ММА борач ја скрши раката во борба, па откако победи сфати дека е тешко повреден (Вознемирувачко видео) - Канал 5

ММА борач ја скрши раката во борба, па откако победи сфати дека е тешко повреден (Вознемирувачко видео)

Едно од највознемирувачките видеа неодамна пристигна од борбата на полскиот ММА борец, Ендру Зима, кој ја скрши раката за време на борбата со својот ривал, без дури и да го сфати тоа до крајот на натпреварот!

ММА борач ја скрши раката во борба, па откако победи сфати дека е тешко повреден (Вознемирувачко видео)

Имено, за време на еден од ударите, тој случајно го удрил својот ривал со раката и ужасно се извиткал, а на видеото буквално може да се види како коската пука под кожата. Сепак, она што е впечатливо е дека Зима дури и не го забележал тоа, туку продолжил да се бори под дејство на адреналин.

И не само што продолжил, туку го победил и својот ривал, а потоа кога почнал да слави, раката очигледно почнала да го боли. Кога ја кренал, таа почнала да „лебди“ наоколу, што бил јасен знак дека станува збор за сериозна фрактура.

Полјакот веднаш паднал на земја и почнал да вика „Скршив рака“, по што итно му била укажана медицинска помош. Тој се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, каде што дури додаде и хумористичен опис „борач кој си ја скрши раката за време на борба“.

Погледнете како изгледаше тоа. Ве потсетуваме дека видеото е вознемирувачко:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Повеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи.

Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648.

На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле.

Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран.

Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. 

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот.

Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен.

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен.

Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната.

Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година.

Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа.

Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан.

Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија.

Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото.

Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер