Младоженецот Озил и неговата невеста направија гест за почит (ВИДЕО) - Канал 5

Младоженецот Озил и неговата невеста направија гест за почит (ВИДЕО)

Фудбалерот на Арсенал , кој се женеше завчера , а кум му беше турскиот препседател Ердоган , реши заедно со сопругата , Мис на Турција Амине Ѓулсе да се откажат од свадбените подароци.

Младоженецот Озил и неговата невеста направија гест за почит (ВИДЕО)

Свадбата се одржа во Истанбул , каде над 300 гости уживаа во веселбата во луксузен хотел на Босфор.

YouTube video

Иако во Турција е обичај младоженците да се даруваат со скапи подароци и злато , младоженците побараа гостите да вложуваат во фонд за лекување деца.

Many fans have asked me, my close relatives and friends about our wishes for tomorrow's wedding. As a professional footballer I am in a fortunate and privileged position. However, I invite everyone who is willing and able to help to support a very special project close to both of our hearts that we will undertake with @big.shoe11! 🙏🏼 Amine and I will bear the expenses for surgeries of 1000 children in need. I’d be happy if in addition, many more treatments all over the world can be fulfilled. If you would like to help this good cause, please click the link in my bio. I have really taken the team at BigShoe and the passion they treat their young patients with to my heart. BigShoe works alongside German and Swiss Doctors to help children all around the world by providing life changing surgeries. Burns, club feet & clefts are medical conditions that developing countries struggle to treat due to lack of doctors, money and medicine. We have already worked together for surgeries in Brazil (Worldcup 2014), in Africa (2016) and in Russia (2018). Now we want to go the next step and help children worldwide. 🙏🏼❤ #M1Ö @gulseamine

A post shared by Mesut Özil (@m10_official) on

Според медиумите , Озил и неговата сопруга ќе платат за лекување на 1 000 деца низ светот , а својата одлука ја објавија на Инстаграм на неколку дена пред свадбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Пет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Нов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. 

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Откако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5.

Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер