МНТ ги почна подготовките за копродукциската претстава „Прекината Одисеја“ - Канал 5

МНТ ги почна подготовките за копродукциската претстава „Прекината Одисеја“

Македонскиот народен театар почна интензивни подготвки за претставата „Прекината Одисеја“ во режија на Јацек Гломб, која е копродукција со театарот „Хелена Моджејевска“ од Легница, Полска.

МНТ ги почна подготовките за копродукциската претстава „Прекината Одисеја“
Проектот е базиран на судбината и егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија кои завршиле во Полска - поголем дел во градот Легница. Во периодот од 1946 до 1949 година, Полска ги прифатила децата бегалци и тие биле сместени во полските училишта и образовните центри, а подоцна им се придружиле и нивните родители. Дел од имигрантите создале свои семејства и останале засекогаш во Полска, а дел од нив во 1970-тите години се вратиле на Балканот и во тогашна Југославија.

- Оваа комплексна тема, режисерот Гломб ја почна со прибирање податоци за сите тие големи човечки судбини, преку разговори со децата бегалци, кои беа директни учесници во големиот прогон, посета на музеи и работилници со актерите од Македонија и Полска во МНТ. Претставата опфаќа актери од Македонија и Полска, со кои режисерот веќе работеше во театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница. Следува работа со македонските актери во Македонскиот народен театар чии проби почнуваат денеска, информира МНТ.

Двата ансамбла подоцна ќе работат на заедничка подготовка, по што праизведбата на претставата „Прекината Одисеја“ се очекува на 17 септември 2016 година во Македонскиот народен театар. Претставата ќе биде изведена десет пати во Македонија, а во ноември годинава ќе се одигра и десет пати во Варшава, Вроцлав, Легница и Краков.

Преставата ќе се игра на двата јазика, македонски и полски, а учествуваат околу 30 актери. Од МНТ се вклучени актерите: Владо Јовановски, Софиа Насевска-Трифуновска, Сашка Димитровска, Снежана Коневска-Руси, Билјана Јовановска, Борче Начев, Нино Леви и Трајче Ѓоргиев.

Драматург на претставата е Роберт Урбански од Полска. Музиката е на Горан Трајкоски, а сценографијата и костимите се на Малгорзата Буланда.

МНТ потсетува дека соработката помеѓу двата театра почна со меѓусебно гостување. Првото официјално гостување на Македонскиот народен театар беше од 4-ти до 8 декември 2015 година во театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница, кој е еден од петте позначајни театри Полска.

- Соработката на двата театра е, исто така, од особено значење за продлабочувањето на македонско-полската културна соработка, што се гледа и во подготовката на претставата „Прекината Одисеја“, наведува Македонскиот народен театар. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Килијан Мбапе откри дека бил многу блиску до премин во Ливерпул во 2016 година, но сепак одлучил да се послуша себеси, а не советите на својата мајка, која била воодушевена од клубот од „Енфилд“.

Мбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!

Во тоа време, Мбапе имал 18 години и настапувал за Монако, а Ливерпул се обидувал да го убеди да ја продолжи кариерата на „Енфилд“.

„Бев блиску до Ливерпул. Омилената дестинација на мајка ми беше Ливерпул. Таа сакаше да одам таму“, изјави Мбапе за „Атлетик“, а пренесе Би-би-си.

Сепак, Французинот одлучи да остане во татковината и да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен.

„Не ја послушав бидејќи сакав да играм во мојот град, Париз. Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто“, објасни Мбапе. Според него, мајка му била голем обожавател на тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и сакала да го види својот син во дресот на англискиот клуб. „Постојано ми велеше: 'Ливерпул – ќе бидеш таму, ќе играш на „Енфилд“, тоа ќе биде одлично за тебе'“, додаде Мбапе.

Мбапе исто така откри дека неговата мајка лично отишла во Ливерпул за да ги види клубот и стадионот за време на првата фаза од преговорите. „Таа отиде во градот, на стадионот, се запозна со луѓето. Рече: 'Тоа е прекрасен клуб, сите се многу пријателски настроени, тоа е семеен клуб, голем клуб'. Отиде на 'Енфилд' и се вљуби во него“, изјави Мбапе.

Неговата мајка дури и сама гледала неколку натпревари за да ја почувствува атмосферата и да замисли како нејзиниот син игра на тој познат стадион. Клоп претходно откри дека Ливерпул направил сè за да се реализира трансферот.

Меѓу другото, клубот обезбедил приватен авион за семејството Мбапе да патува од Блекпул до Ница. „Навистина направивме сè. Потоа летавме, разговаравме со семејството и јадевме добра храна“, рече Клоп.

Германскиот експерт додаде дека се обиделе да избегнат јавно внимание, но дека преговорите на крајот не вродиле со плод. Потоа, Мбапе премина во Париз Сен Жермен како позајмен играч од Монако, со опција за траен трансфер вреден 180 милиони евра.

Тој помина седум години во Париз и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да замине во Реал Мадрид во 2024 година. „На крајот, одлучив да одам во ПСЖ бидејќи за мене – како некој што е роден и израснат во Париз – немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот град“, заклучи Мбапе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазик

Во „Партенија Зографски“ државното средно училиште со ресурсен центар,  наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.

Јаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазик

Затоа што сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, додавајќи дека тоа е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух.

„Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“, посочи министерката Јаневска.

Македонија, како држава, е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што обврзува на почитување на принципите на инклузија и недискриминација, и вклучување на децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби.

„Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска, додавајќи дека секој од нас може да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух така што ќе научи по нешто од знаковниот јазик. Така лицата со оштетен слух ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат.

Подобрување на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна снег на Пелистер

Првиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер.

Падна снег на Пелистер

Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка.

Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер