БалканМнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјатаМнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата – според Мицотакис Грција нема таков проблем.Речиси седум од десет Грци, односно 67 отсто сметаа дека „сигурно“ или „веројатно“ во земјата постои прекумерен туризам, согласно истражувањето на јавното мислење презентирано на конференцијата за туризам „Reimagine Tourism in Greece“ организирана од весникот „Катимерини“, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис посочува дека „Грција нема проблем со прекумерен туризам“, јави дописничката на МИА од Атина. На прашањето „Дали постои прекумерен туризам во Грција“, 29 отсто од анкетираните одговориле „сигурно“, 38 проценти рекле „веројатно да“, 20 отсто сметаат дека „веројатно не“, а само шест проценти се сигурни дека „не постои“. Мицотакис, за време на учеството на панел дискусија на конференцијата објасни дека Грција нема проблем со прекумерен туризам, туку „се соочува со проблеми со голема концентрација на туристи на конкретни, мал број дестинации, неколку месеци во годината“. - Но, проблем со прекумерен туризам, онака како што е дефиниран како системски проблем кој веќе предизвикува реакции кај локалните заедници, во Грција не постои. И не треба да постои во иднина, рече Мицотакис. Додаде дека она што е важно е во иднина како ќе управуваат со туристичките бранови, „за да не се соочиме со овој проблем“. - Навистина, на некои острови во Егејското Море, некои месеци од годината, почнуваме да имаме проблем каде погодена е инфраструктурата на островите. Кога би имале подобра инфраструктура, теоретски би можеле да пречекаме повеќе туристи. Според мене, не постои апсолутен број, апсолутна граница над која не можеме да одиме. Ова, во голема мера зависи од способноста на нашите острови да управуваат со туристичките бранови во однос на отпадот, во однос на водата, во однос на сообраќајот што може да се создаде на патиштата. Значи, теоретски, ако подобриме дел од нашата инфраструктура, би можеле да примиме повеќе посетители, објасни Мицотакис. Посочи дека прашањето е дали сакаат повеќе туристи или во основа сакаат туристи кои ќе можат да трошат повеќе пари во земјата и дали мерило за успешноста на една туристичка година е апсолутниот број на пристигнувања или се приходите. - Целта се приходите. Па така, повеќе ме интересира да имаме рекорд во приходите, што очигледно, во голема мера е поврзано и со бројот на пристигнувања, но она што првенствено го гледам е вкупниот придонес на туризмот во однос на динамиката на развојот на земјата, а во исто време и трошењето по глава на жител на посетителите, што секако зависи од цените што ги наплаќаме, објасни грчкиот премиер. Во истражувањето на јавното мислење во кое биле анкетирани 1.149 лица во периодот од 13 до 16 септември, на прашањето колку е важен туризмот во земјата 86 отсто одговориле „многу“ или „доста“, а 54 проценти преферираат „помалку туристи со подобра финансиска ситуација“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter