ММА ѕвездата Мекгрегор му даде понуда за Челзи на Абрамович, сите му се смеат - Канал 5

ММА ѕвездата Мекгрегор му даде понуда за Челзи на Абрамович, сите му се смеат

Конор Мекгрегор пред неколку дена изрази интерес за купување на Челзи, откако Роман Абрамович објави дека англискиот клуб се продава за три милијарди фунти.

ММА ѕвездата Мекгрегор му даде понуда за Челзи на Абрамович, сите му се смеат

Сега ирската ММА суперѕвезда отиде чекор понатаму и испрати понуда. Барем преку Твитер, за половина од бараната сума.

„На овој начин ја пласирам мојата понуда од една и пол милијарда фунти“, напиша Мек Грегор како коментар на веста за цената што ја постави рускиот олигарх. Не е јасно колку е сериозен поранешниот шампион на УФЦ, но тој претходно покажа интерес да го купи и Манчестер Јунајтед.

Проблемот е што тој во моментов нема ни приближно доволно пари за оваа неформална „понуда“, а камоли колку што бара Абрамович. Мек Грегор минатата година го продаде својот бизнис со виски за 150 милиони долари, ставајќи го на врвот на листата на Форбс на спортисти кои заработиле најмногу во 2021 година со 180 милиони долари.

Најголемиот профит го направил од борбата во кариерата со боксерската легенда Флојд Мејведер, кога заработи околу 100 милиони долари. Иако тврди дека неговата заработка од продажбата на компанијата ќе надмине 700 милиони во следните неколку години, ни тоа нема да биде доволно без да собере конзорциум или да земе голем кредит.

Набргу по првата објава на Мек Грегор дека сака да го купи Челзи, се појави урнебесно меме кое го покажува „одговорот“ на клубот: „Ви благодариме, но ако сакавме луд Ирец на чело на клубот, ќе го земевме Рој Кин за менаџер“. Веројатно од силна желба да се биде реален, некои медиуми дури го пренесоа мемето како официјален одговор на Челзи.

Сепак, колку и да е искрена или возможна амбицијата на Конор, не е реално тој да заврши како нов сопственик на Челзи. Светските медиуми пишуваат дека Абрамович веќе добил десетина сериозни понуди, меѓу кои се издвојуваат оние на турскиот бизнисмен Мухсин Бајрак и американско-швајцарскиот конзорциум предводен од Тод Боели и Хансјорг Вис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска

Министерот Клековски денеска потврди дека на Инфективната клиника во моментов се лекуваат шестмина пациенти од западно нилска треска од кои двајца се критични.. 

Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска

Стивнува западнонилската треска – Втора недела по ред надлежните регистрираат по само два нови случаи на вирусот.

На Инфективната клиника во моментов се наоѓаат шест пациенти, од кои двајца се критични.Министерот Клековски вели дека сега со стивнувањето на епидемијата клучно е да се види дали се научиле лекциите од оваа сезона за поподготвени да ја дочекаме следната.

Министерот Клековски денеска ја претстави и ажуририраната листа на лекови, обновена прв пат по 11 години. Станува збор за листа, поддржана од СЗО, неопходна за здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести. Воведени се неколку позначајни новини, на пример кај антибиотиците, кои се поделени во три групи со цел да се воспостави нивна рационална употреба. Воведени се и нови терапевтски области за повеќе болести, како мултипла склероза, цистична фиброза, ХИВ, онколошки терапии.

„А што е ново во листата? Таа е систематизирана во 28 терапевтски области, дефинирана во подгрупи, фармацевтски форми итн. Ново не е само што имаме 109 нови лекови (активни супстанции) на оваа листа, од вкупно 372 лека кои се на оваа листа, туку новина е дека е сменет и терапевтскиот пристап.“, изјави Клековски.

Министерот појасни дека есенцијалната и позитивнита листа на лекови се две различни листи, односно, есенцијалната ги опфаќа лековите што треба да ги има во земјата, меѓутоа не се неизбежно дел од позитивната листа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на затворот Скопје поднесе оставка- Утковски вели заминува од лични причини

Директорот на затворот Скопје  Бобан Утковски, поднесе оставка, а како што и самиот потврди за Канал 5, оставката била поради лични причини.. 

Директорот на затворот Скопје поднесе оставка- Утковски вели заминува од лични причини

Утковски не сакаше да открива повеќе детали. Од Владата потврдуваат дека Утковски ја доставил оставката и информираат дека истата ќе биде предмет на разгледување на некоја од наредните седници, а јавноста ќе биде информирана откако ќе биде назначен негов наследник.

На седница на Влада предлог за нов директор на затворот во Шутка ќе треба да достави директорот за извршување на санкции Александар Пандов, кој за Канал 5 изрази надеж дека наследникот на Утковски ќе биде избран во најкус можен рок.

Утковски беше именуван за в.д. Директор на скопскиот затвор во јули 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Резултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи

Три од четири деца тешко разбираат што читаат, ова е еден од погубниоте резултати од минатогодишноот истражување на ПИСА, што го вклучи алармот за ефектите од досега спроведените образовни реформи.. 

Резултатите од  ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи

Новите ПИСА резултати повторно го вклучија алармот за македонското образование и го отворија старото прашање – зошто учениците тешко го применуваат она што го учат во училишните клупи?

Експертите посочуваат дека надлежните итно треба да реагирааат за овие состојби а според нив причината не треба да се бара само на едно место, туку во целиот образовен систем – од наставните програми и квалитетот на наставата, до честите реформи кои ги спроведуваат министрите но и начинот на кој се проверува стекнатото знаење.

Коментирајќи ги најновите податоци од меѓународното тестирање ПИСА, но и состојбите во образованието воопшто, професорката Викторија Кафеџиска вели дека резултатите на ПИСА се одраз и на пошироките состојби во општеството.

-Кај нас постои една трка за оценки, тука е притисокот и врз наставниците, кој доаѓа од родителите и по секоја цена се бараат високи оценки. Нашите одделенија во просек ако ги земете, сите имаат висок просек над 4 над 5 зборувам, резултатите во самите одделенија. И сега ако се дозволи реалното оценување тука и наставникот и детето ќе се најдат некаде, дека треба да се подобри, дека треба нешто повеќе да се прави, оценува професорката.

Кафеџиска лоцира уште еден проблем кој според неа можеби е најбитен кога станува збор образованието на младите.

-Со вештачката интелигенција сега со што се е можно да направите, да пишувате есеи да решавате математика инт. Затоа треба да се најде некој баланс, меѓутоа овие резултати се поразителни – потенцира Кафеџиска.

Професорката во пензија решението во проблемот го гледа во копирање на успешните решенија кои ги примениле земјите од ЕУ но и оние во регионот.

-Можеби Србија, Словенија покажуваат за нијанса подобри резултати и тука ние можеби треба да ги бараме и решенијата, тоест да ги копираме. Ако тие навистина имаат подобри резултати, тука сме на Балканот па да ги копираме тие решенија бидеќи на многу пати досега сме копирале решенија од други – објаснува Кафеџиска.

Од МОН вчера информираа дека резултатите од ПИСА повторно се многу лоши, а причините ги лоцираат во реформите и образовните политики од претходниот период. Оттаму велат дека ефектите од реформата што во моментов се спроведува во македонскиот образовен систем не можат да се очекуваат веднаш и дека првите позначајни резултати ќе бидат видливи за околу десет години.

Последното тестирање ПИСА, кое не го проверува само наученото, туку и способноста на учениците да го применат знаењето и да решаваат проблеми во реални ситуации, покажа дека македонските ученици постигнуваат резултати под просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и природни науки, како и во делот на решавање проблеми во дигитална средина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер