Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата

 Комбинаторките за формирање парламенатрно мнозинство се бројни, а најпоскувана опција во контекст на стратешките определби  за интеграција на земјата во ЕУ е стабилна политичка влада.

Иако тоа се чини помалку извесно поради резултатите од изборите, оценуваат политичките аналитичари.

Иван Стефановски од Евротинк смета дека имајќи ги предвид сите идеолошки компромиси кои се случија во блиското политичко минато на државата, како и партискиот прагматизам, едноставно не постои коалициска комбинација која би изненадила. За тоа дали може да очекуваме стабилен период или политичка криза-нови избори, вели, неблагодарно е да се прогнозира, бидејќи македонскиот контекст е премногу комплексен

-Македонскиот контекст е премногу комплексен и секое предвидување дали ќе има нова криза или ќе запловиме во постабилни води е крајно неблагодарно. Доволно е само да се погледнат релевантни мерења на јавното мислење како регионалната анкета на ИРИ за Западен Балкан од март 2020, или пак Еврометарот кој најмалку еднаш во годината го објавува ЕВРОТИНК, за лесно да го забележите нивото на политичка поларизација во Македонија. Тоа до некаде ни укажува дека политичка криза е секогаш реална можност. Сепак, нови избори не очекувам наскоро, но од друга страна, малку е веројатно дека кола било идна влада би го завршила четиригодишниот мандат, посочува Стефановски.

Најпосакувано сценарио за граѓаните и општеството во целост, според него, е формирање на стабилна влада чиј приоритет ќе бидат европските интеграции на државата, и која уште во првите 100 дена ќе се зафати со сериозно пишување на домашната задача која што од поодамна и' е зададена од страна на ЕУ и државите членки, а тоа е системска и систематска борба против високата корупција, темелна реформа на јавната администрација како и заокружување на реформата на тајните служби.

-Една од посреќните околности за нас е германското претседателствување со ЕУ. Сите сме свесни за заложбите на Германија за што побрза интеграција на Западниот Балкан во Унијата. Во таа насока, очекувам одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, потенцира Стефановски.

И Симонида Кацарска од Институтот за европски политики – ЕПИ е на став дека изборните резултати оставаат простор за многу комбинаторики, но од аспект на евроинтеграциите најповолно за земјата е поскоро формирање влада и стабилно парламентарно мнозинство.

-Од аспект на пристапувањето во ЕУ, со оглед на тековното германско претседателство кое е наклонето на земјата и спремно да ја води напред пристапната агенда, потребно е што поскоро формирање на влада и стабилно парламентарно мнозинство, кое со оглед на резултатите не е загарантирано. Доколку имаме долг процес на формирање влада или нестабилност, можно е да се пропушти оваа шанса.

Во пристапниот процес, до крајот на годината оптимистичко, односно посакувано сценарио е, додава таа, одржувањето на две меѓувладини конференции во рамките на германското претседателство со ЕУ.

-Сепак, за остварувањето на ова сценарио потребно е да има политичка волја во земјите членки на ЕУ за да се усвои нашата преговарачка рамка, а воедно и внатрешно ние да имаме политичка влада и подготвена администрација, подвлекува Кацарска.

Во меѓувреме, во очекување Управниот суд да се произнесе по сите тужби од партиите и ДИК да ги соопшти конечните резултатите од предвремените избори и окончување на целиот изборен процес, во тек се неформални контакти на политичките партии околу идните коалицирања за кои нема детали во јавноста.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за хрватски „Национал" ја повторува оценката дека имаат убедливо најголем коалициски потенцијал и дека веднаш по празникот Илинден, влегуваат во процес на преговори за идно коалицирање и формирање состав на Влада.

-Мандатот за формирање нова Влада е кај СДСМ и коалицијата „Можеме". Со политиките кои ги водиме и со чесниот и одговорен однос, СДСМ има убедливо најголем капацитет за коалицирање. ВМРО-ДПМНЕ е поразена партија која демонстрира политики кои се спротивни од севкупниот демократски амбиент и од демократскиот правец кон кој неповратно се движи државата, рече Заев додавајќи дека ќе разговараат за коалицирање со сите партии кои се подготвени да го прифатат европскиот, демократски концепт.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека тие го имаат најголемиот кредибилитет да се борат за состав на новата Влада, бидејќи, велат, имаат повеќе гласови од СДСМ, без Беса, со која е во коалиција. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ неделава ја потврди одлуката на Извршниот комитет да се овласти лидерот на партијата Христијан Мицковски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство. Тој најави дека е подготвен да разговара со сите политички партии, но оти тоа нема да го прави под уцена и условување.

Демократската унија за интеграција полека ретерира од нивниот првичен услов за коалицирање – барањето за премиер Албанец. Вицепремиерот за евроинетграции и портпарол на ДУИ, Бујар Османи вчера во интервју за Телма истакна дека ќе коалицираат со која било партија што ќе ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

– Наш прв услов за коалицирање со која било партија е почитување на Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија. За нас е многу важно да има јавно преземање на обврска за имплементација на договорите, потенцира Османи, додавајќи дека во преговорите за идната влада „ќе седнат во демократски процес да ги понудат нивните аргументи".

Тој се заложи и за што поскоро формирање нова влада која, како што рече, ќе биде тематска и ќе мора да биде посветена на спроведувањето на преговорите за членство со ЕУ.

Од Алијансата за Албанците и нивниот коалициски партнер Алтернатива, пак, се децидни дека за нив се отворени сите опции, но главен услов е ДУИ да не биде дел од парламенатрното мнозинство. Левица се изјасни дека не е заинтересирана за коалицирање и дека ќе делува како опозиција во Парламентот.

Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии, по конституирањето на Собранието, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Парламентот.

Според Уставот, Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите. Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот дом мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата.

На предвремените парламентрани избори што се одржаа на 15 јули, според првичните неофицијални резултати што ги соопшти ДИК, коалицијата „Можеме" предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Дневен хороскоп за 1. октомври 2023 година

Дневен хороскоп за недела, 1. октомври 2023 година. 

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат.

Кариера

Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно сеработи за пренамена или некакви корекции.

Здравје и совет

Мали стресови што добро ги поднесувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Радоста поради хармонијата и среќата во вашиот приватен живот ќе биде заразна. Игнорирајте ги грижите.

Кариера

Повремено ќе се сетите на новите планови и се она што ве очекува. Сепак , тоа нема да биде товар , туку само интересно комбинирање.

Здравје и совет

Бидете свои.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Поради тоа што има се помалку шанси кои се во прилог на вашиот љубовен живот , денеска ви паѓа самодовербата.

Кариера

За да постигнете напредок во една работа , ќе треба од нешто да се откажете. Кај некои тоа ќе значи и финансиски трошок.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе сфатите дека немате каде и дека требада ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете.

Кариера

На некои ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Тртети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход.

Здравје и совет

Не пијте студени напитоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Внимавајте со духовитите , а сепак несоодветни разговори да не ја повредите саканата личност.Контролирајте се.

Кариера

Вашите соработници од блиската работна околина ќе бидат оруигинални , но доста непродуктивни. Ќе имате утописки идеи.

Здравје и совет

Не поддржувајте нешто со што нес е согласувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои во пријатна личност ќе препознаат идеален партнер. Ќе бидете збунети , но и подготвени за акција.

Кариера

Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило.

Здравје и совет

Држете се до својот план.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска саканата личност би можела навистина да ве збуни. Час ќе биде отворена и на раб на агресивност , а час чувствителна и повлечена.

Кариера

Во работите со луѓе и комуникации ќе бидете продуктивни и успешни. Поврзете се што можете повеќе со соработниците.

Здравје и совет

Не инсистирајте да биде по ваше.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно денеска ќе чувствувате дека созреваатнекои важни работи меѓу вас и партнерот. Само немојте да брзате.

Кариера

важно е да не се држите до крај до своите идеи , туку подобро да ги прифаќате и идеите на другите.

Здравје и совет

Да се греши е човечно , но да не се признаат грешките е лудост.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои во милата личност ќе го препознаат идеалниот партнер . Ќе бидат по малку збунети , но и подготвени за акција.

Кариера

Можен е финансиски трошок на кој не сте подготвени , но вашите идеи се толку богати што набргу ќе го вратите изгубеното.

Здравје и совет

Чувајте го грлото и вратот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Она што можеби недостасува ќе го надополните со конструктивен пристап и фокусирање на она што е позитивно во вашиот однос. Тоа е паметно.

Кариера

Имате право да прашате доколку нешто не ви е јасно , но ако денеска не работите, прашањето одложете го за следната недела.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доаѓа до се поголема хармонија во личните односи , а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба.

Кариера

На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го ценат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат.

Кариера

Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира.

Здравје и совет

Можни се мали нервози.

Морбидно: Работници од погребално во Тексас го испуштиле мртовецот по скали, семејството во шок

Семејство од Тексас ја тужи мртовечницата во Хјустон, велејќи дека се соочуваат со „тешка ментална болка“ откако двајца вработени го испуштиле телото на нивниот татко, оставајќи „вдлабнатини и модринки“ на неговата глава.

Наводниот инцидент се случил на 14 јуни 2021 година, кога двајца работници од мртовечницата Твинвуд ги превезувале посмртните останки на Хуан Мехија од станот на вториот кат на неговата ќерка, пренесува NBC News.

Семејството поднело тужба во јуни, две години по неговата смрт, барајќи повеќе од 1 милион долари. Првпат беше објавено од „Дејли бист“, во кој се наведува дека Хуан Мехија починал од рак.

Семејството рече дека вработените во Твинвуд изгледале млади и „видливо се двоумеле во донесувањето одлуки“ додека се обидувале да го пренесат телото на Мехиа по скалите на метална носилка, според тужбата.

Еден од членовите на семејството се понудил да помогне во носењето на носилката, но вработените одбиле, стои во тужбата. Истиот член на семејството им предложил на вработените да побараат помош од соработниците, но тие рекле дека не им е потребна помош.

Синот на Мехија, Вилијам Мехија, потоа ја затворил вратата од станот додека вработените почнале да го транспортираат телото. Тогаш тој „слуша удар“.

„Тужителот Вилијам Мехија потоа слушна неколку удари по ред“, се наведува во тужбата.

Вилијам Мехиа рече дека почекал момент и ја отворил вратата за да најде превртената носилка, а главата и горниот дел од телото на неговиот татко „изложени на земја“, се вели во тужбата. Тој истрчал долу и избезумено се обидел да го покрие телото на својот татко „со тоа што ги стави рацете околу него во обид да го заштити од погледот на соседите“, се вели во тужбата.

Во тужбата се наведува и дека Вилијам Мехија се обидел да ја крене носилката и им викал на вработените да му помогнат. Тие ја подигнале носилката, го вратиле телото на неа и ја поставиле носилката на рамка со тркала за да се натовари во возилото.

За време на таа борба носилката му ја приклештила раката, предизвикувајќи му болки во раката и грбот, се вели во тужбата.

Вработен кој се јавил на телефон во мртовечницата Твинвуд во вторникот одбил да коментира за NBC News.

Вилијам Мехија го пријавил инцидентот во локалното погребално. Од погребалното претпријатие му рекле дека ќе истражат што се случило, според тужбата. Погребниот дом подоцна го контактирал Вилијам Мехиа и му кажале дека вработените наводно изјавиле дека инцидентот не се случил како што тој го опишал и дека безбедно го спуштиле телото за да можат да го прилагодат товарот, се наведува во тужбата.

Семејството дури четири дена подоцна сфатило дека телото било оштетено.

„При гледањето на телото на Хуан Мехија, обвинителот Вилијам Мехија, неговата мајка Маргарет Мехиа и сестрите, тужителите Мишел Мехија и Мелоди Мехија-Бариос, забележале вдлабнатини и модринки на главата на Хуан Мехија “, се наведува во тужбата.

Гледајќи ги посмртните останки на Хуан Мехија како такви „предизвикале огромна емоционална болка“ за семејството, се наведува во тужбата, „па дури и го попречиле процесот на тагување на неговото семејство“.

Семејството и нивниот адвокат не биле веднаш достапни за коментар за NBC News.

Мет Дејмон ни по 20 години брак не ја испушта од вид прекрасната сопруга, уживаат на плажа

И по речиси 20 години брак, Мет Дејмон и неговата 47-годишна сопруга Лусијана Баросо изгледаат вљубени како и секогаш додека уживаат во романтичен ден на плажа во Мајами, Флорида.

Последниве денови познатиот 52-годишен актер беше во Њујорк на настан организиран од Стела Артоа, а по пристигнувањето на одмор со сопругата изгледаше прилично опуштено. Освен тоа, холивудскиот ветеран може да се пофали со одлична физичка форма и мускули, што ги покажа на плажата. Тоа беше и можност да ги покаже своите многубројни тетоважи, кои го вклучуваат името „Луси“ на десната рака, што секако е посветено на неговата сопруга, а во 2019 година ги напиша имињата на нивните четири ќерки; Алексије (24), Изабел (16), Гија (14) и Стела (12).

Не помалку привлечно изгледаше и неговата сопруга, која ја покажа својата фантастична фигура во светло сини бикини. Таа се заштити од сонцето со бела капа, а својот аутфит на плажа го комплетираше со големи обетки и очила за сонце.

Пред да заминат заедно на капење, имале пријатен разговор со луѓето на плажата.

Инаку, парот моментално го смета Њујорк за свој дом, но имаат убави спомени од Мајами. Актерот ја запознал Лусијана додека таа работела како келнерка во Мајами Бич, каде тој ја снимал комедијата „Засекогаш заедно“. Покрај тоа, нивните ќерки Изабела и Гиа се родени во Мајами.

Додека се појавуваше на телевизија со неговата колешка од „Опенхајмер“ Емили Блант, Дејмон откри една работа што предизвикува тензија во неговиот брак. На прашањето дали е подобро да спие сам или со партнерката, актерот одговорил дека повеќе сака да спие со сопругата, но дека таа поверојатно ќе дреме сама.

„Хрчам и тоа ја згрозува“, објаснил Дејмон.

Неодамна, Мет се здружи со режисерот на „Bourne Identity“ Даг Лиман за да го сними „The Investigators“, за кого ко-сценарист беше неговиот долгогодишен пријател Кејси Афлек. Заплетот следи двајца провалници кои бегаат со помош на еден од нивните терапевти по неуспешен грабеж. Филмот моментално е во постпродукција, а треба да излезе во 2024 година.

притисни ентер