МНР: Резолуцијата на СЕ е базирана врз наодите и препораките на мислењето на независни експерти

Македонија останува и во иднина посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права.

Тоа го порача Министерството за надворешни работи откако денеска Комитетот на министри при Советот на Европа, усвои Резолуција за Македонија со која е комплетиран петтиот циклус на редовна евалуација на земјава во однос на спроведувањето на обврските преземени со пристапувањето кон Рамковната конвенција за национални малцинства.

-Во процесот на усвојувањето на Резолуцијата, беа поднесените бројни амандмани од друга заинтересирана делегација кои не наидоа на поддршка од мнозинството земји членки на Совет на Европа. Помеѓу останатото, аргументацијата на високото мнозинството претставници е дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку треба да се засноваат на духот и принципите на меѓународното право и стандарди, како и објективните наоди на независните експерти кои рефлектираат на реалната состојба. Северна Македонија останува и во иднина посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, независно за која етничка заедница станува збор, и отворена за соработка и дијалог со релевантните механизми за човекови права, стои во соопштението на МНР.

Мониторинг процесот, кој трае определен период и низ кој циклично на пет години поминува секоја земја-договорна страна на Конвенцијата, кулминира со усвојување Резолуција од Комитетот на министри. Резолуцијата, наведуваат од МНР, е базирана врз наодите и препораките на Мислењето на независните експерти на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за национални малцинства, кои меѓу другото, остварија и посета на земјава во ноември 2021 година. Мислењето е објавено на интернет страницата на Совет на Европа во септември минатата година.

Како што претходно објави МИА, во Резолуцијата на Комитетот на министрите на СЕ за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во земјава, меѓу другото, се бара промовирање на интегрирано општество кое се заснова на почит и доверба меѓу различните заедници, а во насока, пред се, да се зголемат напорите за спречување случаи на кршење на човековите права на Ромите од страна на полицијата и да се подобри пристапот на децата Роми до квалитетно образование. Исто така, да се обезбеди Ромите во пракса да имаат пристап до законски гарантираните бесплатни здравствени услуги, а посебно внимание да се посвети на пристапот до услуги и информации за репродуктивното здравје за жените Ромки.

Во усвоената Резолуција никаде не се споменува бугарското малцинство во државава.

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно беше е да излезат над 725 илјади граѓани..

Јован Ѓорговски и во овие вести со анализа и за денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Еден час до затворањето на гласачките кутии..

Македонија гласа на двојните избори.. Повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Одиме прво во дик..

Таму е Михајло Видимлиски.. Михајло, она што најмногу ги интересира граѓаните - колкава е излезноста и има ли посериозни нерегуларности?

Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките места во Скопје

Македонија избира шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав – граѓаните излегоа да го остварат своето право на глас – но не секој од нив се одлучи да земе од двете избирачки ливчиња.

Екипи на Канал 5 од рано утринава беа во обиколка на неколку избирачки места, во општина Центар, Чaир, Карпош, Центар....

Oд она што го забележавме на терен, иако имаше граѓани кои гласаа за двата вида на избори, имаше и граѓани кои го остварија своето право на глас, но одбраа да гласаат само за парламантарните избори.

„Само едни, да ти кажам право само парламентарни, а за претседател тешко да има сега....“

„Да за давата...и за парламентарни и за претседателски...“

„И едно и друго, само да даде господ нешто малце да се смени...“

Велат надеж за подборо утре имаат, но не очекуваат некој поголеми промени.

„ДАј бог да има нешто да биде подобро....“

„Сигурно ќе биде нешто подобро мора да имаме некоја вера. “ –игор

„Па вајда некој промени нешто подобро....“

„Би сакала луѓето да бидат слободни и да ги остварат своите права....“

Согласно новите насоки од Државната изборна комисија на денешните двојни избори од страна на членовите на Избирачкиот одбор на граѓаните им се поставува прашањето „Дали сакаат да гласаат за двата вида избори, или само за парламентарни или претседателски“.

Кога се поставувало прашањето, дел од претседателите на некој од избирачките места, велат имало рекации од граѓани дека прашањето го чувствувале како притисок.

„Имаше неколку прашуваа го чувствуваа тоа како притисок, но бидејќи е тоа насока од ДИК им објаснувавме и се поминува во ред потоа.“

На избирчаките места раздвижено ...

Сите 3 480 избирчаки места во земајва беа отворени навреме.

„Почна од 7.00 се е во ред...“

„Навреме е отворено, галсањето тече во најдобар ред, гледате и сами нема никакви проблеми....“

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.

притисни ентер