Младите од Крива Паланка на собир палеа свеќи во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани - Канал 5

Младите од Крива Паланка на собир палеа свеќи во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Неколку стотини млади луѓе, средношколци и граѓани на Крива Паланка вечерва во име на жртвите во Кочани се собраа тргнувајќи од градскиот парк, низ главната улица во градот, сѐ до зградата на општината .

Младите од Крива Паланка на собир палеа свеќи во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Неколку стотини млади луѓе, средношколци и граѓани на Крива Паланка вечерва во име на жртвите во Кочани се собраа тргнувајќи од градскиот парк, низ главната улица во градот, сѐ до зградата на општината на плоштадот „Карпошово востание“ каде што од вчера со палење свеќи на иницијатива на Советот на младите, се оддава почит на жртвите од трагедијата во Кочани.

Собирот се организираше на иницијатива на групата млади луѓе, средношколци од градот, кои вчера попладне во знак на сочувство со семејствата на загинатите и нивните најблиски, формираа група на социјалните мрежи „Вчера тие - утре ние“ која, како што велат, наиде на поддршка од страна на голем број нивни врсници, но и останати граѓани.

Пред општината со шеснаесет минутен молк симболично, во знак на кобниот датум на пожарот, присутните на собирот им оддадоа почит на жртвите од трагедијата, по што запалија свеќи и се помолија за повредените, сместени на скопските клиники и во здравствените установи ширум Европа, со молитва за нивно побрзо закрепнување.

Младите иницијатори потенцираа дека само гласно го искажуваат револтот против несовесните и стравот од неизвесноста за нивната иднина.

Велат, навистина ни е страв, и ние одиме во разни локали за кои не знаеме дали се целосно безбедни и сигурни.

Порачувајќи дека ќе бидат во тек со случувањата и активностите на нивните врсници ширум државата, мирно се разотидоа.

На собирот беше видно присуството и на повозрасни граѓани кои не можеа да ја скријат тагата од несреќата што ја завитка во црно целата држава.

Предлогот за гувернер на НБРМ се уште не е доставен до Собранието

До Собранието сеуште не е пристигнат предлог за нов гувернер рече денеска собранискиот спикер Африм Гаши на брифингот со новинарите. 

Предлогот за гувернер на НБРМ се уште не е доставен до Собранието

Но, како што појасни станува збор за одлука која може веднаш да се изгласа, па оттука доколку пристигне на почетокот на идната недела точката ќе може веднаш да биде ставена на дневен ред, со што би се запазиле роковите.

„Се работи за одлука која може веднаш да се изгласа, значи ако дојде до 20ти – 19ти можеме таа одлука седницата да ја надополниме со таа точка....Се уште немаме најава и предлог. Штом ќе имаме прво ќе бидете известени а потоа ќе пристапиме и кон одлука во пленумот...“- изјави Африм Гаши – претседател на Собарние.

Имиња официјално и натаму не се откриваат но во јавноста за иден гуверен се споменуваат актуеланата Анита Ангеловска Бежоска, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, неговиот претходник и актуелен претседател на Советот на град Скопје Трајко Славески, понарешанта вицегувернерка Маја Кадиевска Војновиќ, и универзитетскиот професор Борче Треновски. На што денеска преку соопштение реагираа од опозициската ДУИ. Велат во потесниот круг каде се четвроица кандидати, нема ниту еден Албанец, што според нив, не го одразувало мултиетничкиот карактер на државата.

„Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на Претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство требаше да обезбедат барем учество во потесниот избор на еден од врвните економски експерти – Албанци кои ги има оваа земја.“ , се вели во партиското соопштение.

7 годишниот мандат на актуелната истекува на 22 ти мај, според најавите за нов гувернер ќе се гласа во вторник идната недела. Вчера премиерот Мицкоски рече дека сите кандидати кои се разгледуваат се вонсериски искусни и дека е убеден дека кој и да седне на столчето во НБРМ ќе ја оддржи макроекономската стабилност.

Во случај да не се запазат роковите, од Народната банка велат, согласно законот, гувернерот и по истекот на мандатот до именување на нов ги има истите овластувања, па оттука нема простор за загриженост дека би се довела во прашање работењето на институцијата.

YouTube video

Наместо во судница, пресудата за неговата прегазена сопруга тврди дека ја слушнал во лифт

Александар Цветковски, чија сопруга беше смртно прегазена пред две години, за Канал 5 вели дека се уште е шокиран од односот на судијката Цветанка Никодиновска.

Наместо во судница, пресудата за неговата прегазена сопруга тврди дека ја слушнал во лифт

Наместо во судница, судската одлука ја слушнал во лифт.. Александар Цветковски, чија сопруга беше смртно прегазена пред две години, за Канал 5 вели дека се уште е шокиран од односот на судијката Цветанка Никодиновска која случајно ја сретнал во лифтот во основниот суд во Битола, каде и му кажала, дека сторителот Димитар Петковски добил 9 години затвор за случајот. Вели дека е разочаран од односот на една таква институција и очекува поголема сериозност од Апелација.

-На прашањето во лифтот за каде сте, јас реков на 4ти, за кај вас, и таа ме погледна и рече, а да за кај мене, ме погледна и рече девет години, тоа е. Викам, како девет години? Девет години, толку е затвор осуде. Викам не ве разбирам. Викам, не ве разбирам. Тоа е тоа, нема што тоа е. И реков, ние идеме денеска, зедовме ден од работа за соопштување на одлуката. Нема соопштување, нема потреба никој да иде еве сега јас ви соопштувам. Јас бев во голем шок. Пред да излеземе од лифтот и кажав на судиката, дека подобар момент и подобро време за соопштување на таква одлука отколку во лифт не сте можеле да одберете.-Александар Цветковски – Сопруг.

Од Основниот суд во Битола пак велат дека на закажаното рочиште за објава на пресудата биле присутни од семејството на загината, на кои им било усно соопштена пресудата.

-На закажаното рочиште за објава, на ден 14.05.2025 година во 13 часот на објавувањето не беа присутни странките на постапката, беа присутни само од семејството на оштетената (покојната) и нив им беше усно јавно објавена пресудата,- Татјана Петровска – Претседател основен суд Битола.

Цветковски вели дека како семејство се незадоволни и од висината на казната поради отежнителните околоности и за тоа ќе се жалат до повисокиот суд. Како што кажа, Петковски, кој ја прегазил неговата сопруга, надвор од коловозна лента, избегал од местото и не и понудил помош. Вината како што кажа се обидел да ја преземе неговиот татко, за сепак по 24 часа, Петковски кој е сообраќаен полицаец да оди да се пријави, но било доцна за алко-тест по еден изминат ден.

YouTube video

Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Турција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 15 мај 2025 година, во 14:46 часот, во централна Турција, во близина на главниот град Анкара.

Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Турција

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 39.153 и географска должина 33.218.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби на Турција ја следат состојбата.

На платформата на EMSC, сведоци пријавија дека силен земјотрес бил почувствуван во главниот град Анкара, кој наводно траел помеѓу седум и 10 секунди.

притисни ентер