3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
КултураМНТ - Година на праизведби, гостувања, награди и признанијаНа матичната сцена се реализираа 4 (четири) премиерни изведби, 2 (две) продукции на МНТ и 2 (две) копродукциски претстави. -Зад нас останува уште една сосема успешна година, исполнета со висококвалификувана продукција од домашни и странски автори, современа драматургија, интимен театар, работилници, разговори и дискусии од процес до реализација на една претстава, отворена сцена - ПАНФИЗ, фестивали, гостувања, издавање монографија, начин на изразување на нови и стари уметнички форми препознаени од пошироката театарска маса, а сето тоа реализирано во рамките и можностите на протоколарните мерки пропишани согласно со условите за работа. На матичната сцена се реализираа 4 (четири) премиерни изведби, 2 (две) продукции на МНТ и 2 (две) копродукциски претстави. Непосредно по премиерните изведби следуваа повеќе патувања на различни претстави и фестивалски претставувања/гостувања на македонската сцена и надвор од границите, како и гостувања на домашни и странски продукции на нашата сцена. Патем како круна на успешните продукции се случија повеќе наградувања за претстави, специјални награди за режии, награди за најдобар/-а актер/актерка, награди за монодрами, лауреат за најдобро актерско остварување, награди за животно дело итн. „Само глас" е првата праизведба/премиера која се оствари во мај, при што во изминатиот период достигна и голем успех како во нашата земја така и надвор од границите. Во септември со истата претстава гостувавме на 29. ФКТ „Ристо Шишков", а првенката Звездана Ангеловска е единствен актер во историјата што по втор пат ја добива наградата лауреат за најдобро актерско остварување. Покрај актерката Ангеловска во претставата со снимен глас игра и првенецот на МНТ, Никола Ристановски, како и гостинот од НОБ, балетанот Мирослав Митрашиновиќ, со својот безрезервен талент и во потполн сјај ја претставија нашата земја на 16. меѓународен фестивал „Јоакимфест", Р Србија каде што претставата ја доби и Специјалната награда на градот Крагуевац за извонреден музички концепт. Она што жирито на овој фестивал го воодушеви е: „музиката која е разиграна, продолжена рака на длабокиот глас на отуѓеноста. Комисијата истакна дека ова е ретко дело во кое музиката е потполн партнер и на актерот и на текстот и на режијата и на сценографијата и на филмот. Доминантен партнер." Претставата е во режија на Марјан Неќак и младата и неизмерно талентирана авторка Нина Плавањац. Непосредно потоа следеа и наградите од 55. МТФ „Војдан Чернодрински", награда за животно дело за доајенот на Македонскиот народен театар, Емил Рубен, а актерот Јордан Симонов е добитник на наградата за главна машка улога за улогата Филип во претставата „Мој термин". За монодрамите и дуодрамите се отвори и изложбата „Монодрамите и дуодрамите на МНТ" која за публиката беше од отворен, но и виртуелен тип, исто така значително важно за формата на која изминатата година се стави акцент, а по идеја и реализиција на Ивана Јарчевска и Мила Анѓелковиќ беа прикажани 20-тина монодрами и дуодрами кои се центар на истоимената изложба поставена во фоајето на театарот. Гостувањата и наградите се нижеа, присуството и силата на актерот, сите негови умеења и вештини, посветеност и сигурност се неизоставен дел и носечки елемент на она што ја прави монодрамата, а првенецот на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, за монодрамата „Последната лента на Крап" која е во негова изведба и режија, на 22. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола доби гран при за најдобра претстава и најдобра режија. „Нема да биде крај на светот" од младиот автор Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ беше проект со којшто започна изминатата сезона, иако праизведбата/премиерата прво беше одиграна на сцената на Сараевски ратни театар — САРТР од Сараево, БиХ, а потоа и на нашата матична сцена, бидејќи станува збор за копродукциски проект меѓу два театри. Оваа драма не ја остави рамнодушна ниту жири-комисијата на театарскиот фестивал „Живи фест" во БиХ, каде што ѝ беа доделени 4 (четири) едногласни награди: специјалната награда за режија за Нина Николиќ, наградата за најдобра актерка за Дарја Ризова, наградата за најдобар актер за Саша Ханџиќ и специјалната награда за актерска игра ја освои Џана Џаниќ. По премиерната изведба во БиХ на „Нема да биде крај на светот" следеше претставата според вистински приказни „Работи за кои не зборуваме", во режија на Нела Витошевиќ, а во продукција на МНТ и Wonderland Theatre. Непосредно по успешната премиерна изведба на младата и талентирана актерска екипа, претставата отпатува на балканско-европска турнеја (Р Србија, Р Полска, БиХ како и двете гостувања во Битола и во Штип) и за краток период оваа современа драматургија