ММФ: Економијата со солиден раст, да се остане на патот на реформите

Во последните години властите повторно го оживеаја моментумот на реформи. Економијата влезе во период на солиден раст и стабилност по долготрајната политичка криза. 

Растот се очекува да се забрза до 3,4 отсто во 2020 година. Но, од суштинско значење е да се остане на патот на реформата со цел дополнително да се зајакне отпорноста на економијата на шокови и трајно да се зголеми нивото на приходите.

Ова го оценува Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд што минатата недела престојуваше во земјава.

-Клучните институционални реформи, како и оние од областа на управувањето ја покажаа нивната посветеност за справување со долгорочните предизвици. Уште повеќе, зајакнати се рамките за пензиски и социјални трошења, додека оданочувањето беше направено поправично, со што се подобрува одржливоста на јавните финасии. Со овие активности, властите стекнаа значителен кредибилитет на политиките и економијата повторно се опорави, наведуваат во заклучната изјава од ММФ.

Според тимот на ММФ, останувањето на патот на реформите ќе помогне во одржувањето на кредибилитетот на политиките.

-Мисијата на ММФ препорача да се искористи овој период на солиден раст за да се обнови фискалниот простор, со цел да се зајакне способноста на економијата да се справува со идни шокови. Во овој контекст плановите за модифицирање на елементи од неодамнешните фискални реформи би можеле да поткопаат некои од придобивките кои веќе биле остварени. Одејќи напред, зголемувањето на поголемата еднаквост на приходите и подобрувњето на животниот стандарd ќе бара микс од фискална политика што е насочена кон раст и непоколеблива посветеност кон амбициозната агенда за структурни реформи, се наведува во заклучната изјава на Мисијата на ММФ.

Според ММФ, растот се очекува да зајакнува во текот на оваа година придвижуван од силната домашна побарувачка и солидниот раст на извозот и покрај забавувањето на меѓународната трговија.

– Растот се очекува да се забрза до 3,4 отсто во 2020 година, што е одраз на привременото поттикнување од Буџетот за 2020 година и на повисоките плати. Пониските даноци и повисоките пензии и плати, вклучително и во јавниот сектор и минималните плати, се очекува да бидат дополнителен, иако еднократен, стимул за потрошувачката. Растот на извозот и инвестициите ќе остане солиден, иако ќе забави, што е одраз на слабиот раст кај трговските партнери. Ова забавување би можело да стане поизразено доколку се влошат трговските тензии на глобално ниво или доколку се одложат инвестициските планови поради неизвесноста во текот на изборниот период, стои во извештајот.

Од ММФ посочуваат дека иако во последниве две децении растот беше солиден, тој не беше доволен за да може значително да го стесни големиот јаз во доходот помеѓу ЕУ и Македонија. Порачуваат дека за да се забрза изеднвачувањето на приходите, од суштинска важност е да се продолжи со реформите за подобрување на јавната администрација, владеењето на правото и контролата врз корупцијата.

Во однос на зголемувањето на минималната плата оценуваат дека таа ќе порасне до над 50 отсто од просечната плата што е високо според регионалните стандарди, но оти зголемувањето на минималната плата можеби нема да биде ефективно во намалувањето на сиромаштијата, особено доколку тоа делува кон намалување на формалното вработување. Мисијата на ММФ препорачува да се зачува конкуреноста преку тесно усогласување на минималната плата со продуктивноста, притоа осигурувајќи целосно спроведување.

Тимот на ММФ очекува фискалната позиција во 2020 година да биде порелаксирана и проектира фискалниот дефицит да се прошири до 2,5 отсто од БДП во 2020 година.

-На страната на трошењето, Предлог-буџетот за 2020 година предвидува дополнително зголемување на пензиските надоместоци кое е поврзано со растот на платите, преку менување на CPI индексацијата усвоена во 2018 година. Веќе имплементираната мерка за повратот на ДДВ – наменета за подобрување на наплатата на приходите ќе придонесе за зголемување на трошоците. Предложеното одложување на прогресивниот персонален данок на доход и данокот на капитални добивки ќе го забави растот на приходите. Истовремено повисоките придонеси за социјално осигурување ќе генерираат дополнителни приходи, наведуваат од ММФ.

Се препорачува пренасочување на јавното трошење кон инвестициите, што би требало да биде поткрепено со мерки за зајакнување на рамката за управување со јавните инвестиции, вклучително и подобро дефинирање на приоритетите и справување со тесните грла при извршувањето на планираните проекти.

Реформите со цел справување со неформалниот сектор, според тимот на ММФ, ќе помогнат во подобрување на деловната клима и ќе ги заштитатат работниците, а исто така ќе имаат и потенцијално големи придобивки во смисла на приходи, прашање што е високо на агендата на Владата.

Тимот на ММФ ја оценува поставеноста на монетарната политика соодветна. -Народната банка соодветно ги искористи поволните услови за да акумулира девизни резерви во рамки на стратегијата на дефакто фискен девизен курс, наведуваат од тимот на ММФ и додаваат дека преземањето чекори за дополнително зголемување на депозитите во денари, во комбинација со внимателно калибрирани мерки за намалување на кредитите на домаќинствата во девизи, ако е потребно, ќе помогне во зајакнувањето на отпорноста на финансискиот систем.

Шкотска има нов премиер по оставката на Хумза Јусаф

Новиот претседател на шкотската партија СНП, Џон Свини, денеска во шкотскиот парламент е избран за нов шеф на шкотската влада, на местото на Хумза Јусаф.

Еден ден откако го наследи како лидер на партијата, која ја поддржува независноста на Шкотска, Свини, 60-годишен политички ветеран и долгогодишен втор по ред во владата, стана трет премиер на Шкотска за нешто повеќе од една година.

Тој доаѓа на местото на Хумза Јусаф (39), кој поднесе оставка минатата недела по распадот на коалицијата со Зелените. Тие беа воздржани од гласање.

Изборот на Свини не е изненадување. Тој освои 64 од 129 гласови во парламентот каде Шкотската национална партија има големо водство пред опозициските партии, но нема апсолутно мнозинство. Тој допрва треба да положи заклетва пред Врховниот суд.

Претходно во текот на денот, Јусаф официјално ја поднесе својата оставка во писмо до британскиот крал Чарлс III. Тој беше на власт 13 месеци, по харизматичната Никола Старџен. Тој беше најмладиот шкотски премиер и прв од националното малцинство.

„Како млад муслиман, роден и израснат во Шкотска, не сонував дека еден ден ќе бидам привилегиран да ја водам мојата земја“, напиша тој.

Шкотскиот парламент е одговорен за многу области, вклучувајќи го здравството и образованието, додека Лондон е одговорен за надворешната политика и одбраната.

Џон Свини од 2014 до 2023 година беше вицепремиер во мандатот на Никола Старџен. Тој ја напушти функцијата кога таа поднесе оставка. СНП водеше од 2000 до 2004 година, кога партијата беше во опозиција.

Дел од опозицијата ја обвинува СНП, која е на власт од 2007 година, дека приоритет ѝ дава на борбата за независност на сметка на секојдневниот живот на граѓаните, но Свини вчера вети дека ќе се фокусира на „економијата, вработувањето, трошоците за живот и за здравствениот систем, образованието и климатската криза.“

Тој исто така нагласи дека сака Шкотска да стане независна. Но, тие амбиции засега се во ќорсокак, откако британскиот Врховен суд на крајот на 2022 година пресуди дека само британската влада може да даде дозвола за нов референдум. Последниот референдум во 2014 година не успеа.

Австралијка на суд, откако со печурки ги отрула свекорот и свекрвата- сопругот едвај преживеал

Австралијката Ерин Петерсон (49), која е обвинета дека отрула три лица со печурки кои ги зготвила за ручек, се изјаснила за невина за убиство и обид за убиство.

Откако била уапсена, Ерин тврдела дека е невина.

„Не е моја вина, жими честа“, рече Ерин за време на сослушувањето.

Ерин се сомнева дека со отровни печурки ги убила бившиот свекор и свекрва и снаата.

Минатиот јули им послужила стек во сос со зелени пупки, кои се многу отровни.

Еден ден подоцна нејзината свекрва и свекорот Гејл и Дон Патерсон, снаата Хедер Вилкинсон и нејзиниот сопруг Иан завршиле во болница со стомачни проблеми.

Следниот ден нивната состојба нагло се влошила, поради што итно биле префрлени во болница во Мелбурн. И покрај максималните напори на лекарите, Гејл и Хедер починале на 4 август, а Дон ја загубил битката за живот следниот ден.

Оттогаш, лекарите се борат да го спасат животот на Иан и тој ќе добие трансплантација на црн дроб.

По неколкумесечна истрага, детективите, наводно, откриле дека Ерин направила уште три обиди да го убие Иан помеѓу 2021 и 2022 година, а во ноември таа била уапсена и формално обвинета за вкупно осум кривични дела.

Нејзиниот случај сега ќе оди на судење пред Врховниот суд на Викторија во Мелбурн, а првото рочиште е закажано за 23 мај.

Чудни предмети испливаа на брегот на Тексас, граѓаните добија предупредување (ФОТО)

Жителите на брегот на Тексас се предупредени да бидат свесни за „невообичаени портокалови предмети“ по извештаите за нивно откривање на плажите во Галвстон и Фрипорт.

Мали правоаголни блокови исфрлени на брегот со видно прикажани пораки- веднаш да го контактирате нивниот сопственик.

Необичните предмети се во сопственост на истражувачи на морскиот свет.

Заливскиот центар за истражување на морски желки се обидува да разбере како океанските струи влијаат на движењата на морските желки во текот на годината.

Поради оваа причина тие направиле дрвени блокови кои би требало да имитираат желки, пренесува UPI.com.

„На островот Chandeleur во Мексиканскиот залив беа ослободени 80 блокови, а повеќе од половина се упатија кон брегот на Тексас. Во изминатите неколку дена се пронајдени четири“, соопштија од организацијата.

Научниците апелираат до граѓаните да ги контактираат во случај да најдат портокалови предмети, за да можат да соберат важни податоци.

притисни ентер