Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта
Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо
1Три значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во Малта
2Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЗабаваМладоженци им испратиле сметка од по 240 долари на гостите што не дошле на свадбата Штотуку венчан брачен пар одлуч да им подели чекови од по 240 долари на сите гости кои не се појавиле на нивната венчавка, а нивниот потег предизвика дискусија.„Ви ја испраќаме оваа фактура затоа што го потврдивте вашето пристигнување на венчавката, а бидејќи не не`известивте дека нема да дојдете, оваа сума е она што ни го должите бидејќи однапред плативме за вашите места. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара. Благодарам. “, напишале сопружниците покрај сметката. I don’t think I’ve ever seen a wedding reception invoice before lol pic.twitter.com/ZAYfGITkxP — philip lewis (@Phil_Lewis_) August 24, 2021 Фотографијата од сметката брзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето на Интернет имаат различни мислења. "Жал ми е што и јас не се сетив на тоа. Јас и мојот сопруг скапо ја плативме храната што подоцна беше фрлена бидејќи гостите не се појавија", напишал корисник. "Не знам зошто е толку тешко да им кажете на младенците дека не доаѓате. Ваквите настани се супер скапи, имајте го тоа на ум", се согласи друг коментатор. "Јас не би го направил ова ако сум на нивно место. Тие веројатно ќе прекинат многу пријателства и ќе ги оттурнат луѓето од себе", протестирал трет. „Не се виновни гостите што младенците одлучиле да направат скапа венчавка“, заклучил четврти. Се испоставило дека се работи за мистериозниот пар Даг Симонс и Дедра Мекги, и тие за The Post раскажале како се одлучиле на овој потег. „Четири пати прашавме:„ Слободен ли си да дојдеш, ќе дојдеш ли? “И тие постојано одговорија„ да “. Моравме да платиме однапред, и тие на крајот не се појавија “, објаснил Даг. Тој додал дека не му е грижа за парите колку што тој и неговата сопруга се чувствувале повредени. "Мислам дека тоа е израз на непочитување кон нас. На крајот, ние дури и нема да земеме пари од никого, но сакавме да им покажеме дека тоа не е во ред", рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Трчаме со срце“ - 290 тркачи, едно срце и една повисока целГрадскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух.На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка. По повод 25 години СОС Детско село, годинешната трка под мотото „Трчаме со срце“ за првпат ги обедини не само компаниите од ИТ-заедницата, туку и индивидуални тркачи. На патеката долга четири километри и во форма на срце трчаа 160 тимски тркачи од 21 ИТ компанија и 130 индивидуални учесници. Но, трката беше многу повеќе од трчање. Од раните утрински часови, Градскиот парк беше исполнет со позитивна енергија, поддршка и насмевки. Тркачите се бодреа едни со други, семејствата и пријателите навиваа, а целата атмосфера потсетуваше дека кога се обединуваме околу добра цел, резултатот е многу поголем од кој било пласман. Посебно место на настанот имаше Детското катче, кое беше исполнето со најмладите посетители. Тие цртаа, твореа и оставаа свои пораки и на тој начин дадоа свој белег на оваа хумана приказна. Големо внимание привлече и донаторското катче „Мече на грижа“, каде што посетителите донираа и добиваа брендирано СОС меченце. Ова катче стана едно од најпосетените места на настанот и уште еден убав пример дека понекогаш и едно мало добро дело може да носи голема порака. Сите кои беа дел од трката имаа своја причина да трчаат, но заедничко им беше тоа што дојдоа со срце. Некои трчаа со своите тимови, некои со своите семејства и пријатели, а сите за една повисока цел – ниту едно дете да не расте само. „Кога ја замислувавме оваа трка во годината во која одбележуваме 25 години, сакавме околу една иста цел да сплотиме што повеќе луѓе. Благодарение на ИТ-компаниите кои повторно застанаа зад нас и на сите индивидуални учесници кои годинава ни се приклучија, на стартот видовме голем број хумани луѓе кои покажаа дека грижата за децата не е само наша мисија, туку нешто околу кое можеме да се обединиме како заедница“, велат од СОС Детско село Македонија. СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity оваа година е дел од низата настани со кои се одбележуваат 25 години СОС Детско село - 25 години посветени на создавање сигурна и поддржувачка средина за децата и младите и на зајакнување на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Преку своите програми, СОС Детско село Македонија досега има поддржано повеќе од 6.090 деца, млади, згрижувачи и семејства. За некого таа поддршка значела сигурна грижа кога не можел да расте со своите родители, за друго семејство - помош да остане заедно, а за млад човек – поддршка на патот кон самостоен живот. И токму затоа, на 19 септември не се трчаше само по патеката во Градскиот парк. Се трчаше за секое дете да има некого покрај себе. Се трчаше за грижа, сигурност и можност за подобра иднина. Се трчаше со срце!Тагови: СОС Детско село Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри значајни медали за Јулијана Петровска од Ѓорче Петров на Европско првенство на Специјална олимпијада во МалтаГрадоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја пречека шампионката Јулијана Петровска, која од Европското првенство на Специјалната олимпијада во Малта се врати со три медали и со уште еден голем спортски успех за Македонија.Јулијана освои сребрен и два бронзени медали, меѓу кои и историскиот бронзен медал во штафетата 4×50 метри. -Нејзиниот успех е резултат на огромниот труд, посветеност, истрајност и љубов кон спортот, но и доказ дека кога постојат волја и силен дух, границите не постојат - рече Стојкоски на средбата со Петровска. Општина Ѓорче Петров, додаде Стојкоски, е горда што меѓу своите жители има спортистка која со своите резултати го промовира Ѓорче Петров и Република Македонија и испраќа силна порака дека спортот е простор во кој сите можат да ги остварат своите соништа и потенцијали.Тагови: Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништоНа Венко Филипче, како главен во талогот на СДС, откако направи низа на криминали му текна да се грижи за работниците и минимална плата. И секако, Филипче како специјализиран за криминал заедно со неговиот учител, Зоран Заев, и партиски другар се противи на се што значи економски раст и економски напредок. Се противи на секаков вид инвестиција, на се што ќе придонесе за реално минималната плата да се зголеми. Но, што знае Филипче за реално покачување на минималната плата. Ништо. Филипче за време на владата на СДС и додека тој беше министер, знаеше само за спроведување на сомнителни тендери во здравството како оној за вакцините, потоа сомнителни проекти за клинички во Скопје, а сакаше и неколку области во здравството да ги приватизира. Дополнително, на негово конто се десеттина илјади починати во корона кризата, 14 пациенти кои живи изгореа во модуларната болница во Тетово. Почитувани, Филипче по сето ова, многу е јасно дека не може реално да расудува, не може да носи реални одлуки. Затоа, на Филипче му останува само да глуми грижа за граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува за грижата за секој еден граѓанин преку помагање на локални проекти, носење на инвестиции, подобрување на економската ситуација. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook