МНР на Египет: Нападот врз училиште во Газа „јасен доказ“ дека Израел нема волја да стави крај - Канал 5

МНР на Египет: Нападот врз училиште во Газа „јасен доказ“ дека Израел нема волја да стави крај

Египет остро го осуди израелскиот напад извршен денеска врз засолниште во училиште во градот Газа, во кој загинаа најмалку 100 луѓе, јави ДПА.

МНР на Египет: Нападот врз училиште во Газа „јасен доказ“ дека Израел нема волја да стави крај

Министерството за надворешни работи во Каиро соопшти дека нападот покажува „невидено непочитување на меѓународното право“. Се наведува дека нападот бил „продолжение на злосторствата од големи размери“ во кои биле убиени „огромен број невооружени цивили“.

Министерството истакна дека нападот е во време кога посредниците се обидуваат да постигнат прекин на огнот во Газа, додавајќи дека ова е „јасен доказ“ дека нема волја од израелската страна да се прекине војната во Појасот Газа.

Египет е вклучен во повеќемесечните напори заедно со САД и Катар за да се постигне прекин на огнот меѓу Израел и палестинската екстремистичка група Хамас за да се стави крај на војната во Газа.

Најмалку 100 луѓе загинаа во воздушен напад извршен од израелските сили денескаврз училиште во градот Газа, според медицински и безбедносни извори. Зградата, што се користела како засолниште за раселените лица, била погодена за време на утринската молитва, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас./МИА

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Авионот испратен за евакуација на првата група од осум македонски државјани кои се евакурани од Израел, од Шарм Ел Шеик во Египет, тргнува назад кон Македонија.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Се очекува групата од осум лица да пристигне вечерва на скопскиот аеродром

Како што дознава Канал 5, Македонија ги евакуираше своите државјани меѓу првите земји во Европа, пред Унгарија и Грција.

Албанските и словенечките државјани се враќаат во своите земји со помош на Грција.

„Бетcast" со Александра Каранфиловска

Вечерва во 21:30ч премиерно на YouTube, и во 23:30ч на Канал 5 ТВ.

„Бетcast" со Александра Каранфиловска

Колку длабоко во човековата психа може да допре психичката траума?

Што доведе една млада личност да посегне по сопствениот живот, кои се тајните знаци на патот до амбисот?

Александра Каранфиловска во Беткаст во 21:30ч премиерно на YouTube, и во 23:30ч на Канал 5 ТВ.

YouTube video

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Поранешниот командант на силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ), Ахмад Вахиди, изјави дека Иран сè уште не ја распоредил својата најнова генерација ракети и наскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле.

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи го обвини Израел за напад врз иранските нафтени постројки во Персиски Залив.

Тој истакна дека нападите се дел од поширока стратегија за ескалација на судирите и вклучување на други регионални и глобални актери во судирот.

притисни ентер