ЕкономијаММФ ќе прави анализа на пензискиот систем во Македонија, најави КочоскаМеѓународниот монетарен фонд ќе прави анализа на пензискиот систем во државава и до владата ќе треба да достави препораки.Меѓународниот монетарен фонд ќе прави анализа на пензискиот систем во државава и до владата ќе треба да достави препораки, анализата ќе утврдува што се случува со пензиските столбови и како државата да се справи со идните предизвици, најави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарски прашања на оттчетната предконференција. Вели не сака да прејудицира кои би биле можните препораки, анализата допрва треба да почне да се прави, но лично нејзино мислење во однос на старосната граница за пензионирање вели е да се остави право на избор. „Еднаш засекогаш да видиме што се случува и како се случува и што би не очекувало во идинина. Најголем проблем со пензискиот фонд ќе биде демографијата. И ова е сериозен проблем не само за МАкедонија туку за цела Европа....Лично сметам дека треба да се остави право на избор, да си останат годините да се даде можност оние кои сакаат да си продолжат да си продолжат... “- Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии. Инвестициите остануваат главен приоритет на Владата, јавниот долг во првиот квартал годинава изнесува 58,9%, што Кочоска вели е пониско од прокециите при превземање на мандатот. Задоволна е од реализацијата на Буцетот особено во дело на приливите од даноците и царинските давачки, кои и според директорите на УЈП и Царинска се повисоки од планираното... „Месец јуни заклучно со вцера 12,8 милијарди денари со што имаме нова рекордна наплата на вкупни царински давачки на еден месец....“ - Бобан Николовски – Директор на Царинска управа. „Растот во 2026 година во однос на 2025 година е неколку кратно поголем...Особено кај растот на добивка што е за 17 пати поголем во однос на растот минатата година, а кај данокот на личен доход е речиси двојно поголем. “- Елена Петрова – Директорка на УЈП. Во отчетот за сработеното Кочоска се осврна и на предизвиците со кои се соочила Владата поради војната на Блискиот исток за што рече дека и покрај предизивиците успеале да ги амортизираат глобалните економски шокови, но за тоа колку мерките за намалено ДДв и акциза кај нафтените деривати ја чинеа државата, вели тешко да се направи анализа. Димитриеска-Кочоска кажа и дека за две години од страна на МФ се остварени 8 чекори од реформската агенда... Тагови: Гордана Димитриоска Кочовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter