МНР: Успешно завршениот попис од големо значење за функционирањето на државата и општеството

Министерството за надворешни работи го поздравува успешно спроведениот попис на населението.

Министерството за надворешни работи го поздравува успешно спроведениот попис на населението, кој Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања го спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, согласно меѓународните стандарди и критериуми на Евростат.

-Во тој процес, Министерството за надворешни работи го даде својот придонес во делот на попишувањето на нерезидентното население на Македонија во дијаспората, за што изразуваме посебно задоволство. Успешно завршениот попис е од големо значење за многу сегменти на функционирањето на државата и општеството, како и за обезбедување понатамошен развој, и дотолку по значаен имајќи предвид дека последниот попис во државата беше направен во 2002 година, се вели во соопштението од МНР.

Во интерес на сите страни, нагласуваат од Министерството, е резултатите на овој значаен реализиран државен проект да бидат поздравени и поддржани во нивната понатамошна практична употреба, а нивното политизирање подложи на тврдења кои не се засновани на оправдани и издржани аргументи и стандарди.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер