ММА: Обврската за поседувања права за емитување да важи за сите подеднакво

Во тензична атмосфера и со скандал заврши јавната расправа во АВМУ посветена на предложените измени и дополнувања на правилникот на Агенцијата доставени од ММА.

Скандалот на седницата настана кога дел од кабелските оператори се обидоа да се вмешаат во уредувачката политика на петте најголеми национални телевизии, по што претставниците од ММА ја напуштија седницата.

Со предложените измени како што наведоа од асоцијацијата на петте национални телевизии во Македонија, главната идеја е да се почитуваат авторските права и сузбие пиратеријата, која ја вршат дел од кабелските оператори во земјава.

Во дискусијата која се разви дел од претставниците на кабелските оператори и експертите кои присуствуваа, потврдија дека пиратеријата во медиумскиот простор е присутна. Некои пак го квалификуваа како проблем со кој се соочуваат сите.

Откако претставниците на ММА ја напуштија расправата, во диксусијата се вклучи и директорот на агенцијата Зоран Трајчевски.

Јавната расправа беше организирана како дел од процедурата за измени на правилникот. Дали до нив ќе дојде, ќе одлучува Советот на АВМУ.

Дотогаш, од ММА најавуваат дека ќе поднесуваат кривични пријави за секоја програма што ќе ја детектираат кај странските канали, а за која имаа докази дека нема права да биде емитувана во Македонија.

Драма во САД: Уште еден брод се заби во мост, блокиран е сообраќајот (ВИДЕО)

Во Галвстон, Тексас, речен брод удри во мост.

Според извештаите, бродот удрил во мостот на островот Пеликан, предизвикувајќи полицијата и другите служби за итни случаи веднаш да го блокираат целиот сообраќај, јавува Click2Houston.

Засега не се познати деталите за инцидентот, па не е јасно како дошло до судирот, ниту што му претходело. Не се знае дали има повредени или во каква состојба е мостот.

Претставниците на Галвстон рекоа само дека шлеп удрил во мостот, што предизвикало истекување на нафта.

Крајбрежната стража е повикана да помогне во спречувањето на излевањето на нафтата, а инженерите на TxDot се на терен за да помогнат.

Да потсетиме, на крајот на март во Балтимор, брод удри во мостот и го урна, а во таа прилика загинаа шест работници кои работеа на одржување на мостот.

Камионите се пренасочуваат од Блаце- има проблем со терминалот

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце .

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце заради проблем со терминалот на Македонска царина на ГП Блаце.

Товарниот сообраќај ќе биде пренасочен се додекa не се надминe проблемот, соопшти АМСМ.

Манекенка поминала низ скенер на аеродром- цариниците шокирани што имала во главата

Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите следбеници.

Фанг Киуан (36) е самопрогласена „фанатик за пластична хирургија“ со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собрала 1,3 милиони прегледи.

Фанг потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата...

Неодамна поминала низ скенерот кога машината „засвирила“. Не ѝ било јасно што се случува, додека не се утврдило дека има неколку „туѓи предмети“ во главата, пренесува New York Post.

Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.

„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду кукла“.

Нејзините фанови останале шокирани од фотографиите кои ги објавила на Инстаграм.

„Ова е тешко за гледање“, напишал еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.

Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.

притисни ентер