Младоженецот сакал да ја бакне невестата, а потоа го нападнала група момчиња (видео) - Канал 5

Младоженецот сакал да ја бакне невестата, а потоа го нападнала група момчиња (видео)

Луѓето се запрепастени од она што му го направиле! 

Младоженецот сакал да ја бакне невестата, а потоа го нападнала група момчиња (видео)

Несекојдневна сцена од една венчавка.

На социјалната мрежа Тикток се појави видео на кое се гледа како младоженецот се обидува да ја бакне невестата, а во мометот кога првиот бакнеж би требало да биде овековечен, неговите пријатели му помагаат да изгледа тип-топ.

Еден од нив, му нанесува крема на лицето, другиот му става пудра, третиот му дава гума за џвакање за да си го освежи здивот, четвртиот му ја чешла косата, петтиот вади невидливи трошки од сакото, шестиот носи огледало за да може младоженецот да провери дали го има посакуваниот изглед... Така дотеран, полн со самодоверба и заљубен, младоженецот трчајќи се враќа кај невестата, ја грабнува и со неа го разменува првиот брачен бакнеж.

Видеото е прегледано повеќе од 12 милиони пати, а коментари оставиле околу 45.000 луѓе.

- Никој не размислува за тоа што сака младоженецот на денот на свадбата.

- Браво за овој млад човек, направи нешто во одбрана на машкиот род! Зошто само невестата треба да изгледа беспрекорно? Зошто е тоа привилегија на жените?

- Овој човек е во право. На свадбата сите очи се вперени во невестата, тој направи пресврт во играта - беа само дел од коментарите под ова вирално видео.

@lyssmj.w absolutely perfect😊💕 #fyp #weddingtiktok #wedding #bride #groom #groomsmen #weddingdres #designerdress #youmaynowkissthebride #funny #funnyvideo #theboys #hype #foru #fy #love #kiss #wifeandhusband #wed #dress #wedding2023 #forupage #viral ♬ This Will Be (An Everlasting Love) - Natalie Cole

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски во Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Катар

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и средба со државниот министер за надворешни работи, Султан бин Саад Ал-Мураичи.

Муцунски во Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Катар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани.

Во разговорите со претседателот на Владата беше потврдено одличното ниво на билатералните односи и беше реафирмирана заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на политичкиот дијалог, како и на економската и инвестициската соработка, како значајни сегменти од идните односи меѓу двете држави.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, со фокус на состојбите на Блискиот Исток, пошироката меѓународна безбедносна средина и можностите за поинтензивна соработка во рамки на мултилатералните организации.

За време на средбата беше нагласено дека посетата ќе даде нов импулс на севкупната билатерална соработка и ќе отвори дополнителни можности за реализација на заеднички иницијативи.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и средба со државниот министер за надворешни работи, Султан бин Саад Ал-Мураичи. По средбата беа потпишани Договорот меѓу владите на двете земји за ослободување од визи за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши, Меморандумот за воспоставување политички консултации и Меморандумот за соработка во областа на дипломатската едукација.

Со потпишувањето на овие документи беше поставена дополнителна институционална основа за натамошно унапредување на политичките односи и за зајакнување на соработката во областите од заемен интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата со пожарите стабилизирана, активни пожари во општините Свети Николе и Старо Нагоричани

Состојбата со активните пожари денеска е стабилизирана, меѓутоа во моментов има два активни пожари во општините Свети Николе и Старо Нагоричани, информира Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов. 

Состојбата со пожарите стабилизирана, активни пожари во општините Свети Николе и Старо Нагоричани

Тој извести дека вчерашниот пожар во Штип е целосно изгаснат а оној во шумскиот предел во близина на Македонски Брод е ставен под контрола.

Пожарот што вчера беснееше на периферијата на Солун во местноста Ореокастро е локализиран и засега нема активни пожари во оваа област со исклучок на запалената фабрика за рециклирање и околните помали површини, пренесуваат грчките медиуми. Борбата да се контролира пожарот траеше цела ноќ а дел од локалното население беше евакуирано.

Осомничен за пожарот е 76-годишен маж кој според првичните информации преку опасно однесување со своето возило веројатно предизвикал искри што довеле до пожарот. Огнени јазици во ниска вегетација вчера попладне пламнаа и во близина на туристичкото место Неа Каликратија на Халкидики, каде пожарот веќе е локализиран, информираат грчките медиуми.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз

Обидите за доближување на ставовите за Изборните законик продолжуваат и утре.

Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во  Изборните законик поради страв од пораз

Обидите за доближување на ставовите за Изборните законик продолжуваат и утре, но премиерот Мицкоски вели дека по вчерашнате разговорите помеѓу пратеничките групи на кои опозициските партии настапиле со радикализирани позиции, не е оптимист за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение. На вчерашната средба ВМРО-ДПМНЕ понуди наместо по електронски пат гласањето од дијапората да се одвива преку пошта, но дел од опозциските партии побарале одлуката за тоа да се носи со консензус во ДИК. За Мицкоски тоа е неприфатливо бидејќи во Македонија нема еднопартиски систем, туку демократија. Се останато вели дека е прифатливо за нив.

„Еве јавно кажуваме и една изборна единица и поголем буџет за тие партии коишто не се во оние четири, нека има нека се рекламираат ако им дошло до парите, еве нека биде и тоа. Само да го помнеме изборниот законик, но очигледно е дека кај тие политички партии свесни за поразот на следните избори постои страв и се обидуваат да го бојкотираат, за да не испорачаме 10 од 10 индикатори од реформската агенда. Во ред 9 од 10 ќе испорачаме, еден помалку тоа е Изборниот законик. Ние не сакаме тоа да го туркаме преку европско знаменце и сето тоа да биде некако изнасилено. Мислевме дека имаме работа со зрели и одговорни луѓе коишто се грижат за иднината на земјата, но очигледно партиските и финаниските интреси им се пред се и над се“– Христијан Мицкоски, преседател на влада.

Од СДСМ пак велат дека предлогот македонските иселеници да гласаат по пошта е неприфатлив за нив и сметаат дека отвора сомнеж за изборни злоупотреби во дијаспората. Бараат решение за начинот на кој ќе гласа дијапората да се изјаде во рамки на ДИК.

- Замената на електронското гласање, без никаква контрола, со писма по пошта, без притоа ДИК да има можност да го регулира со консензус, не е гарант за безбесност и контрола на слободно изразување волја на граѓаните туку нова можност за изборни манипулации и нерегуларности. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме. Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората, велат од СДСМ за Канал 5.

Од опзициската ДУИ доправа ќе носат одлука, од Левица најавуваат дека утре ќе го соопштат конечниот став по однос на гласањето на дијаспората со писма преку пошта. Од Алијасата на Зијадин Села пак веќе посочија дека предлогот е прифатлив за нив, но бараат освен на претседателски дијапората по пошта да може да гласа и на локалани избори.

За измените на Изборниот законик кој се дел од реформската агенда СДСМ и Левица поднесоа над 13 илјади амандамни во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Собранието има уште десетина дена рок да го донесе новиот Изборен законик, односно до 15 Јули кога и официјално ќе се испрати извештајот за реформскиот напредок на државава до ЕК.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер