3Гревови од младоста: Началникот на армијата на Нов Зеланд поднесе оставка поради „несоодветен однос„
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
1Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
МакедонијаМНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немириМексико во пламен – Халиско картелот по ликвидацијата на нивниот лидер, наркобосот „Ел Менчо“ ги претвори улиците во воено поле. Одекнуваат експлозиви и пукотници од огнено оружје во судирот со безбедносните сили.Немесио Осегера Сервантес – познат како „Ел Менчо“ на прострелните рани од акцијата која безбедносните сили ја спровеле в зори им подлегнал во хеликоптер, барајќи спас во Мексико Сити - Исход кој го ослободи бесот и препознатливата бруталност на картелот што ги доведе и државата и нејзините граѓани во неизвесност.. се палат бензиски пумпи, автомобили и камиони, се вршат напади на аеродромите, се блокираат патишта, а се пука и на цивили. -Само што свртевме, неколку возила не затворија, лица со оружје во рацете ни рекоа да излеземе во спротивно ќе бидеме во неволја. Потоа дојде уште едно возило и го запалија нашиот автомобил со бензин./ Ми кажаа дека патиштата до мојот дом се затворени и дека тие палат возила. Други пак се нашле во центарот на случувањата - Она што требало да биде обичен ден за следење на интернационален маратон, се претворило во пекол и борба за преживување.. Мексикански новинар сподели видео од тоа што го доживеал и просведочил на Халиско откако тргнал кон аеродромот по препораките на надлежните, кои подоцна зажалалил што ги следел. -Тоа го правевме кога бесот на Халиско Картелот се ослободи по падот на Ел Менчо. Со оружје во раката, ни сигнализираа дека треба да свртиме десно и за време на тоа видовме дека извлекоа возач од неговото возило и потоа го застрелаа. Потоа пукаа и на нас. Еден од тие куршумите помина низ левото задно стакло, го помина цел џип и излезе на другата страна, пробушувајќи ја каросеријата,- - Жител на Халиско. Без особен смирувачки тон и мексиканската влада која прогласи Црвен Код - највисокото ниво на алармантност. Гувернерот на Халиско вели дека состојбата е критична и клучно е граѓаните да ги следат препораките и да не преземаат непотребни ризици.. -Главната задача во текот на денот беше да се зачува безбедноста на граѓаните. Со таа причина, од утринава, од оваа маса за безбедност, на која има постојана седница, активиравме Црвен Код кој и во овој момент трае. Она што го живееме денеска е исклучок и сакам да испратам порака до сите во Галиција, бидејќи, соочувајќи се со неизвесноста во овие првични часови, постојано однесувајте се одговорно, следете ги препораките без да преземате непотребен ризик,- Пабло Лемус Наваро – Гувернер на Халиско. Ел Менчо – полицаецот кој го искористи вакуум просторот кој го оставија старите картели го создаде еден од најмноќните и најагресивните во светот – Картелот „Нова Генерација“. Оваа криминална група најчесто тргува со синтетичка дрога како фентанил и метамфетамин, функционира како паралелна држава во одредени региони, со сопствена вооружена структура, логистика и финансиска мрежа, која се шири во Европа и Азија. логистика и финансика мрежа. Мексико демонстрира сила еднаква на државата. Наркобосот, кој го замени Ел Чапо, важеше за еден од најбараните криминалци во светот, за чија „глава“ САД нудеа 15 милиони долари.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВо недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови Со претстојната промена на часовникот и пораното затемнување, од недела официјално влегуваме во годишното време кое носи со себе забележителна промена во дневниот ритам и потрошувачките навики на населението. Преминот кон таканареченото зимско сметање на времето традиционално го означува почетокот на сезоната во која фокусот на општествениот и економскиот живот се пренесува од отворените простори во топлината на домот, отворајќи нови полиња на раст за цела низа економски сектори. Пазарните аналитичари истакнуваат дека раното затемнување делува како силен психолошки поттик за враќање на навиките поврзани со удобноста на домот. Од првиот работен ден во новиот ритам, се очекува значителен скок во користењето на платформите за стриминг и услугите за дигитална забава, бидејќи вечерните часови стануваат резервирани за филмови, серии и релаксација со семејството. И тоа е првата неверојатна промена. Нема ни да забележите дека од тој ден всушност поминувате повеќе време пред екранот. Заедно со е-забавата, апликациите за достава на храна и продавниците доживуваат најголем бум. Вечерите дома стануваат попрактичен и поудобен избор за многу граѓани, што отвора можност локалните ресторани и специјализираните услуги за достава значително да го зголемат обемот на работење за време на вечерните врвови. Иако летните градини природно полека ги празни своите места со првиот самрак и посвежите вечери, угостителската индустрија доживува динамична трансформација, а не стагнација. Сопствениците на ресторани со нетрпение го поздравуваат пренасочувањето на гостите кон затворени простори, каде што топлите пијалоци, специјализираните менија и пријатните, интимни ентериери стануваат клучни средства. Сезоната што претстои, со тоа, уште еднаш ја потврдува прилагодливоста на модерната економија, во која темнината не ја гаси потрошувачката, туку само ја пренасочува кон нови, поудобни и потопли текови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!Честит Ден на македонската револуционерна борба!Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
СветМеланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот ОлешкиБелата куќа објави дека Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, успешно обезбедила прекин на огнот меѓу Русија и Украина во градот Олешки.„Русија и Украина се согласија привремено да ги суспендираат сите воени дејствија во градот за да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви за евакуација на цивилите преку одреден безбеден премин“, додаде Белата куќа. Договорот ќе стапи на сила на 29 октомври. Олешки е украински град на руско окупираната страна од реката Дњепар, спроти Херсон. Откако руските сили го зазедоа во 2022 година, тој е сведен на урнатини и отсечен од светот. Сепак, илјадници цивили, вклучувајќи деца, остануваат таму. Според извештаите, тие живеат без електрична енергија, вода за пиење и редовни залихи на храна. Жителите потврдија за Скај њуз дека многу луѓе варат трева за да преживеат.Тагови: Меланија Трамп русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter