Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотМладите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година Младите во ЕУ домот на своите родители го напуштаат на просечна возраст од 26,2 години. Генерално младите од северот порано го напуштаат домот на родителите, споредено со младите од појужните држави. Најдолго во домот на родителите остануваат младите во Црна Гора, во просек до својата 33,3 година, а најрано го напуштаат младите во Финска во просек на 21,4 години. Македонците во просек остануваат да живеат со своите родители до својата 32,1 година. Во 2024 година младите на ниво на ЕУ во просек го напуштиле домот на своите родители на 26,2 години, што е благо намалување во споредба со 26,3 години во претходната 2023, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени во септември годинава. Најдолго во просек во домот на родителите остануваат младите во Хрватка – до 31,1 години, потоа следат Словачка(30,9), Грција (30,7), Италија (30,1) и Шпанија (30,0). Спротивно на тоа, најрано го напуштаат домот на родителите младите во Финска, во просек на 21,4 години, по што следат Данска (21,7) и Шведска (21,9). Податоците на Евростат покажуваат дека од 2002 година, оваа просечна возраст благо флуктуира помеѓу најниска од 26,1 година во 2019 година и највисока од 26,8 години во 2006 година. Последните достапни податоци за Македонија се од 2023 година, кога според анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат, младите во Македонија (32,1) и во Црна Гора (33,3) најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители. Според анализата во Јужна Европа и на Балканот, повеќе од половина од луѓето на возраст од 20-25 години живеат со своите родители, додека во Северна Европа, пак, овој процент е под 20 отсто, па дури и под 10 проценти. Во време кога трошоците за домување се предмет на постојана јавна дебата, податоците на Евростат покажуваат дека младите луѓе се малку повеќе погодени од трошоците за домување. Во 2024 година, 9,7% од младите луѓе (на возраст од 15-29 години) во ЕУ живееле во домаќинства кои трошеле 40% или повеќе од нивниот расположлив приход за домување (стапка на преоптовареност со трошоци за домување), додека истиот процент за вкупното население бил 8,2%. Во 2024 година, меѓу земјите од ЕУ, имало значителни разлики во оваа стапка. Грција (30,3%) и Данска (28,9%) регистрирале највисоки стапки на преоптовареност со трошоци за домување, далеку над оние во Холандија (15,3%), Германија (14,8%) и Шведска (13,5%). Од друга страна, Хрватска (2,1%), Кипар (2,8%) и Словенија (3,0%) имале најниски стапки на преоптовареност со трошоци за домување. Во 16 земји од ЕУ, стапката на преоптовареност со трошоци за домување била повисока кај луѓето на возраст од 15-29 години отколку кај вкупното население. Најголемата разлика помеѓу овие 2 групи е 14,3 процентни поени (п.п.) во Данска, по што следуваше Холандија со 8,4 процентни поени. Тагови: млади луѓе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВлада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 процентиСогласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата. Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година. Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.Тагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветШкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина. Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство. По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето. Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска. Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Тагови: референдум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
Свет115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактотВкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“. Kapal Virgo Transport 8 rute Surabaya-Banjarmasin dilaporkan hilang kontak di perairan Laut Jawa, Kalimantan Selatan, Minggu (13/9/2026) dini hari. Berdasarkan laporan awal Kantor Pencarian dan Pertolongan atau SAR Banjarmasin, kapal tersebut membawa 240 orang. Kapal diketahui… pic.twitter.com/sCB7cBtS5V — Radio Suara Surabaya (@e100ss) September 13, 2026 Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот. BREAKING: At least 125 people are missing after the passenger ship Virgo Transport 8 lost contact in the Java Sea near South Kalimantan, Indonesia. Authorities have rescued 115 people, while 1 person has been confirmed dead. Search and rescue operations are ongoing. pic.twitter.com/urIUSJQ0e7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 13, 2026 Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook