МНР со остра осуда за заканите кон новинарот Видиновски од бугаринот Стојанов

Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува заканите упатени на социјалните мрежи кон македонскиот новинар  Александар Видиновски од страна на лицето Виктор Стојанов за репортажа објавена на телевизијата Канал 5.

Секоја форма на притисок, закани или вербални напади врз новинарите и медиумските работници претставува и закана за слободното изразување и слободата на медиумите, и лесно може да ја загрози работата на новинарите која е од јавен интерес.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за овој случај веќе сигнализираше кај бугарските колеги преку механизмот за борба против говор на омраза воспоставен согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со цел негово евидентирања и соодветно постапување од страна на надлежните органи, соопшти МНР.

Еруптираше вулканот Етна (ВИДЕО)

Вулканот Етна на Сицилија еруптираше вечерва, исфрлајќи лава и густ чад, но немаше големи облаци од пепел над италијанскиот медитерански остров, а нема ниту информации за штета.

На снимката се гледа како лава и остатоци полека течат по планината, а истражувачите ја набљудуваат ерупцијата во близина.

Етна е еден од најактивните вулкани во светот, а особено е активен во близина на југоисточниот кратер. Тој е и најголемиот активен вулкан во Европа, висок околу 3300 метри.

Сиљановска Давкова: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

„Барам разбирање, го имаме Преспанскиот договор, се смени уставот, сменивме документи, дури и шахтите ги сменивме, време е другата страна да покаже кооперативност“

Гордана Сиљановска Давкова гостинка во „Само Интервју“

Не сум видела натпис во Грција со „Северна“.

Барам разбирање, го имаме Преспанскиот договор, се смени уставот, сменивме документи, дури и шахтите ги сменивме, време е другата страна да покаже кооперативност.

Ако зборуваме за демократија треба сите да внимаваме што бараме.

Крајната десница е евроскептична и нема разбирање за проширувањето, а како што гледаме тие сили во време на војна се во пораст.

Да беа совесни и етични тие во судскиот совет по сите скандали, сами ќе си поднесеа оставки

Ако треба постојано да внимаваме на етничка застапеност, во еден орган каде што има многу моќ јас ставив две жени.

Мислам дека г-ѓата Бежовска е добра гувернерка и дека претходните биле одлични, не сум разговарала за нејзина промена.

Власта не смее да се однесува со опозицијата како што се однесуваше претходната, треба силна и конструктивна опозиција, посакувам СДСМ да излезе од кризата во која што е.

Сите влади треба да вклучуваат и албански партии заради градење меѓуетнички односи, се надевам по 20 години учество во парламентот ДУИ научија што е демократија.

Во кабинетот ми посочија дека си имало ротации, дека на ред е да оди владата, можеби Мицкоски ќе има непријатно, а можеби пријатно искуство во Вашингтон.

Сликата понекогаш може да биде омраза не само говор на омраза, не сум љубителка на протоколи.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само интервју“:

Џеф Безос повторно продава акции на Амазон, се очекува заработувачка во милијарди

Основачот на Амазон, Џеф Безос вели дека ќе продаде уште 25 милиони акции на технолошкиот гигант, во вредност од речиси 5 милијарди долари.

Соопштението доаѓа откако акциите на компанијата вчера достигнаа рекордно високо ниво.

Во февруари Безос објави дека ќе продаде акции на Амазон во вредност од околу 8,5 милијарди долари.

Тоа беше прв пат од 2021 година Безос да продаде акции на Амазон.

Акциите на компанијата се зголемија за повеќе од 30 отсто оваа година поради очекувањата дека зголемената побарувачка за технологија за вештачка интелигенција (ВИ) ќе ја зголеми заработката во нејзиниот бизнис со клауд компјутери.

Минатиот месец, вредноста на акциите на Амазон за прв пат надмина 2 трилиони долари, пишува Би-Би-Си.

Сепак, тоа е сè уште зад другите технолошки гиганти Nvidia, Apple и Microsoft, кои сите ја надминаа границата од 3 трилиони долари.

Амазон објави силна квартална заработка кон крајот на април, што покажува дека инвестицијата на компанијата во вештачката интелигенција се исплатела.

Безос се повлече од функцијата извршен директор на компанијата во 2021 година и моментално е извршен претседател на компанијата и останува нејзин најголем акционер.

Тој го основа Амазон во 1994 година во гаража во Вашингтон, кога Интернетот сè уште беше во зародиш, а компанијата започна како онлајн продавач на книги со најголемата колекција на е-книги во светот.

Оттогаш, Амазон стана една од водечките светски компании за онлајн малопродажба и компјутери во облак.

Тој, исто така, ја основа компанијата Blue Origin, која испрати шест корисници на работ на вселената во мај.

Безос е втор најбогат човек во светот, според листата на милијардери на Форбс, со проценета нето вредност од околу 214 милијарди долари.

притисни ентер