ја освои театарската публика на домашната и на странската сцена, а турнејата покажа колку актуелна и универзална претстава сме направиле и колку е потребна размена на театарски искуства со други земји. Тоа го докажа и приемот на публиката кон претставата, со што дополнително се потврди дека комуницира и со публика која не го зборува нашиот јазик. Последната претстава за изминатата година е „Торонто експрес" од домашниот автор Зоран Спасов - Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на Александар Микиќ. Станува збор за урнебесна комедија која во исто време расплакува од смеа, но и од тага, претстава за која билетите се продаваат во рекордно време. Од домашните гостувања ги издвојуваме гостувањето на МНТ со претставата „Отело" на 18. Интернационален фестивал на античка драма во Стоби на сцената во „Ј.Х.К.-Џинот – Велес и Скопско лето. Модерната музичка драма „Само глас" исто така гостуваше на 42. Скопско лето, како и на 61. Интернационален фестивал Охридско лето каде што Македонскиот народен театар ја подари и бистата од Ана Липша-Тофовиќ датирана во 1970 година, со наслов „Орфеј на Ана". Претставата „Кец на десетка" гостуваше во рамките на манифестацијата „Струмица —Град на културата" за 2021 година во Домот на културата „Антон Панов"— Струмица. „Мој термин" е претставата со која МНТ го отвори 55. МТФ „Војдан Чернодрински". Од гостувања во МНТ се издвојуваат: „Поделби", од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ. Гостувањето беше копродукциски проект меѓу Српско народно позориште, Нови Сад, Народно позориште, Ниш и Народно позориште, Приштина – со седиште во Грачаница. Исто така гостуваа театарските куќи од државата меѓу кои: Театарот „Ј. Х. К. -Џинот", Велес со танцовиот перформанс „Петтото годишно време" и НУЦК „Трајко Прокопиев" - Куманово со претставата „Драма изгубена во времето". Годината се заврши со монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии", забележано под објективот на фотографот Кире Галевски и Македонскиот народен театар како издавач. Промоцијата на монографијата ќе биде во текот на оваа година. НУ Македонски народен театарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
ХороскопНеделен хороскоп за 19. до 26. октомври 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 19. до 26. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрон се урна во ЛитванијаДрон, кој најверојатно навлегол во литванскиот воздушен простор од соседна Полска, се урнал на северот од оваа земја-членка на ЕУ и НАТО, соопшти денеска министерот за одбрана Робертас Каунас.Остатоците оштетиле приватен автомобил, но нема повредени, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Националниот центар за управување со кризи. Засега не е познато дали леталото носело експлозив, а во тек е истрага, додаде тој. Претходно денеска, властите ги повикаа жителите во централните и северните делови на земјата да побараат засолниште поради присуството на неидентификуван летечки објект. Во областа беа испратени борбени авиони на НАТО за заштита на воздушниот простор, а аеродромот во Каунас беше затворен во траење од околу еден час. Украина: Русите ги попречуваат сигналите Полската војска денеска исто така пријави можно нарушување на својот воздушен простор. Во последните месеци, украински дронови во неколку наврати навлегоа во воздушниот простор на НАТО во балтичкиот регион. Од Киев изјавија дека дроновите отстапиле од планираните патеки на летање поради руско попречување на сигналите. Ова предизвика загриженост дека руската војна во Украина би можела да се прелее преку границите на НАТО. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: дрон Литванија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
МакедонијаЗасилени сообраќајни контроли во Скопје: Осум возачи под дејство на алкохолЧетири лица лишени од слобода за безобѕирно управување со моторно возило.Во текот на ноќта на 17/18.10.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола на подрачјата на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со посебен акцент на откривање и санкционирање возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. При контролата откриени се осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои тројца се лишени од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, бидејќи кај нив било утврдено присуство на алкохол над 1,50 ‰. Дополнително, од слобода е лишено уште едно лице поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, затоа што управувало моторно возило без возачка дозвола. Против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Апелираме до сите возачи и учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило под дејство на алкохол и со своето одговорно однесување да придонесат за побезбедни патиштаТагови: дејство на алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter