Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
1Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураМНТ и Драмски театар со шест премиери во 2016-та„Егзодус“ - копродукциска претстава на Македонија и Полска, т.е. на МНТ и на театарот од Легнице, е една од шесте премиери на Македонскиот народен театар во 2016 година, кои се поддржани во Годишната програма на Министерството за култура. Се работи за сценски проект за децата бегалци од егејскиот дел на Македонија кои биле протерани во Легнице, Полска, во Граѓанската војна 1946-1949. Режисер е Јацег Гломб, директор на театарот во Легнице. По постановката на „Електра“ во 2014 година, украинскиот режисер Андриј Жолдак оваа година во МНТ ќе ја режира претставата „Соларис“, негов авторски проект. Бугарскиот режисер Александар Морфов, пак, ќе го режира „Дон Кихот“, неговиот сонародник Галин Стоев - „Тартиф“, Словенецот Томаж Пандур ќе ја режира „Зимска бајка“ од Шекспир, а премиера од големиот англиски драматург („Јулиј Цезар“) ќе постави и нашиот режисер Андреј Цветановски. МНТ оваа година ќе го организира и третиот Меѓународен театарски фестивал „МНТ фест“. Шест премиери оваа година ќе има и Драмски театар-Скопје, од кои една е од гостински режисер - Лилија Абаџиева од Бугарија, која ќе го режира „Франкештајн“ по мотиви на Мери Шели. Во ДТС годинава повторно ќе биде поставена култната претстава „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски. Наташа Поплавска ќе го режира „Венецијанскиот трговец“ на Шекспир, Љубиша Георгиевски - „Кристофор Колумбо“, Димче Николовски - „Снежана и седумте џуџиња“, а Дејан Пројковски ќе го постави „Сирано де Бержерак“. Во Театар Комедија ќе режираат Дино Мустафиќ - „Случки“ на Данил Хармс, Тјаша Чрнигој со „Трудна приказна“, Александра Кардалевска ќе ја режира претставата „Дон Жуан во Соко“, а и годинава во општина Аеродром „Комедија“ ќе го организира фестивалот „Гола месечина“. Театарот за деца и младинци во 2016 ќе има премиера на „Пепелашка“ во режија на Деан Дамјановски, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“ во режија на Хана Миленковска, режисерот од Бугарија Боњо Лунгов, кој е долгогодишен соработник на ТДМ, оваа година ќе режира мјузикл за тинејџери „Училница 304“, а Игор Ивковиќ ќе ја постави „Мачорот во чизми“. Четири премиери ќе има Албанскиот театар-Скопје: „Бегство“ на Рефет Абази во режија на Ќендрим Ријани, „Плавото куче“ на режисерот Али Волкан Четинкаја, „Сите мои синови“ на Артур Милер во режија на Димитар Еленов и „Љубовникот“ од Харлод Пинтер во режија на Бесфорт Идризи. Три премиери ќе подготви Турскиот театар-Скопје, од кои две се дела од Шекспир: „Комедија на забуни“ во режија на Коле Ангеловски и „Отело“ која ќе ја режира Дејан Пројковски. Третата премиера на овој театар е „Пеги Пикит го гледа Божјото лице“ во режија на Ивана Ангеловска. Во Битолскиот театар ќе режираат тројца режисери од странство: Диего де Бреа од Словенија со „Разбојници“ од Шилер, Александар Баргман од Русија со авторскиот проект „Другари“ и Андраш Урбан од Суботица, Србија, со „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу. Во Битолски ќе режира и Љупчо Ѓорѓиевски - „Кралски игри“ од Григориј Горин, а театарот и годинава ќе биде домаќин на Меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“. Театарот „Јордан Хаџи-Константинов - Џинот“ во Велес ќе има четири премиери: „Ана Комнена“ од Сашо Димовски во режија на Васил Зафирчев, „Бели ноќи“ од Достоевски во режија на Ѕвезда Ангеловска. Александар Ивановски ќе ја режира претставата „Добра надеж“, а Софија Ристевска ќе ја постави „Старицата од Калкута“. Тетовскиот театар ќе го организира Меѓународниот театарски фестивал и премиерите: „Поручникот од Иншимор“ во режија на Ќендрим Ријани, „Човек, ѕвер и доблест“ од Пирандело во режија на Куштрим Бектеши, „Ноќ на боговите“ на режисееот „Музафер Етеми, „Павилјон бр. 6“ од Чехов во режија на Ѓорѓи Ризески и претставата „Леонс и Лена“ од Бихнер која ќе ја режира Драгана Таневска. Во Прилепскиот театар ќе режираат Кристина Димитрова („Обѕрни се во гневот“ од Џин Обзорн), Наташа Поплавска („Фигурае Венерис Хисториае“ од Горан Стефановски), Кирил Петрески („Хамлет во село Долна Мрдуша“ од Иво Брешан) и Југослав Кочоски („Во сенката на ветрот“ од Пол Емон). Народниот театар Струмица ќе има четири премиери: куклената претстава „Светлосиното куче Петар“ на Колоди во режија на Дарко Ковачевски, „Мурлин Мурло“ на Кољада во режија на Ана Батева, „Џон Габриел Боркман“ на Ибзен во режија на Горан Тренчовски и „Вртелешка“ на Шницлер во режија на Драгана Таневска. „Лазаревото писмо“ од Живко Чинго во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, „Суд“ од Коле Чашуле во режија на Дамјан Читкушев и „Кралот на Бетајнова“ од Цанкар во режија на Миха Голоб ќе бидат поставени на сцената во Штип. Во Кумановскиот театар ќе режираат: Коле Ангеловски (Бегај, еве ја жена ти 2), Андреј Цветановски („Ревизор“ од Гогољ), Илирјан Химај („Учење“ од Јонеско) и Бен Аполони („Вообразен болен“ од Молиер), а ќе се организира и фестивалот „Денови на комедијата“. Три премиери ќе има и Охридскиот театар: „Годподинот благородник“ на Молиер во режија на Дејана Николовска, „Дениција“ од Петре М. Андреевски во режија на Константин Плевнеш и „Парламентарки“ од Аристофан во режија на Ненад Витанов. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПетровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции. Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем. „Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска. Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34