Млекопроизводителите се суштината на индустрија:Битолска млекара го одбележа Денот нa фармеритe - Канал 5

Млекопроизводителите се суштината на индустрија:Битолска млекара го одбележа Денот нa фармеритe

Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите, настан посветен на луѓето кои секојдневно придонесуваат кон развојот на домашната млечна индустрија.

Млекопроизводителите се суштината на индустрија:Битолска млекара го одбележа Денот нa фармеритe

Со доделување на признанија за рекордни достигнувања и израз на благодарност, млекарата уште еднаш ја истакна клучната улога на фармерите во обезбедувањето квалитетно млеко до секој потрошувач.

Улогата на фармерите во млечната индустрија според најголемиот производител на млечни производи е од национална важност.

„Денешниот ден е одлична можност да се потсетиме на придонесот на млечната индустрија за примарното производство. Иако примарното производство и понатаму се карактеризира со раситнетост и мал обем по фарма, охрабрувачки е фактот што започна процес на консолидација, со помал број производители, но со поголеми количини. Тоа е првиот чекор кон одржливост. Млечната индустрија може и мора да има иднина, но само ако заеднички, заедно со креаторите на аграрни политики, преземеме јасни заложби: да ја направиме атрактивна за младите генерации, да ја модернизираме преку технологија, роботизација и модерен фармски менаџмент, да се стремиме кон 100% ЕУ-квалитет на суровото млеко. Само така, оваа индустрија ќе може да го одржи домашното производство, и не само да понуди стабилност против растечкиот увоз туку и можност за настап на извозните пазари“, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.

Преку соработката со над 400 фармери низ Македонија, обезбедувајќи континуирана поддршка преку едукација, технолошка модернизација и долгорочни партнерства за унапредување на квалитетот на сточниот фонд, Битолска млекара претставува главен развоен фактор на сточарството во Македонија.

„Фармерите кои соработуваат со Бимилк покажуваат високо ниво на одговорност, како во одржување на животинската добросостојба, така и во прифаќање на препораки од нашите теренски тимови. Податоците покажуваат дека токму оние производители кои инвестираат во квалитет, преку подобрена исхрана, автоматизирани системи за молзење и добра ветеринарна поддршка, се оние кои континуирано испорачуваат млеко со највисоки технолошки параметри. Затоа е важно и овие практики да се афирмираат и вреднуваат.

Факт е дека зад секој наш производ стои тимска работа, а фармерите, сенашата прва линија. Нивната посветеност, грижа и соработка се темел на секоја капка млеко што ја носиме до пазарот. Денес ги славиме резултатите што ги постигнавме во изминатата година, но нашата заедничка долгорочна цел останува јасна – континуирано унапредување на квалитетот на суровото млеко и зголемување на количините млеко со ЕУ-квалитет, како основа за одржлив раст,“ порача Александар Мано, менаџер за операции во Бимилк.

Фармерите примарните млекопроизводители беа поздравени и од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Во чест на Денот на фармерите, упатувам искрени честитки и изразувам длабока благодарност до сите вредни земјоделци и сточари од нашиот регион. Вашата посветеност, истрајност и трудољубивост се меѓу најважните столбови на локалната економија и клучниот двигател на млечната индустрија во Битола. Посебно сакам да ја истакнам соработката меѓу битолските фармери и Бимилк – една од најзначајните агро-прехранбени компании во нашата општина и пошироко. Преку овој силен партнерски однос, не само што се обезбедува пласман на квалитетно домашно млеко, туку се поттикнува и развој на руралните средини, се зајакнуваат малите семејни фарми и целокупниот аграрен еко-систем. Млекопроизводството во Битола не е само економска гранка – тоа е традиција, начин на живот и иднина која заеднички ја градиме.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на создавање подобри услови за работа и развој во земјоделството, со цел да им овозможиме на нашите фармери да растат, да инвестираат и да бидат конкурентни“, изјави градоначалникот Коњановски.

Денот на фармерите беше потсетување дека иднината на млечната индустрија се гради врз доверба, фер партнерства и заеднички развој.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но...

 Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека Техеран сè уште верува оти дипломатијата би можела да ја стави крај на војната со Соединетите Американски Држави.

Техеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но...

Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција .

Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!

НБА ѕвездата  Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство,  и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.

Видео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!

На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан.

Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс.

Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции.

Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница

 Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е хоспитализиран откако одеднаш почувствувал силни болки во стомакот, а медицинските прегледи покажале дека има речиси целосна опструкција на цревата, изјави денеска неговиот син Карлос Болсонаро

Состојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница

Карлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека неговиот татко ненадејно добил силни болки во стомакот и бил пренесен во болница. Во една од следните објави, тој наведе дека стомакот на Болсонаро бил исклучително надуен при пристигнувањето во болницата, што предизвикало притисок и силни болки.

Според него, по извршениот преглед и дијагностичките испитувања, била потврдена речиси целосна опструкција на цревата.

Лекарите започнале терапија со лекови во обид да го решат проблемот без потреба од инвазивни медицински зафати. Карлос изјави дека нови информации ќе бидат објавени во текот на следните неколку часа.

Тој изрази загриженост за здравјето на својот татко, тврдејќи дека неговата здравствена состојба се влошува поради ограничената подвижност и психолошкиот притисок на кој е изложен додека е во затвор.

Тој, исто така, упати критики кон ограничувањата за посети што ги воведе судот, наведувајќи дека му е дозволено да го посетува татко си двапати неделно, при што секоја посета трае по два часа. Карлос Болсонаро оцени дека неговиот татко е изложен на политички прогон и ги повтори тврдењата дека целта на владата е тој да биде убиен.

Жаир Болсонаро се наоѓа во домашен притвор, откако во септември 2025 година Врховниот суд на Бразил го осуди на 27 години и три месеци затвор за обид за државен удар по изборите во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер