмата „Креативна Европа" во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан. Во копродукцискиот проект учествуваат автори од сите партнерски земји: Србија, Словенија, БиХ, Грција и Италија, а во изведба на актерите: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Нино Леви, Александар Михајловски, Мартин Ѓоргоски и Јана Вељановска. Претставата се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот, независно кој е во право. Премиерата на претставата се очекува кон почетокот на мај 2022 година, на големата сцена на Македонскиот народен театар, а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и во регионот. Проектот „Патиштата на хероите" е со времетраење од две и пол години, а во рамките на истиот опфатени се бројни програми меѓу кои: професионални работилници, изложби, креативни истражувања, издавачка дејност за деца, како и работилници од областа на современиот танц и гостувања на театарски фестивали итн. До сега се реализирани неколку креативни работилници преку кои Македонскиот народен театар заедно со издавачката куќа Гаврош со уште 5 (пет) други партнерски земји од Италија - Ла Драматурџи, Грција - Лооп Амке, Босна и Херцеговина - Студио Театар, Словенија - Институт за театарска игра и Србија - Ехо Анимато се занимаваат со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени. Се истражуваат механизмите на создавање и соработка во креативен тим, здружувајќи ги уметниците за преиспитување на нивните сопствени практики, со цел да се подобри уметничкиот тим и да создаде силно општество/заедница. Исто така, од вкупно дванаесет, снимени се шест краткометражни филмови на повеќе јазици од земјите соработници, кои ќе се емитуваат на првиот програмски сервис на МРТВ. Филмовите, од областа на екологијата, за подигнување на свеста на поединецот и како да се биде општествено одговорен кон природата се титлувани на македонски јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИнспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска негаОд Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега. Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови. „ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и ЦветанкаТагови: медицинска нега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНивото на водата во Дунав нагло опаѓа, Унгарија итно гради бранаУнгарија се стреми брзо да го прегради Дунав, кој нагло опадна поради сушата, за да го одржи ладењето во нуклеарната централа Пакш, изјави денес премиерот Петер Маѓар.„Почнавме со изградба на ниска брана што ќе придонесе за трајно зголемување на нивото на водата во Дунав“, изјави Маѓар пред новинарите во Пакш, 100 километри јужно од главниот град Будимпешта. Само две од осумте турбини во единствената нуклеарна централа во земјата сè уште работат за време на топлината и сушата што ги суши Дунав, Рајна и другите големи европски реки. Пред девет дена, електраната Пакш, која вообичаено снабдува најмалку една третина од потрошувачката на електрична енергија во Унгарија, беше на работ на целосно затворање. Континуираното работење на последната турбина зависеше само од неколку милиметри флуктуација на нивото на водата во Дунав. Властите во Романија денес соопштија дека го исклучуваат вториот реактор во нуклеарната централа Чернавода поради ниските нивоа на водата во Дунав. Првата единица беше исклучена кон крајот на јули поради недоволна вода за ладење. Унгарски војници работат дење и ноќе на изградбата Пред да се заврши браната, два баржи долги 80 метри, поставени еден зад друг и нормално на течението на реката, ќе бидат намерно потопени за да се создаде почетен ефект на преградување. Браната ќе биде изградена од околу 185.000 кубни метри камен. Според Маѓар, унгарските војници работат деноноќно на изградбата, која треба да биде завршена во следните четири недели. Се очекува дека ова ќе го покачи нивото на водата во Дунав за 1,2 метри пред системот за ладење на електраната Пакш. Премиерот ги процени трошоците на 19 милиони долари. Извор: Индекс.хрТагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Технологија„Honor“ го лансира „Robot Phone“ со камера што го следи секое ваше движењеГлавната вест за овој телефон е автоматизираниот „pop-up“ стабилизатор на камерата.„Honor Robot Phone “ е на радарот веќе некое време и конечно е достапен за претходна нарачка, иако засега само во Кина. Зборот „робот“ во името се однесува првенствено на автоматизираниот стабилизатор на камерата (гимбал) што „скока“ од куќиштето, што треба да привлече фотографи и видеографи. Овој стабилизатор е направен од титаниум и може да се движи во различни насоки, вклучувајќи целосна ротација од 360 степени. Ова очигледно овозможува снимање тешки снимки со кои обичните паметни телефони би се мачеле. Поддржува широк спектар на кинематографски режими на движење. Вграден е алгоритам за вештачка интелигенција за следење на објектот, каде што камерата автоматски се движи и ја навалува рамката за да следи личност. Исто така, постои контрола на гестови без раце, што може да се користи за извлекување на рачката на камерата и снимање снимки. Спецификациите на самиот систем на камерата се прилично импресивни. Системот на задната страна вклучува двојна камера од 200MP, со главен објектив од 200MP и телефото објектив од 200MP. „Honor“, исто така, соработуваше со „Arri“, добро познат производител на професионални филмски камери. Ова партнерство им дава уште повеќе алатки на почетниците видеографи, како што се намалување на шумот со вештачка интелигенција и повисок динамички опсег. Снимките може да се прегледаат и во реално време и да се снимаат во „RAW“ формат. Телефонот работи на „MagicOS“ и воведува нешто што се нарекува „YOYO Robot Mode“, кој комбинира „мултимодална перцепција, разбирање на контекстот, препознавање на гестови и физичко движење“. „Honor“ ветува дека ќе ја отвори платформата за независни развивачи, за да можат теоретски да ги искористат мултимодалните можности на телефонот. Компанијата вели дека трети страни веројатно ќе создадат нови искуства користејќи ги можностите на неговиот стабилизатор, перцепција и интеракција со телото. Секако, ова е исто така паметен телефон, а не само слатка мала камера што повремено се движи. Спецификациите се солидни. Телефонот се напојува со чипсет „Snapdragon Elite Gen 5“ со прилагоден систем за ладење и моќна батерија од 7.060 mAh. Има 6,3-инчен OLED дисплеј кој поддржува адаптивни стапки на освежување, со максимална осветленост од 6.800 нити. Моментално е достапен за претходна нарачка во две конфигурации. Едната има 12 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија, а другата има 16 GB RAM и 1 TB меморија. Испораката и официјалната продажба започнуваат на 18 август. Како што споменавме, „Honor Robot Phone“ моментално е достапен само во Кина. Во американски долари, моделот од 12 GB чини околу 1.480 долари, додека верзијата од 16 GB чини 2.075 долари. Извор: Б92Тагови: Honor Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook