СветММФ: Нè очекува бавен глобален растСветската економија во иднина ќе се соочува со анемичен раст. Глобалниот раст на БДП до 2029 година ќе се задржи на неколку децимали над три отсто што е за околу еден отсто помалку од 20-годишниот просек пред пандемијата, предупреди Меѓународниот монетарен фонд. Во текот на пролетниот состанок на финансиските институции во САД, директорката на ММФ, Кристалина Георгиева истакнала дека мора повеќе да се направи на полето на продуктивноста. Од ММФ наведуваат дека глобалната стапка на раст постојано забавува од глобалната криза во 2008 -2009 година и повика на политичка интервенција за да се смени овој тренд. Нискиот глобален раст ќе влијае на животниот стандард на луѓето и ќе ја зголеми економската нееднаквост меѓу земјите. Намалувањето на растот од финансиската криза до денеска се должи првенствено на лошата распределба на средствата. Неефикасната распределба на ресурсите меѓу компаниите ја намали продуктивноста, пренесува „Сеебиз“. Без зголемување на продуктивноста на глобално ниво, најновото истражување од Вашингтон укажува на значително забавување во развиените земји, што во комбинација со зголемување на јавниот долг може да создаде маѓепсан круг. ММФ наведува дека глобалната стапка на раст постојано забавува од глобалната финансиска криза 2008-2009 година и повика на политички интервенции за да се смени овој тренд. Нискиот глобален раст веројатно ќе влијае на животниот стандард и ќе ги зголеми економските нееднаквости меѓу земјите, велат од ММФ. Намалувањето на растот од финансиската криза до денес ММФ го припишува пред се на лошата распределба на средствата. Неефикасната распределба на ресурсите меѓу компаниите ја „урна“ продуктивноста. „Да немаше грешки во распределбата на средствата, вкупниот фактор на продуктивност можеше да биде 50 отсто поголем, а забавувањето на растот ќе беше помалку сериозно“, се наведува во извештајот на ММФ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурувањеЗа влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва. До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста? Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО. Дали е ова така? СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките. СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си. За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите. Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно. Скопје, 24.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПочина митрополитот Бачки Иринеј БуловиќБачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица. Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“. Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење. Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување. „Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи. Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредениУтринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици. Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот. View this post on Instagram A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter