Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
3Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
Други спортовиММА борач (21) колабира среде натпревар и почина (Вознемирувачко видео) Голема трагедија го погоди светот на боречките вештини, бидејќи талентираниот спортист Мохит Шарма (21) почина откако колабирал за време на натпревар на универзитетски турнир во Индија.Шарма се натпреварувал за Универзитетот во Раџастан во категоријата до 85 килограми во ММА натпревар кога се случил трагичниот инцидент во понеделникот на Универзитетот Чандигар во Мохали. На младиот борец, кој победил во првата рунда од натпреварот, му се слошило во втората. Откако и двајцата натпреварувачи паднале надвор од рингот, се вратиле во рингот, но Шарма наеднаш изгубил рамнотежа и паднал со лицето надолу на подот. Tragic Incident in Wushu Championship Rajasthan University’s Wushu player Mohit Sharma suffered a fatal #heartattack during his match at the All India Inter-University Wushu Championship in Chandigarh University. Mohit was competing in the 85kg weight category. pic.twitter.com/OhewJFpVVT — Medlarge (@medlarge) February 25, 2025 Лекарите веднаш реагирале и се обиделе да го реанимираат, но немало начин да го спасат. Веднаш бил пренесен во болница во Мохали, каде за жал бил прогласен за мртов по пристигнувањето. Според информациите на индиските медиуми, се сомнева дека причина за смртта е срцев удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter