Многу табови малку простор, наскоро решение и за овој проблем во „Google Chrome“

Сите понекогаш сме се нашле во ситуација да ни се отворени десетици табови во „Google Chrome“ пребарувачот.

Во таква збрка е понекогаш тешко да го пронајдеме баш она што ни треба во одреден момет.

„Google“ сака да им ја олесни работата на своите корисници во „“ Google Chrome“ и наскоро на сите ќе им биде достапно групирање на табовите во пребарувачот.

Ова ќе функционира многу едноставно, а ќе им користи многу на корисниците во прегледноста на работите. Ако сакате да групирате некои отворени табови, довелоно е со десен клик да ги додадете во посакуваната група. Овие групи на табови ќе можат да бидат означувани со име, боја, емотикони или комбинација од сите три.

Истражувањето на „ Google“ пред оваа одлука покажало дека луѓето имаат тенденција да ги групираат табовите, по теми, итност, или по моменталната фаза.

Доколку имате 36 отворени табови, а саката да ги групирате во 3 групи, вие на екранот ќе гледате 3 групи со по, на пример, 12 ставки во нив.

Ова не е нова идеја, затоа што „OneTab“, „Cluster“ и „Tobi“ веќе постојат како екстензии за овој пребарувач, но ова е прв пат „Google“ сам да направи начин за организирање на табовите.

притисни ентер