МНРиНТ: Нова динамика во соработката со Мароко - Канал 5

МНРиНТ: Нова динамика во соработката со Мароко

На разговорите е разговарано и за збогатување на постојната билатерална договорна рамка и финалните подготовки за потпишување на неколку билатерални акти.

МНРиНТ: Нова динамика во соработката со Мароко

Во Рабат се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, предводени од заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и генералниот директор за меѓународни политички прашања во Министерството за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, амбасадорот Фуад Јазур.

На пленарната сесија, како што информираат МНРиНТ, во Министерството за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници биле разгледани прашања поврзани со севкупните односи меѓу двете земји, како што се политичкиот дијалог, парламентарната соработка и претстојните посети на високо ниво, особено во пресрет на одбележувањето 25 години од воспоставувањето дипломатски односи в година. Особено внимание било посветено на економските односи и можностите за соработка во трговијата, инвестициите, енергетиката, туризмот и образованието, со акцент на стратешката позиционираност на двете земји како важни крстосници и нивниот потенцијал за унапредување на постојните транспортни и логистички коридори.

- Нашата стратешка позиција на коридорите 8 и 10, како и улогата на Мароко како врата кон Африка, создаваат можност за продлабочување на соработката во логистиката, енергетиката и дигиталната инфраструктура. Нашата заедничка цел е да овозможиме простап до комплементарните пазари, европскиот за Мароко и африканскиот за Македонија, преку поинтензивна економска и инфраструктурна поврзаност - истакнал Димитровски.

Двете страни се осврнале и на мултилатералната соработка, пред сè, во рамките на Обединетите нации и Унијата за Медитеранот, како и на регионалните и глобалните прашања - од состојбите во Западен Балкан и регионот MENA до актуелните безбедносни предизвици поврзани со Украина, Блискиот Исток и Африка. На разговорите е разговарано и за збогатување на постојната билатерална договорна рамка и финалните подготовки за потпишување на неколку билатерални акти.

Како што посочуваат од МНРиНТ, посетата на Рабат почнала со кратка, протоколарна средба на заменик-министерот Димитровски со министерот за надворешни работи на Кралството Мароко, Насер Бурита, кој посакал успешна работа и ги изразила своите очекувања посетата да претставува добра основа за понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

Во рамките на посетата на Кралството Мароко делегацијата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остварила средби и со државниот секретар во Министерството за индустрија и трговија задолжен за надворешна трговија, Омар Хеџира, како и со претседателката на парламентарната група за пријателство со Собранието на Република Македонија во Претставничкиот дом на Кралството Мароко, Каула ел-Харчи, при што биле потврдени одличните заемни односи и перспективите за нивно натамошно унапредување во непосредниот период.

Во текот на посетата од двете страни било потврдена волјата силната политичка релација да прерасне во подинамична и посеопфатна секторска соработка која ќе доведе до динамизирање на економските и трговските односи меѓу двете земји.

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, одржа и предавање во Кралскиот институт за стратешки студии, при што говорел за приоритетите во надворешната политика на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер