Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
ЖивотМладите место не ги држи: Каде сакаат да живеат и работат во ЕУ?Што ги тера младите да се спакуваат и да си заминат од родната земја? Според статистичките податоци на Евростат од 2023 г., 14,2 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години се родени вон земјата во којашто моментално живеат, а 11,9 отсто живеат во друга земја од таа чиешто државјанство го имаат. Ситуацијата е слична насекаде – економските тешкотии и негледањето можности се едни од клучните причини што младите се иселуваат. Ова важи и за граѓаните на ЕУ и за граѓаните на земји што не се членки на ЕУ. Но, за вториве, преселбата носи и ризици. Одлив на мозоци Португалскиот социолог Руи Пена Пирес, на пример, вели дека мигрирањето на младите и иселувањето на стручните кадри од неговата земја е предизвикано од ниските плати и станбената криза. Во едно неодамнешно интервју за новинската агенција Луса, научниот директор на Опсерваторијата за емиграција рече дека „разликата во платите и професионалните можности“ се главната движечка сила зад португалската емиграција, особено меѓу помладите. Според португалските податоци, околу 30 отсто од луѓето меѓу 15 и 39 години емигрираат. - Им даваме многу ниски плати во споредба со најразвиените земји во Европската Унија. Би било сосема нелогично да нема емиграција, со оглед на слободата на движење и ваквата разлика во платите, вели Пирес. Слично, во Словенија, младите велат дека недостигот на станови, неизвесните економски околности, ниските плати и немањето професионални можности се главните причини за нивното незадоволство – иако често го фалат квалитетот на животот во нивната родна земја. Вкупните бројки се мали, па сепак значајни за земја со само 2,1 милиони жители: во 2023 г., околу 1500 Словенци на возраст од 15 до 29 години ја напуштиле земјата. И во соседна Италија младите размислуваат за иднина во странство. Повеќе од 300 000 Италијанци што се иселиле во странство во последните десет години имале од 25 до 34 години, според Државниот завод за статистика на Италија. Како оправданија за својата одлука ги набројале ниските плати, несоодветноста на огласите за работни места со нивните квалификации и неквалитетните јавни услуги. Процентот на дипломирани студенти што се меѓу овие млади луѓе постојано се зголемува. „Не е нормално што нашата земја не се прашува зошто е ова вака и што не го спречува ова крвавење“, разочарано вели Ренато Брунета, претседател на Националниот совет за економија и труд, за време на презентацијата на еден извештај на темава. Врз основа на податоци од десет земји – главно европски – во извештајот се проценува дека за секој млад странец што се доселува во Италија, си заминуваат речиси девет млади Италијанци. Стапката на невработеност кај младите изнесува 19,2 отсто, заклучно со ноември 2024 г., што е над просекот на ЕУ за помлади од 25 години (15,3 отсто). Во Бугарија, 8-10 отсто од тие што си заминуваат по средношколските години студираат во странство, а повеќето од нив одат во земјите на ЕУ како Холандија, Белгија, Италија и Шпанија – но државата може да се пофали и со околу 10 отсто удел на странски студенти, кои ги привлекува со релативно ниските школарини и трошоци за живот. Побрзиот економски раст – барем во споредба со просекот на ЕУ – може да помогне да се запре овој тренд. Макар што во Хрватска дојде до голем одлив на населението по нејзиното приклучување кон ЕУ во 2013 г., иселувањето се намали во последните години. Сепак, од 373 935 луѓе што емигрирале од Хрватска од 2014 до 2023 г., според хрватскиот Државен завод за статистика, најголемата група била на возраст од 20 до 39 години. Меѓу економистите владее консензус дека емиграцијата е тесно поврзана со нивото на развиеност на земјата. Затоа што е сосема природно за луѓето, особено младите, да се потрудат да си ги остварат соништата и амбициите така што ќе заминат во поразвиени земји. Според хрватскиот економист Велимир Шоње, ова најдобро го покажуваат два примера, тие на Ирска и Полска, кои порано беа емигрантски земји, но по успешниот економски раст станаа земји во кои повеќе луѓе доаѓаат отколку што си одат. Според некои аналитичари, вели Шоње, трендот почнува да се менува кога земјата ќе достигне околу 80 отсто од просечниот економски развој на ЕУ. Хрватска е веќе блиску до тоа ниво, со некаде околу 78 отсто од европскиот просек. Земјата-кандидат за членство во ЕУ Северна Македонија ја губи битката против одливот на стручен кадар. Податоците на Евростат навестуваат дека најмалку 200 000 луѓе, или речиси 10 отсто од вкупното население на Северна Македонија, се имаат иселено во други земји во Европа во последните две децении. Според Меѓународниот монетарен фонд, земјите во кои се упатуваат граѓаните на Северна Македонија првенствено се западните земји на ЕУ: Германија, Италија и Австрија, како и Швајцарија, која не е членка на ЕУ. Но и во земјите-членки на ЕУ поблиску до Македонија, како Словенија, Хрватска и Бугарија, се забележува пораст на доселеници од Македонија во последниве години. Емиграцијата е причинителот на растечкиот недостиг од висококвалификувани луѓе во секторите како што се факултетските професори и научници. Според Светскиот економски форум, Македонија држи едно од највисоките нивоа на одлив на стручен кадар во светот. Младите се разочарани од нивото на корупција во државата како и од немањето можности и од бесперспективноста. Во Босна и Херцеговина, 2777 лица официјално го одјавиле своето живеалиште во 2023 г. за да се иселат во странство, а Германија, Австрија, Словенија и Хрватска им биле најчестите дестинации, според официјалните податоци. Иако бројкиве не го одразуваат вкупниот број на емигранти, го потврдуваат трендот што ги загрижува и политичарите и експертите. Покрај тоа, едно истражување на Фондот за население на Обединетите нации покажува дека речиси четвртина од младите луѓе во Босна и Херцеговина сериозно размислуваат да ја напуштат земјата засекогаш, а 23 отсто размислуваат за привремена емиграција. Главните причини се неможноста да се вработат, ниските плати, неизвесната иднина, корупцијата и политичката нестабилност. Експертите предупредуваат дека се потребни итни мерки за да се создадат подобри услови за младите да останат, оти трендов влијае на демографскиот и економскиот потенцијал на земјата. Една клучна иницијатива во поглед на ова е Младинската гаранција, програмата на Европската Унија што им дава на младите под 30 години можности за вработување, образование, практикантска работа или стажирање во првите четири месеци откако ќе го завршат образованието или ќе останат без работа. Меѓутоа, експертите нагласуваат дека, освен ваквите иницијативи, потребни се и пошироки реформи во образованието, економијата и пазарот на труд за да се воспостават долгорочно одржливи услови за младите да може да останат и да се спречи натамошен пад на населението. Ерата на Еразмус Самата ЕУ е главен двигател во поттикнувањето на младите да патуваат. Најпозната е програмата Еразмус+, основана во 1987 г. како програма за размена на студенти во високото образование. Оттогаш, според програмската статистика, во неа учествувале околу 16 милиони луѓе. По основањето, програмата го прошири и опфатот, вклучувајќи и приправници, младински работници или спортски тренери. Во периодот 2021-2027 г., на Еразмус+ ѝ беа доделени околу 26,2 милијарди евра. Не сите се добредојдени Па сепак, доселувањето во ЕУ не им помага секогаш на граѓаните од земји што не се членки на ЕУ да си го подобрат животот. Со 47,2 отсто, младите од земји што не се членки на ЕУ во 2023 г. имале двојно поголем ризик од сиромаштија или општествена отфрленост отколку младите државјани во сопствените земји (21,8 отсто), според податоците на Еуростат. Покрај тоа, стапката на нивната невработеност била 15,1 отсто во 27-те земји-членки, во споредба со 10,9 отсто невработени млади граѓани на ЕУ. Додека миграцијата останува горлива тема во целиот блок, младите мигранти – дури и добро образованите – често се соочуваат со расизам и одбивање, што им ги зголемува ризиците. На пример, францускиот премиер Франсоа Бајру го критикуваа дури и неговите сојузници откако неделава рече дека имигрантите сè повеќе ја „преплавувале“ Франција. „Придонесот на странците е позитивен за нацијата, сè додека остане пропорционален“, рече Бајру за информативниот канал Ел-се-и. „Но, штом ќе се почувстувате преплавени, како веќе да не си ја препознавате сопствената земја, начинот на живот и културата, доаѓа до одбивност.“ Во Франција, значаен фактор во доселувањето на младите од земји вон ЕУ се доселениците од Африка, од кои многумина се обидуваат да избегаат од локалната невработеност. Тунис, под француска власт до 1950-тите, е типичен пример: едно истражување објавено од Арапскиот барометар во август покажа дека 70 отсто од Тунижаните на возраст од 18 до 29 години сакаат да емигрираат. Официјалните податоци покажуваат дека 41 отсто од младите Тунижани се невработени – и покрај тоа што 23 отсто од нив имаат факултетски дипломи. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44