Други спортовиММА борец му помогнал на полицаец и му го спасил животот (ВИДЕО)ММА борецот Марк Ентони Гонзалес му помогнал на полицаец откако го видел како се бори со човек кого се обидува да го уапси.Со таа реакција, Гонзалес веројатно го спасил животот на полицаецот бидејќи снимката покажува дека заробениот човек, за кој подоцна се дознало дека се вика Џек Алберт Еванс, во еден момент ја ставил раката врз пиштолот. Еванс на крајот бил совладан и уапсен со помош на ММА борец. Тој е обвинет за неовластена употреба на возило, обид за земање оружје и избегнување на апсењето. Бил подоцна ослободен со кауција од 101.000 долари. #SanAntonio #Texas A San Antonio Police officer was trying to arrest a suspect attempting to get away. Fortunately for the officer, Mark Anthony Gonzales is a trained MMA professional fighter. pic.twitter.com/m3eof2gr39 — The Daily Sneed™ ➐ (@Tr00peRR) September 6, 2021 "Мирно му ги тргнав рацете од оружјето. Обуката за боречки вештини ми помогна мирно да реагирам во оваа ситуација и да му помогнам на полицаецот. Решив да реагирам бидејќи оценив дека е исправно во оваа ситуација", рекол Гонзалес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски. Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска. Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026. Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли. Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола. Влезници онлајн на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/ Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter